Connect with us

економија

Растот умерен од 2,4%, инфлацијата и понатаму висока, 9,1%

Светска банка со најнова прогноза за македонската економија

објавено

на

Во споредба со другите земји од Западен Балкан (Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина), Македонија и годинава е меѓу земјите со најнизок раст, а за жал, и во наредните две години нема многу да се одлепи, што значи дека во однос на растот го губи чекорот и регионално, но исто така е значајно под потенцијалите на домашната економија која се проценува дека може да продуцира раст од околу 4,5 отсто.

Растот на македонската економија годинава ќе изнесува 2,4 отсто, за 0,3 процентни поени помалку од есенската прогноза, се вели во најновиот извештај на Светска банка за Западен Балкан, насловен „Тестирање на отпорноста“, што беше презентиран деновиве во Скопје. Ова е сепак пооптимистичко сценарио од она на Меѓународниот монетарен фонд за раст на БДП во нашата земја од само 1,4 отсто, што беше презентирано неодамна. Во однос на инфлацијата и двете институции се на иста линија – таа годинава ќе остане висока, и ќе изнесува 9,1 отсто (според ММФ 9,2 отсто).

Генерално, основната порака на Светска банка е дека Македонија треба да посвети поголемо внимание на реформите, а политиките да се фокусираат на обновување на одржливоста и на отпорноста на шоковите за да се спречат идни уназадувања на растот.

Неопходно е подобрување на даночната дисциплина и проширување на даночната основа, како и целно повеќе насочено  користење на буџетските средства за поддршка на граѓаните и компаниите, односно нивно насочување кон оние на кои помошта им е навистина неопходна.

Во споредба со другите земји од Западен Балкан (Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина), Македонија и годинава е меѓу земјите со најнизок раст, а за жал, и во наредните две години нема многу да се одлепи, што значи дека во однос на растот го губи чекорот и регионално, но исто така е значајно под потенцијалите на домашната економија која се проценува дека може да продуцира раст од околу 4,5 отсто.

Умерен раст на Западен Балкан

Инаку, проекциите за земјите од Западниот Балкан и натаму упатуваат на умерен раст на БДП во 2023 година во регионот, кој се очекува да достигне 2,6 проценти, главно поттикнат од приватната потрошувачка и извозот, а во некои земји и од јавните инвестиции, се вели во извештајот.

„Високофреквентните показатели укажуваат на понатамошно забавување на растот во првото тримесечје од 2023 година. Индустриското производство се намали за 2,3 отсто во јануари 2023 година, но повисокото производство на енергија и рударство го ублажи намалувањето предизвикано од падот  кај преработувачката индустрија“, се вели во извештајот. Притоа се додава дека трговијата на мало забележа зголемување за 3,6 отсто, но се намали за 13,6 отсто во споредба  со претходниот месец.  Закрепнување е регистрирано кај туризмот, иако според бројот на туристи и ноќевања уште сме под нивото пред пандемијата.“

Светска банка посочува дека минатата година инфлацијата се искачи на највисоко ниво во последните две децении во сите земји од Западен Балкан, а ценовните притисоци останаа високи и на почетокот од 2023 година.

„Под влијание на зголемувањето на цените на храната и на енергијата, сега инфлацијата покажува знаци на забавување, додека надворешните двигатели ослабуваат поради забавениот светски раст. Меѓутоа, инфлациските притисоци продолжуваат и бараат понатамошни мерки од страна на монетарната политика“, посочи Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист во Светска банка и главна авторка на извештајот.

Темпото на нови вработувања ја губи силата

Таа додава дека повисоките цени особено тешко ги погодија домаќинствата со ниски приходи, а тоа, заедно со послабиот економски раст резултираше со многу побавно темпо на намалувањето на сиромаштијата, и покрај одредените придобивки од програмите на владите за ублажување на енергетската криза. Можните ограничувања во претстојниот период ги опфаќаат пониската надворешна побарувачка, која би можела да има негативно влијание врз приходите од извозот и да ги ограничи дознаките, како и намалениот фискален простор, кој и понатаму ја ограничува поддршката што може да им се даде на домаќинствата.

„Најсиромашните домаќинства трошат многу поголем дел од своите приходи на енергија и на храна, две ставки во потрошувачката кошничка со најголемо зголемување на цените“, вели Маџаревиќ – Шујстер.

Тоа значи дека зголемувањето на реалните трошоци на живот со кои се соочуваат сиромашните во Западен Балкан е многу повисоко од она на што укажува просечната инфлација.

„Важно е да се земе предвид разликата кај стапките на инфлација кај различните видови домаќинства, за да се обмислат ефективни политики за заштита на најранливите и да се поттикне економскиот раст“, додава таа.

Во однос на вработеноста во извештајот се вели дека во втората половина од 2022 година, темпото на отворање нови работни места ја загуби силата во сите земји од Западен Балкан.

Вработеноста најмногу се намали во земјоделството и во јавната администрација, а индустријата и услугите, исто така, забележаа забавување. Во септември 2022 година, стапката на вработеност достигна историски највисоко ниво од 47 проценти, по што почна да опаѓа.

На среден рок, проекциите за Западен Балкан и понатаму се позитивни, иако се потребни реформи за забрзување кон зелената транзиција и справување со структурните предизвици. Тековната енергетска криза ја нагласи потребата за забрзување на зелената транзиција низ Европа, вклучувајќи го и Западниот Балкан.

Една област за инвестирање со потенцијал за значителни економски резултати за Западен Балкан е енергетската ефикасност, се додава во извештајот. Дури и умерено подобрување на енергетската ефикасност на фирмите би довело до значително намалување на емисиите на стакленички гасови поврзани со енергијата, до подобрување на профитабилноста на фирмите, до големи социјални придобивки и до заштита од идни ценовни шокови од електричната енергија и гасот.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал