менаџмент / маркетинг
Рекоа за…трпението

Како што може да прочитате малку понапред во ова издание на магазинов, легендарниот инвеститор Ворен Бафет советува трпение во вложувањето на берза, како впрочем и во животот воопшто. Или како што рекол еден друг мудар човек, никогаш не носете важни одлуки кога сте во најлошо расположение. Почекајте, бидете трпеливи. Бурата ќе помине, ќе се појави сонцето, и се’ ќе биде појасно. Да видиме што имаат кажано за трпението неколкумина големи луѓе од различни сфери на општеството.
