Connect with us

свет

Ревносна хигиена, добро здравство и висока технологија

Причините зошто Јапонија има толку малку инфицирани и починати од коронавирус

објавено

на

Поради пандемијата на коронавирусот, повеќе внимание од било кога се посветува на свесноста за хигиена на индивидуално, како и на општествено ниво ширум планетава. Мегалополисот Токио со своите без малку 15 милиони жители извонредно ги решава и двата аспекти. Оттаму не е ни чудно што градот, односно Јапонија има 16 пати помалку заболени  од Ковид на еден милион жители во однос на Македонија, и дури 32 пати помалку починати.


Македонија е земја со помалку од два милиони жители  и досега има преку 24.000 регистрирани случаи на зараза од Ковид – 19 и 850 починати. Или, 11.614 инфицирани  и 408 починати на еден милион жители. Според овој трагичен биланс сме на неславното 20-то место во светот, ако е за утеха, развиените земји САД, В. Британија, Италија, итн., се полоши од нас. Но, да ги оставиме сега државите од богатиот Запад коишто катастрофално се справија со пандемијата, да одиме малку на исток, поточно на Далечниот Исток, во Јапонија, која што има 126 милиони жители и вкупно 93.480 инфицирани од коронавирус досега, или за да можеме објективно да споредиме, 740 на еден милион жители (16 пати помалку од нас). Починати како последица на вирусот има 1.676 или 13 на еден милион жители (32 пати помалку од нас).
Како оваа густо населена земја успеа да го стави коронавирусот под контрола и да бележи толку мали бројки на инфицирани и починати?

Причините, како што пишува Reuters, се повеќеслојни, а основата е ревносното, да не кажеме френетично одржување на хигиената во оваа земја, нешто што е вкоренето во културата и традицијата на Јапонците со децении наназад. Сето тоа во комбинација со високата технологија и јавно – приватните партнерства на сите нивоа, овозможува окружување максимално безбедно за здравјето на популацијата. Преку примерот на главниот град Токио, ќе објасниме што всушност се случува.

Луѓето низ цел свет денес носат маски на лицето за да се заштитат од заразата со Ковид – 19. Во Јапонија, меѓутоа, навиката за носење маски со цел спречување инфекции датира уште од деновите на епидемијата на Шпанскиот грип, која што траеше од 1918 до 1920 година.

Луѓето низ цел свет денес носат маски на лицето за да се заштитат од заразата со Ковид – 19. Во Јапонија, меѓутоа, навиката за носење маски со цел спречување инфекции датира уште од деновите на епидемијата на Шпанскиот грип, која што траела од 1918 до 1920 година. Различните методи на контрола на ширењето на заразата спроведувани од тогашните власти – според документите на Централното санитарно биро на јапонското Министерство за внатрешни работи – вклучувале и носење маски во возовите, како и покривање на устата со шамиче при кашлање, што во голема мера личат на мерките пропишани денес, пишува Reuters. Дури и тогаш, праксата на носење маски била вкоренета во Јапонија, со тоа што тие биле носени превентивно за обична настинка, сезонски грип, алергиски ринитис, и еве денес за Ковид 19. Покрај тоа, различни хигиенски практики биле нашироко применувани како противмерки за заразните болести.

Различните методи на контрола на ширењето на заразата спроведувани од тогашните власти – според документите на Централното санитарно биро на јапонското Министерство за внатрешни работи – вклучувале и носење маски во возовите, како и покривање на устата со шамиче при кашлање, што во голема мера личат на мерките пропишани денес, пишува Reuters.

Дури и тогаш, праксата на носење маски била вкоренета во Јапонија, со тоа што тие биле носени превентивно за обична настинка, сезонски грип, алергиски ринитис, и еве денес за Ковид 19. Покрај тоа, различни хигиенски практики биле нашироко применувани како противмерки за заразните болести.

Тука влегуваат одредени навики – како миењето раце пред секој оброк и правење гаргара за дезинфекција после играњето надвор – на коишто биле учени децата уште во градинка, исто како и обичаите за собување на чевлите пред да влезете во просторија, обезбедување на топли влажни крпи во рестораните и баровите, како и темелното бришење на масите во овие објекти, но и во домаќинствата.

Овој концепт на хигиена е главниот фактор за целокупното одржување на јавното здравје во Јапонија. Друга вообичаена активност е доброволното собирање на отпадоците, како што сме имале прилика да видиме кога тоа го прават јапонските навивачи насекаде низ светот. Насекаде низ Јапонија организирани доброволци чистат јавни површини, паркови, училишта, итн.  Една од организациите што редовно спроведуваат вакви активности е Ishintai UNESCO Club, при што луѓето еднаш во месецот го чистат ѓубрето во околината на нивните домови, но и насекаде. Сега, поради рестрикциите за групирање предизвикани од Ковид кризата, волонтерите работат самостојно, по што известуваат онлајн за нивните активности.

Вообичаена активност во земјата е доброволното собирање на отпадоците, како што сме имале прилика да видиме кога тоа го прават јапонските навивачи насекаде низ светот. Насекаде низ Јапонија организирани доброволци чистат јавни површини, паркови, училишта, итн.

Миењето раце е религија

Како дошло до ваква свесност за хигиената во Јапонија? Според Осаму Куниџи, глобален експерт за заразни болести, школите во Јапонија ги учат децата како да ги мијат правилно рацете и да го чистат своето окружување.

„Иако сум патувал во повеќе од 130 земји досега како консултант за борба против заразни болести, сум увидел дека многу малку земји всушност имаат изградено толку ревносно однесување кога станува збор за хигиената. Многу малку отпор има во земјата за носењето маски со цел заштита од грип или настинка. Пријателите што доаѓаат од надвор често се изненадени од тоа колку е чист Токио и покрај огромната густина на населеност, а особено се чисти јавните површини и објекти. Миењето раце не е ефективно само против Ковид – 19, туку и за превенција од многу други заразни болести. Студиите покажале дека во земјите во развој, миењето раце може значително да ја редуцира дијареата, белодробните воспалувања, но и смртноста од нив за повеќе од 50%. Во Африка, наместо препишување лекарства, практиките на миење раце, копање бунари за чиста вода и изградбата на тоалети се повеќе ефективни во спасувањето на детски животи и затоа сега се имплементираат.“, вели Куниџи.

Тој исто така ја истакнува и улогата на медицинските сестри од јавното здравство коишто работат во јапонските јавни здравствени центри, како и улогата на локалните власти.

„Медицинските сестри имаат голем придонес во превенцијата и контролата на заразните болести во Јапонија, како и за подигањето и одржувањето на свеста за хигиената и соодветното однесување. Конкретно, тие ги разбираат проблемите и потребите на секој реон и реагираат во блискост со жителите. Реткост е во светот да се прават такви цврсти напори и да се обезбедува високо квалитетна услуга на општинско ниво. Ваквиот пристап на ниво на локалната власт, во комбинација со ревносно придржување кон хигиенските навики на индивидуално ниво, е клучно во превенцијата на заразните болести како што е короната.“ додава тој.

Токио активно ја користи технологијата среде пандемијава. Во хотелите што ги изнајми владата за сместување на асимптоматските пациенти и оние со поблаги симптоми, покрај хотелскиот персонал и медицинските сестри што работат во карантинска средина, ангажирани се и роботи за чистење, но и роботи што посакуваат добредојде.

Освен обичаите поврзани со личната хигиена, и технологијата е уште еден незаменлив фактор во одржување на јавното здравје во Јапонија.

„Кога се обезбедуваат технолошки услуги, трите најважни работи се концептите на open source, open data  и civic tech: тоа значи да се објасни од каде доаѓа информацијата, на пример статистичките податоци, потоа да се достави таа информација до широката популација на лесно разбирлив начин,  и на крајот, да се искористи информацијата со цел развивање на услуги потребни за решавање на различни проблеми, со координирани напори на јавниот и приватниот сектор. Мислам дека овие три аспекти Токио многу добро ги запазува.“, вели Куниџи.

Изобилство на технологија

Извонреден пример за спроведување на концептот „open source, open data, civic tech“ е веб страницата посветена на Ковид – 19 мерките што ја одржува локалната власт во Токио (Tokyo Metropolitan Government), наречена „Updates on COVID – 19 in Tokyo“.

Помина само една недела за да се лансира веб страницата откако беше даден предлог за неа. Инженери од цела Јапонија, но и од светот, се вклучени во работата на сајтот секојдневно, за да се пласираат свежи информации нон стоп. Исто така веб страницата користи open source код со цел и другите локални власти во земјата да можат да ја употребат.

Исто така, Токио активно ја користи технологијата среде пандемијава. Во хотелите што ги изнајми владата за сместување на асимптоматските пациенти и оние со поблаги симптоми, покрај хотелскиот персонал и медицинските сестри што работат во карантинска средина, ангажирани се и роботи за чистење, но и роботи што посакуваат добредојде.

Роботот за чистење, којшто се движи наоколу воден од најмодерната вештачка интелигенција, темелно го чисти хотелот. Роботот за добредојде пак, ги пречекува пациентите со зборовите „Се надевам дека наскоро ќе бидете подобро“, со што им дава чувство на олеснување. Хотелите исто така нудат смартфон апликации за здравствен менаџмент, со тоа што им помагаат на медицинските лица овозможувајќи им на Ковид пациентите да бидат безбедни и спокојни додека закрепнуваат.

Во меѓувреме, новата метро станица Takanawa Gateway во јужно – централниот дел на Токио користи неколку примери на врвна технологија, вклучително и робот што објавува информации околу возовите, робот за безбедност што се справува со сомнителни предмети, како и робот што ја одржува станицата чиста. Исто така, има и автоматизирана продавница наречена „Touch to Go“, каде што систем базиран на вештачка интелигенција заменува продавачи и касиери.

Мулти – камера систем и сензори за тежина препознаваат кои производи ги купува потрошувачот; потоа тој може да плати преку бесконтактен систем како што е припејд картичката за превоз. Овие апликации помагаат да се спречи ширењето на заразите и нивната употреба наголемо ќе се прошири допрва.

Здравствени услуги за сите, без стрес

Токио е место каде што секој може да дојде до високо квалитетни медицински услуги и да продолжи со секојдневието без стрес. Луѓето имаат пристап до платформата наречена Himawari, сервис за пребарување на амбуланти, болници и аптеки во Токио, со автоматски превод на англиски, кинески и корејски. Откако избувна епидемијата Ковид – 19, градот го воспостави Корона вирус центарот за поддршка на странски државјани (TOCOS), чии услуги се достапни на 14 јазици. Дополнително, гувернерот Јурико Коике има редовни видео обраќања на англиски со најнови информации.

Во истражувањето Safe Cities Index 2019, што го спроведе Economist Intelligence Unit (истражувачкиот оддел на британскиот бизнис магазин), Токио е прв меѓу 60 големи градови во светот опфатени во анализата. Всушност, ова е трет пат по ред јапонската метропола да е прво рангирана во истражувањето, коешто се прави секоја втора година од 2015-та наваму. Токио доби високи оцени во делот на здравствените услуги – и во смисла на квалитет и на пристап, како и за безбедната, високо квалитетна храна, чистата вода и воздух, и времето на реакција на итната медицинска помош.

И навистина, Токио е место каде што секој може да дојде до високо квалитетни медицински услуги и да продолжи со секојдневието без стрес. Луѓето имаат пристап до платформата наречена Himawari, сервис за пребарување на амбуланти, болници и аптеки во Токио, со автоматски превод на англиски, кинески и корејски.

Откако избувна епидемијата Ковид – 19, градот го воспостави Корона вирус центарот за поддршка на странски државјани (TOCOS), чии услуги се достапни на 14 јазици. Дополнително, гувернерот Јурико Коике има редовни видео обраќања на англиски со најнови информации.

Уште во 2017 година, токиската Metropolitan Hiroo болница доби акредитација од здравствените власти, за третирање странски државјани, со цел да се креира околина каде што луѓето ќе дојдат во болница без непотребен дополнителен стрес. Заменикот шеф на болницата Јошихару Маеда вели дека секоја година имаат се’ повеќе пациенти странски посетители, од коишто повеќето зборуваат англиски или кинески. Неколкумина од нашиот персонал зборуваат некој од овие јазици, а исто така користиме и видео алатки за превод за да обезбедиме лесна комуникација. Со избегнување на грешки во преводот, се надеваме дека ќе ја разбереме културата и обичаите на нашите пациенти додека ги третираме“, вели Маеда.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг4 часа ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг4 часа ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг4 часа ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании4 часа ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија4 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија4 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју4 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија4 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија4 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет4 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија5 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија4 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија1 ден ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија2 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки3 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија4 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија3 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

банки1 ден ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up1 ден ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ

економија4 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија