Connect with us

економија

Регулаторот ги обврзува компаниите квалитетно да ги информираат клиентите за ризикот при вложување во т.н. „unit linked” животно осигурување

Новина на осигурителниот пазар

објавено

на

Животното осигурување кај кое парите се вложуваат во удели на инвестициски фондови („unit linked“ осигурување) е висококвалитетен производ со голем потенцијал за оплодување на инвестицијата. Но,  тој истовремено содржи и ризик од загуба на вложените средства затоа што вредноста на вложеното зависи од цените на уделите кои се формираат на берзите.  Токму заради ова Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) ги задолжи осигурителните компании квалитетно да ги информираат осигурениците за ризикот од загуба на вложените средства. Со новиот правилник на АСО продавачите на „unit linked“ осигурување имаат обврска на секој потенцијален осигуреник да му дадат на увид ниво на ризик од загуба на вложеното на скала од 1 до 7.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги задолжи сите осигурителни компании кои продаваат т.н. „unit linked“  осигурување живот на секој потенцијален осигуреник да му достават документ со клучни информации врз основа на кој ќе одлучи дали да вложи во овој осигурителен производ.

Станува збор за унифициран документ кој содржи информации за нивото на ризик од можна загуба на вложени средства како и за очекуваната добивка од вложеното. Осигуреникот ќе биде информиран и за условите и последиците од предвремено раскинување на договорот за вложување. Исто така продавачот ќе ги прикаже и сите еднократни, периодични, повторливи, повремени и непредвидени трошоци што треба да ги плати осигуреникот.

Воедно продавачот на осигурувањето ќе биде обврзан и да го информира осигуреникот и за правото да поднесе претставка односно приговор до АСО. Ова се клучните новини кои ги содржи новиот правилник што го донесе АСО со цел да ја зголеми транспарентноста при вложувања во “unit linked” осигурување живот.

Вредноста на уделите зависи од движењата на светските берзи

„Unit linked“ е релативно нова класа на осигурување живот кај која дел од вложените пари  се инвестираат во удели на инвестициски фондови. Тоа се вложувања со висок квалитет, но факт е дека цените на уделите се променливи и зависат од движењата на глобалните берзи. Токму заради тоа и ризикот од вложувањето на средствата паѓа на товар на осигуреникот.

Токму волатилноста на пазарите на капитал остава простор од ризик осигуреник да загуби дел од уплатените средства при вложување во „unit linked“  осигурување исто како што постои реална можност за солидно оплодување на вложените средства.

Официјалните податоци на АСО покажуваат дека само во минатата година биле раскинати 941 договор за „unit linked“  осигурување живот во период кога вкупно биле склучени 2.726 договори. Дополнително на ова бројот на раскинати договори лани достигна 9 отсто од вкупниот број на активни договори во оваа осигурителна класа кој изнесува 10.628.

Следејќи ја будно оваа состојба Советот на експерти на АСО одлучи да усвои  подзаконски акт што значајно ќе ја зголеми транспарентноста за овој осигурителен производ.

Тоа во голема мерка ќе им помогне на сите потенцијални инвеститори при носењето на одлуките за вложување во “unit linked” да го проценат потенцијалниот ризик од ова вложување.

Освен горенаведените клучни новини како мерки за подобро информирање на осигурениците новиот правилник предвидува продавачот да истакне дали вложувањата се во денари или во странска валута. Од причина што оваа информација може да влијае врз вредноста на вложувањето преку можни промени на девизниот курс на денарот.

„Unit Linked“ е интернационален термин глобално прифатен и користен за овој вид осигурување живот. „Unit Linked“ значи дека вредноста на вложените средства директно зависи од вложувањата во удели на отворени или затворени инвестициски фондови.

Вложувањата во животното осигурување во кое ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот (популарно наречениот „unit linked“) лани достигнале 383,2 милиони денари (над 6 мил.евра). Тоа е за 27 отсто  повеќе од 2020 година.

Правилникот ќе стапи на сила од почетокот на октомври годинава.

економија8 часа ago

Уште една одлична година за Алкалоид: раст на продажбите, извозот и добивката

банки2 дена ago

Супер камати за супер брзите бизнис кредити од УНИБанка!

свет2 дена ago

Време е за купување на NUCOR!

свет1 недела ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки1 недела ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија1 недела ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании2 недели ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион2 недели ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју2 недели ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство