Connect with us

македонија

„Редакција“ – Нов документарен серијал на Истражувачката репортерска лабораторија

објавено

на

Првото филмувано истражување ќе се емитува на 20 февруари, недела, во 20:15 часот, на националната телевизија МРТ1 и на Јутјуб-каналот на ИРЛ. Истражувањето е меѓународно и се однесува на нелегалниот тек на парите и е дел од голема меѓународна соработка помеѓу повеќе водечки медиуми од Германија, Британија, САД, Франција, Шведска, балтичките и балканските држави и повеќе од 40 медиумски организации во светот.

Тимот новинари и филмски работници на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ на 20 февруари започнува со емитување на новите документарни филмови што се дел од серијалот „Редакција“. Првиот документарен филм премиерно ќе се емитува на МРТ1 и на Јутјуб-каналот на ИРЛ, вo недела, во 20:15 часот.

Минатата година ИРЛ објави четири документарни филмови, кои обработуваа теми од областа на корупција во животна средина, загадување, урбанистичка мафија и сајберкриминал. Првата епизода „Заговор против воздухот“, која откриваше малверзации со увозот на мазут во државата, ги поттикна надлежните да спроведат истрага што резултираше со прекршочни пријави и казни против седум компании. Сторијата ја доби и првата награда за истражувачко новинарство доделена од УНДП и ЗНМ. 

Серијата предизвика бурни реакции во јавноста, кои се должеа на новиот и иновативен пристап во презентирањето на фактите, кои беа производ на долгогодишни локални и меѓународни истражувања. По добриот прием кај публиката, којашто се идентификуваше со темите, серијалот доби статус на граѓански медиум. 

„Благодарни сме најмногу од сè на тимот млади, филмски работници и огромни ентузијасти, кои ни помогнаа нашите информации да станат нешто многу повеќе од тоа. Вистински приказни со кои луѓето ќе се поврзат. Многу малку филмски уметници би се согласиле на ваков проект, но имавме среќа да налетаме на овие бестрашни луѓе и така настана оваа уникатна соработка“, објаснува Сашка Цветковска, главен и одговорен уредник на ИРЛ.

По емитувањето на првите четири филма минатата пролет, новинарите на ИРЛ добија неколку илјади пријави од граѓани за корупција и криминал. Како мала и непрофитна организација, малиот тим од 6 новинари се соочи со голем предизвик – како да им се помогне на сите граѓани со толку малку луѓе. 

„ИРЛ е мала редакција и ние немаме милионски буџети како големите медиуми, па затоа поретко продуцираме содржини, императив е да се квалитетни. Би можеле и почесто, но тие нема да го имаат истиот потенцијал како квалитетно изработените содржини што бараат и време и пари. Од друга страна, граѓаните имаат големи очекувања и тоа во моментов е предизвик што се трудиме да го пресретнеме. Се надеваме дека од следната година ќе имаме успешна кампања за донации и повеќе донатори за да можеме да сработиме што е можно повеќе проблеми и пријави“, вели раководителот на комуникации Деница Чадиковска

Поради ова, ИРЛ го менува концептот на објави на филмуваните истражувања и наместо четири епизоди на секои две недели во една сезона, оваа година серијалот ќе оди четири до шестпати годишно во различни термини, во распон од најмалку два месеца. Тимот вели дека ова е така затоа што тесниот распоред не дозволува да се филмуваат пријавите на граѓаните. 

„Снимањата се долги и макотрпни, а кога емитувањето на епизодите е на секои две недели, е претешко да се одберат теми што ни ги праќаат граѓаните. Во тесен распоред секогаш се оди на она што е безбедно да се продуцира во кратки рокови. Минатата година имавме една епизода по пријава на граѓанин, тоа е ‘Изгубени во премерот’. Таа случајно се погоди да е добро документирана и можевме да ја реализираме. Оваа година се стремиме да филмуваме најмалку две добри пријави на граѓани што во себе носат и тежина и актуелност“, вели Цветковска. 

Првото филмувано истражување ќе се емитува на 20 февруари, недела, во 20:15 часот, на националната телевизија МРТ1 и на Јутјуб-каналот на ИРЛ. Истражувањето е меѓународно и се однесува на нелегалниот тек на парите и е дел од голема меѓународна соработка помеѓу повеќе водечки медиуми од Германија, Британија, САД, Франција, Шведска, балтичките и балканските држави и повеќе од 40 медиумски организации во светот. Партнер во овој проект се и новинарите на ИРЛ, кои се познати по меѓународните истражувања што ги спроведоа во минатото, од Панама-документите до истражувања за трговија со оружје, дезинформации и меѓународна висока корупција. 

За повеќе информации посетете ја веб-страницата на ИРЛ www.irl.mk, како и профилите на социјалните мрежи: https://www.youtube.com/c/IRLMacedonia/; www.facebook.com/IRLMacedonia/; www.instagram.com/irlmacedonia/ и www.twitter.com/IrlMacedonia

македонија6 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија