Connect with us

свет

Распродадени летовите од Москва откако Путин нареди делумна мобилизација

објавено

на

Директните летови од Москва за Истанбул во Турција и Ереван во Ерменија, дестинации каде што Русите може да патуваат без виза, веќе се распродадени.

Рускиот претседател Владимир Путин рано утрово ѝ се обрати на нацијата и рече дека Западот сака да ја уништи Русија, и дека во моментов клучниот предизвик е одбрана на Русија и териториите на Донбас. Нареди делумна мобилизација што опфаќа 300 илјади резервисти и  којашто почнува денеска.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека повикот ќе биде ограничен на оние со воено искуство и дека студентите и оние што само отслужиле воен рок нема да бидат повикани.

Веднаш по овие објави утрово, почнаа забрзано да се продаваат картите за авионските летови од Русија, односно, податоците на Google Trends покажуваат голем скок во пребарувањата кај Aviasales, најпопуларната руска веб страница за купување авионски карти. Според податоци од оваа платформа, директните летови од Москва за Истанбул во Турција и Ереван во Ерменија, дестинации каде што Русите може да патуваат без виза, веќе се распродадени.

Некои линии со трансфер, вклучително и оние од Москва до Тбилиси, Грузија, исто така не се повеќе достапни, додека најевтините летови од руската метропола до Дубаи чинат повеќе од 300.000 рубљи (околу 5.000 евра), што е неколкумесечна просечна плата во Русија.

Портпаролот на Кремљ одби да одговори на прашањата околу евентуалното затворање на руските граници за да се спречи бегство на воено способните лица откако е објавена делумната мобилизација за потребите на војната во Украина.

Украина тврди дека досега се убиени преку 55.000 руски војници, односно дека само во последните 24 часа загинале повеќе од 300, додека официјална Москва признава дека досега во војната загубиле помалку од 6.000 војници.

македонија15 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност