Connect with us

македонија

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

објавено

на

Вработените на компанијата, како главни амбасадори на доброто дело, и овојпат несебично го дадоа својот придонес и се вклучија во сите хуманитарни акции на „Алкалоид“, доследно претставувајќи ги компаниската култура и посветеноста.

Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија. Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина.

Вработените на компанијата, како главни амбасадори на доброто дело, и овојпат несебично го дадоа својот придонес и се вклучија во сите хуманитарни акции на „Алкалоид“, доследно претставувајќи ги компаниската култура и посветеноста. Во духот на човековата солидарност, постигнати се одлични резултати во донаторските акции, на кои тие се особено горди: собран е речиси 1 тон донирана облека која не им е потребна, но која е зачувана и која сѐ уште може да се користи, и речиси 1 тон храна за подготовка на пакети со храна – донации наменети за ранливите категории и за социјално загрозените семејства, за да се помогне за полесно справување со секојдневните предизвици со кои се соочуваат.

Особено радува продолжувањето на веќе воспоставената соработка со Црвен крст за крводарителски акции, која резултираше со собрани 340 единици крв во двете акции спроведени оваа година, бројка која зборува за големата мотивираност на вработените, но и за индивидуалната и за колективната општествена одговорност кои беа манифестирани преку чинот на крводарување. Зацврстувајќи го имиџот на партнер на општеството посветен на поттикнување значајни промени и на остварување позитивно влијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложби за општествено одговорно однесување и преку конкретни проекти и позитивни примери ќе продолжи да дава активна поддршка за заеднички иницијативи кои имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната свест и одговорност спрема заедницата.

ПР текст

технологии / компании8 часа ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика8 часа ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион8 часа ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија8 часа ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија8 часа ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија8 часа ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија8 часа ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки8 часа ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија8 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија8 часа ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија3 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија4 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија2 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки8 часа ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија8 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија