Connect with us

економија

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

објавено

на

РЕС им понуди на македонските фирми повеќе модели на снабдување со струја, кои се движеа од целосно берзански најниски цени до целосно фиксни и гарантирани цени, како и комбинации од двата модела во различен сооднос.

Фирмата за трговија со електрична енергија РЕС одбележа една година постоење и за тој период се позиционира како лидер во снабдувањето со електрична енергија на слободниот пазар.

РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор кои ги снабдува и годишна потрошувачка од 250 GWh, со што значително ги надмина првичните проекции за развој.

РЕС на македонското стопанство му овозможи снабдување со електрична енергија, но и откуп на електричната енергија од производителите од обновливи извори.

РЕС им понуди на македонските фирми повеќе модели на снабдување со струја, кои се движеа од целосно берзански најниски цени до целосно фиксни и гарантирани цени, како и комбинации од двата модела во различен сооднос. Благодарение на можноста да изберат модел според своите потреби, компаниите  во текот на енергетска криза, особено во втората половина на 2022 година, имаа предвидливост на издатоците за електрична енергија и таа калкулација можеа да ја вградат во цената на нивните производи и услуги, задржувајќи ја ликвидноста и остварувајќи значајна конкурентска предност на пазарот.

РЕС (Reneweble Energy Supply) е сопственост на македонската фирма Централ Инвест на Кочо Анѓушев и на бугарската фирма Кер Токи на Иво Прокопиев.

македонија6 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија