менаџмент / маркетинг
Рекоа за…инфлацијата
Лидери

Секојдневниот раст на цените на коишто сведочиме во моментов, нас постарите не’ враќа во мислите во едно друго време, за коешто мислевме дека нема никогаш да се повтори. За жал “перфектната бура“ што го погоди светот – пандемија, војна, итн. – предизвика косата да ни се крева од инфлацијата при секое влегување во продавница. Да видиме што за овој економски феномен кажале славните економисти, писатели и други големи личности.
