Connect with us

македонија

Како работат домашните инвестициски фондови годинава: растот на светските берзи ги живна акциските, паричните во минус

Како работеа македонските инвестициски фондови во првиот квартал

објавено

на

Нето вредноста на сите домашни инвестициски фондови во првиот квартал од 2023 пораснала за речиси 7% во однос на последните три месеци од лани, на без малку 192 милиони евра. На годишно ниво тој пораст е 2,35%. Предничат акциските фондови со квартален пораст од 11% и годишен пораст од 19% на вредноста на нивните портфолија на акции на светските берзи во коишто вложиле.

Во првиот квартал од 2023 година во Македонија  работеле  вкупно 5 друштва за управување со инвестициски фондови кои управуваат со 22 отворени инвестициски фондови.  Во однос на четвртиот квартал од 2022 година, бројот на друштва за управување со инвестициски фондови остана ист, додека пак бројот на отворени инвестициски фондови со кои тие управуваат се зголеми за двa отворени инвестициски фондови. Имено, во овој прв квартал од годината, по претходно добиено одобрение од страна на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), ДУОЗИФ Иново Статус АД Скопје започна да управува со нов отворен инвестициски фонд Иново Статус Солар кој е акциски фонд со инвестициска тема чиста енергија – обновливи извори и кој е наменет за институционални и за индивидуални инвеститори кои ќе бидат изложени на умерено до високо ниво на ризик.

Нето вредноста на средствата на инвестициските фондови со кои управуваа друштвата на крајот на првиот квартал од 2023 година изнесува 11,787.89 милиони денари (околу 192 милиони евра), што во однос на нето вредноста на крајот од претходниот квартал која изнесувала 11,047.05 милиони денари претставува зголемување за 6.71%. Споредбено со првиот квартал од 2022 година кога нето вредноста на средствата на инвестициските фондови изнесувала 11,517.43 милиони денари исто така се забележува зголемување од 2.35%, покажува анализата на КХВ.

Во првиот квартал од 2023 година зголемувањето на вкупната нето вредност на средствата под управување на инвестициските фондови во однос на последниот квартал од 2022 година изнесува 740.83 милиони денари (≈ 12.01 милиони евра). Како што може да се забележи на сликата погоре, само во месец март 2023 година има месечно намалување на вкупната нето вредност на средствата на инвестициските фондови за 1.17%, додека во јануари и февруари има позитивна промена на вкупната нето вредност, и тоа: во месец јануари вкупната нето вредност се зголемила за 5.03%, а во месец февруари за 2.80%. Споредено со крајот на првиот квартал во 2022 година, на крајот на првиот квартал во 2023 година имаме годишно зголемување од 270.45 милиони денари (≈ 4.38 милиони евра) на вкупната нето вредност на средствата на инвестициските фондови.

Речиси сите друштва имаат пораст на вредноста на фондовите

Гледано од аспект на поединечните друштва за управување со инвестициски фондови, квартален пораст на нето вредноста на фондовите со кои управуваат е забележан кај друштвата ДУОЗИФ Вега Фондови АД Скопје (40.42%), ДУОЗИФ Генерали Инвестментс АД Скопје (12.09%), ДУОЗИФ ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје (11.93%) и ДУОЗИФ Иново Статус АД Скопје (10.10%). Само кај ДУОЗИФ КБ Публикум Инвест АД Скопје се забележува квартален пад од 1.05% на нето вредноста на фондовите со кои управува.

На годишно ниво, споредбено со првиот квартал во 2022 година, забележан е пораст на нето вредноста на фондовите со кои управуваат ДУОЗИФ Вега Фондови АД Скопје (896.65%), ДУОЗИФ ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје (22.64%), ДУОЗИФ Иново Статус АД Скопје (10.80%) и ДУОЗИФ Генерали инвестментс АД Скопје (2.04%). Само кај друштвото ДУОЗИФ КБ Публикум инвест АД Скопје се забележува годишен пад од 14.62% на нето вредноста на фондовите со кои управува.

Во анализата на КХВ  е претставено процентуалното учество на секое од друштвата, односно на отворените инвестициски фондови со кои тие управуваат, во вкупната вредност на сите отворени инвестициски фондови во првиот квартал од 2023 година со состојба на последниот ден од секој месец од кварталот, како и процентуалното учество на крајот на првиот и четвртиот квартал од 2022 година. Притоа, може да се забележи дека друштвата во текот на првиот квартал од 2023 година, со минимални отстапки, го задржуваат истото учество во вкупната нето вредност на сите отворени фондови

На крајот од првиот квартал од 2023 година, со најголем процент од нето вредноста на отворените инвестициски фондови продолжува да управува ДУОЗИФ КБ Публикум инвест АД Скопје, и покрај тоа што на годишно ниво неговото учество во вкупната нето вредност на сите фондови има тенденција на намалување.

Имено, на крајот на првиот квартал од 2022 година неговото учество изнесувало 48.25%, за да на крајот од првиот квартал во 2023 тоа учество се намалува и изнесува 40.26%. На годишно ниво, ДУОЗИФ ВФП Фонд Менаџмент го зголемило своето учество, односно на крајот од првиот квартал од 2022 година учеството изнесува 32.20%, за да на крајот од првиот квартал од 2023 година тоа учество се зголеми на 38.59%. ДУОЗИФ Вега Фондови, кои почнаа да управуваат со инвестициски фондови во првиот квартал на 2022 година, имаат учество од 1.81% во вкупната нето вредност на крајот од првиот квартал од 2023 година. Најмало учество во вкупната нето вредноста на сите фондови на крајот од првиот квартал на 2023 година продолжува да има друштвото ДУОЗИФ Иново Статус АД Скопје (0.60%).

Лош почеток на годината за кеш фондовите

Анализирано по индивидуални инвестициски фондови, најголем квартален пораст имаат отворените фондови со кои управува ДУОЗИФ Вега Фондови АД Скопје, и тоа: Вега Технологија (82.46%), Вега Свет (46.81%), Вега Кеш (38.24%) и Вега Финансии (33.07%). Врз основа на фактот што овие отворени фондови започнаа со работа на почетокот на вториот квартал на 2022 година, тие имаат и најголем процент на промена на нето вредноста на годишно ниво кој се движи во распон од 1,385.82% до 858.57%, по што следуваат Генерали Америка со пораст од 199.89% и Генерали Брик од 103.29%.

Единствено фондовите ВФП Кеш Депозит и КБ Публикум – Паричен имаат негативна квартална промена на својата нето вредност од 14.66% и 5.34% соодветно, додека пак најголема годишна негативна промена на својата нето вредност има фондот КБ Публикум – Паричен (21.81%), по што следат КБ Публикум – Балансиран (13.15%), ВФП Кеш Депозит (12.51%) и КБ Публикум – МБИ10 (9.48%). Поради фактот што отворените фондови Граве Флекс Бонд Евро и Иново Статус Солар започнаа со работа во овој квартал од 2023 година, нивната квартална и годишна разлика во графиконот подолу е 100%.

И во првиот квартал од 2023 година, акциските отворени фондови ја задржуваат доминантната позиција, при што се забележува позитивна промена на нето вредноста на овие акциски фондови на квартално и на годишно ниво од 7.47% и 13.83% соодветно.

Се зголемува и учеството на акциските отворени фондови во вкупната нето вредност на сите фондови, при што на крајот од првиот квартал на 2022 година тоа учество изнесува 47.62% од вкупната нето вредност, на крајот од 2022 година тој изнесува 52.58%, за да на крајот од првиот квартал на 2023 година тој достигне 52.96%.

Во првиот квартал од 2023 година, кај отворените парични фондови забележан е квартален пад на нивната нето вредност на средствата од 0.21% и годишен пад од 14.36%, додека пак кај отворените обврзнички фондови квартален раст на нивната нето вредност на средствата од 68.51% и годишен раст од 66.16%.

Финансии, здравство и ИТ најпривлечни сектори

Споредбено со првиот квартал од 2022 година, забележителна е тенденција на годишно намалување на учеството на отворените парични фондови во вкупната нето вредност на сите фондови, при што пред година дена на крај од првиот квартал на 2022 година тоа учество изнесува 48.30% од вкупната нето вредност, на крајот на 2022 година изнесува 43.22%, за да на крајот од првиот квартал од 2023 година падне на 40.42%. Кај отворените обврзнички фондови е забележана тенденција на годишно зголемување на учеството во вкупната нето вредност на сите фондови, при што пред година дена на крај од првиот квартал на 2022 година тоа учество изнесува 4.08% од вкупната нето вредност, на крајот на 2022 година изнесува 4.19%, за да на крајот од првиот квартал од 2023 година порасне на 6.62%

Имајќи ги предвид флуктуациите на светските пазари на капитал, каде се инвестирани најголемиот дел од средствата на акциските фондови, КХВ дава  преглед на вредноста на портфолијата на акциските фондови во првиот квартал од 2023 година, со состојба на крајот од секој месец, како и преглед на вредноста на крајот од првиот и четвртиот квартал од 2022 година.

На квартално ниво, акциските фондови имаат зголемување на вредноста на портфолијата за 11,07%, додека на годишно ниво за 18,95%, што се должи на растот на европскитe, американските и азиските берзи од почетокот на годинава.

Набљудувано по структура на дејности, највисоко учество на вложени средства на крајот на првиот квартал од 2023 година е забележано во три клучни сектори: финансиски услуги (18.44%), здравство (16.57%) и информатичка технологија (13.98%). Средствата вложени во овие три сектори на крајот од првиот квартал од 2023 година изнесува вкупно 2,680.26 милиони денари, што преставува зголемување за 16.82% од истиот период во 2022 година кога средствата вложени во овие три сектори изнесуваа 2,294.42 милиони денари. За споредба, највисоко учество на вложени средства на крајот на четвртиот квартал од 2022 година повторно е забележано во истите сектори, и тоа: финансиски услуги (19,40%), здравство (17,31%) и информатичка технологија (11,96%), како и на крајот од првиот квартал од 2022 година: финансиски услуги (20,63%), здравство (15,98%) и информатичка технологија (13,28%).

Ако ги гледаме  промените на вложувања по структура на дејност може да се забележи дека најголем годишен пораст на вложувања има во секторот Комуникациски технологии, и тоа од 52.90%, по што следат секторите Дискрециона (не-есенцијална) потрошувачка (31.89%) и Индустрија (29.91%), додека пак најголем годишен пад е забележан кај секторот Комунални услуги (utilities) (32.14%).

На квартално ниво, најголем пораст на вложувањата има во секторот Информатичка технологија (29.91%), по што следат секторите Дискрециона (не-есенцијална) потрошувачка (27.57%) и Комуникациски технологии (21.96%). Квартален пад е забележан само кај секторите Комунални услуги (Utilities) (32.14%) и Недвижности (5.81%).

Повеќе од половина од парите вложени на домашен пазар

Од аспект на географската структура на вложувањата на инвестициските фондови, во континуитет доминираат вложувањата во Македонија, кои на крајот на извештајниот период изнесуваат 6,578.16 милиони денари, што претставува учество од 55.12%. Споредбено со крајот на првиот квартал од 2022 година, вложувањето во земјава се намалило за 10.76% (793.27 милиони денари). Во земјите кои припаѓаат на територија на Европа, инвестициските фондови на крајот од истиот период вложиле 26.55% од вкупно собраните средства (3,168.75 милиони денари). Помал дел од вложувањата се насочени кон САД (14%), односно 1,670.43 милиони денари, додека средствата вложени во останатите региони имаат незначително учество во вложувањата на инвестициските фондови од географски аспект.

Релативно ниската променливост на географската структура на вложувањата претставува директна рефлексија на вложувањата на фондовите во депозити кои согласно законот може да бидат пласирани само во македонски банки.

Во текот на првиот квартал од 2022 година, во инвестициските фондови се уплатени вкупно 5.111,96 милиони денари, а се одлеани 4.839,06 милиони денари, креирајќи позитивна нето разлика од 272,90 милиони денари, односно ≈4,44 милиони евра. Добрата нето разлика помеѓу приливите и одливите на средствата во месец јануари и март е доволна да го неутрализира малиот негативен нето прилив.

Во текот на првиот квартал од 2023 година, во инвестициските фондови се уплатени вкупно 3,483.86 милиони денари, а се одлеани 3.135,41 милиони денари, креирајќи позитивна нето разлика од 348.45 милиони денари, односно ≈ 5.65 милиони евра. Позитивните нето разлики на приливите и одливите во месец јануари и февруари се доволни да го неутрализираат негативен нето прилив од месец март и да креираат позитивен нето прилив на квартално ниво. За споредба, во четвртиот квартал од 2022 година имаше исто така позитивна нето разлика од 246,42 милиони денари, односно ≈ 4 милиони евра.

Најголем процент од приливите во првиот квартал се од домашните финансиски институции кои не се банки (43.22%), по што следуваат приливите од домашните нефинансиски правни лица (24.95%) и домашните банки (18.66%). Приливите од странските физички лица изнесуваат 0.06% од вкупно приливите во овој квартал. Исто и во четвртиот квартал од 2022 година, најголем процент од приливите (37.53%) биле од домашните финансиски институции кои не се банки.

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки24 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас