Connect with us

економија

Ревидирани извештаи: Групацијата Триглав на македонскиот пазар со вкупна премија од 25 милиони евра лани, повисока за 18%

објавено

на

Триглав Осигурување во 2021-ва година ја потврди водечката позиција на пазарот на неживотни осигурувања. Бруто полисираната премија на компанијата изнесуваше 21,6 милиони евра, што е за 8% повеќе, споредено со претходната година.

Групацијата Триглав на македонскиот осигурителен пазар во 2021-ва година работеше успешно, и покрај непредвидливите социо-економски услови, поради продолженото влијание на пандемијата, велат од групацијата.
„Компаниите на Групацијата Триглав работеа во согласност со зацртаните стратешки насоки и ефикасно управуваа со своите активности со цел да обезбедат позитивно искуство за своите клиенти и соработници.“
Групацијата, во 2021-ва година на македонскиот пазар обезбеди вкупна бруто полисирана премија од 24,9 милиони евра и оствари раст од 18,3% во споредба со претходната година (што е 2,8 процентни поени повеќе од растот на македонскиот пазар).

Триглав Осигурување во 2021-ва година ја потврди водечката позиција на пазарот на неживотни осигурувања. Бруто полисираната премија на компанијата изнесуваше 21,6 милиони евра, што е за 8% повеќе, споредено со претходната година. „Во изминатата година воведовме центар за грижа за клиенти и развивавме иновативни производи, во согласност со потребите на пазарот. Вложуваме во квалитет на корисничкото искуство и градиме однос на доверба со нашите клиенти. Истражувањата покажуваат дека Триглав Осигурување континуирано е прв избор на осигурување на нашиот пазар и за нас тоа е вистински поттик. Градиме стратешки партнерства со реномирани компании, со цел на клиентите да им обезбедиме поквалитетна и подостапна услуга, а сето тоа го поддржуваме со дигитална трансформација, како една од најважните стратешки насоки за развој, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав Осигурување Живот во 2021-ва година, постигна одлични резултати, остварувајќи премија од 3,2 милиони евра, апсолутен раст од над 2 милиони евра и најголем раст во доменот на животното осигурување од 216% во споредба со претходната година. Компанијата тројно го зголеми уделот на пазарот на животно осигурување на 9,96%. „Брендот и традицијата на групацијата, како и одличната работа на целиот тим, се важни основи за доброто работење, а успешната реализација на поставената стратегија влијаеше на динамичниот раст на осигурителната премија и силното јакнење на пазарниот удел. Остваривме соработка со неколку големи банки, ја збогативме палетата на производи и развивме квалитетна и атрактивна понуда. Имаме амбициозен план за континуиран раст и развој на профитабилноста на компанијата, а грижата за клиентите останува главен фокус“, изјави извршната директорка на Триглав Осигурување Живот, Вилма Учета Дузлевска.

Во изминатата година, Триглав пензиско друштво продолжи да ја зајакнува и проширува својата позиција на пазарот на капитално финансираното пензиско осигурување во земјата. Нето вредноста на средства под управување во фондовите на крајот од 2021-ва година порасна за 168%. „На крајот од 2021-ва година се потпиша договор за стратешка соработка со Стопанска Банка АД, во насока за подобра достапност и квалитет на услугите во процесите на маркетиншко претставување на друштвото. Компанијата продолжува активно да работи на промоција и едукација на јавноста, градејќи стабилно портфолио за сигурна финансиска иднина на своите сегашни и идни членови”, изјави претседателот на Управата на Триглав пензиско друштво Тихомир Петрески.

Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав, на седницата одржана на 30.03.2022 во Љубљана, го потврди ревидираниот годишен извештај на Групација Триглав и на матичното друштво за 2021-ва година. Групацијата, во однос на претходната година, оствари раст на вкупните приходи од 10% (1,46 милијарди евра) и зголемена добивка пред оданочување од 46% (132,6 милиони евра). Ја задржа финансиската моќ, што се потврди со адекватноста на капиталот, која што на крајот од 2021-ва година, со вредност од 219 проценти, беше во зацртаниот опсег. Воедно, во 2021-ва година повторно ја доби високата оценка “A” од реномираните агенции за кредитен рејтинг. Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на годинешното собрание на акционери ќе предложат исплата на дивиденда во износ од 3,70 евра бруто по акција, или во вкупен износ 84,1 милиони евра, што претставува 74 проценти од нето добивката на Групацијата Триглав во 2021-ва година  и дивиденден принос од 9 проценти.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, појасни: „Управниот одбор и Надзорниот одбор на компанијата, годинешниот предлог за дивиденда го формулираа врз основа на политиката на дивиденди, земајќи предвид неколку аспекти и околности од изминатите години. Висината на предложената дивиденда воглавно е последица на единственоста или исклучителноста на одредени сегменти во работењето на Групацијата во изминатите две години, земајќи ги предвид усогласеноста со целната адекватност на капиталот, проценката на моменталните и очекуваните услови на работење и способноста за остварување на стратешките цели на Групацијата Триглав во иднина. Нашата политика за дивиденди е осмислена на начин да биде атрактивна за акционерите и одржлива за раст и развој на Групацијата Триглав. Следствено на тоа, во 2023-та година ја задржуваме појдовната точка за предлог на дивиденда од 50 проценти од  консолидираната нето добивка од претходната година.”

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација