Connect with us

македонија

Половина од котираните компании немаат „чиста петка“ од ревизорите

Колку се солидни домашните акционерски друштва во финансиските извештаи

објавено

на

Без малку 40% или 33 од вкупно 83  котирани акционерски друштва на Македонската берза што објавиле ревидиран извештај за минатата година, за своите финансиски извештаи не добиле чиста позитивна оценка од своите ревизори, односно, добиле т.н. квалификувано мислење или мислење со резерва. Тоа значи дека во одреден сегмент на финансиското известување отстапуваат од релевантната сметководствена регулатива, а  во КХВ сметаат дека овој процент е прилично висок. Негативно ревизорско мислење добиле 3 компании или 4,4%, што практично значи дека треба сериозно да ги коригираат своите финансиски извештаи за да бидат во согласност со важечката регулатива.

Речиси 40% (39,7%) од акционерските друштва што котираат на Македонската берза, а објавиле ревидиран извештај (вкупно 83 од 100 друштва) добиле мислење со резерва од ревизорите на нивните финансиски извештаи за 2019 година, односно, т.н. квалификувано мислење. За претходната, 2018 година пак, процентот на вакви ревизорски извештаи бил нешто помал, или 38,5%, покажува анализата на транспарентноста на котираните друштва што ја направи Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

Инаку, вакви извештаи, што не се со позитивно мислење, значат дека компаниите во одреден сегмент на финансиското известување отстапуваат од релевантната сметководствена регулатива и во КХВ сметаат дека погоре споменатите проценти се сe’ уште високи. 
Процентот, пак,  на ревизорски извештаи со позитивно мислење (57% за 2018 година и 56,6% за 2019 година) упатува на заклучокот дека овие котирани друштва  ја известувале инвеститорската јавност согласно релевантната регулатива за финансиското известување и инвеститорите можат да се потпрат на овие финансиски податоци при нивните анализи.

Високо регулираниот финансиски сектор со најквалитетни извештаи

Друштвата, пак каде што ревизорите се воздржуваат од давање мислење или изразуваат неповолно, односно негативно мислење (4,4% за 2018 година и 3,6% за 2019 година) потребно е да преземат мерки за усогласување на финансиското известување со релевантната регулатива во тој домен, со цел финансиските извештаи на друштвата да ја прикажуваат реално и објективно финансиската состојба, како и резултатите од работењето и паричните текови на друштвата во согласност со релевантната регулатива за финансиското известување. Ова значи дека за 2019 44,4% од вкупно анализираните котирани компании, или без малку половина, немаат „чиста петка“ од своите ревизори, кажано во школски жаргон.

„Реалното и објективно прикажување на финансиската состојба, како и резултатите од работењето и паричните текови на друштвата во согласност со релевантната регулатива за финансиското известување е предуслов за привлекување инвеститори на пазарот на капитал“, велат од КХВ.

Анализирано од аспект на секторот, односно дејноста на друштвата, кај друштвата од финансискиот сектор (пред сè банките и друштвата за осигурување) доминираат позитивни мислења на ревизорите.  

Ова пред сè се должи на фактот што станува збор за високо регулирани дејности, каде супервизорските органи имаат законска надлежност за преземање дејствија во доменот на законитоста на работењето на овие друштва и на нивното финансиско известување, објаснуваат од КХВ.
Во поглед на финансиските извештаи изготвени од друштвата од останатите дејности, како на пример индустрија и угостителство доминираат позитивните мислења на ревизорите, иако сепак за значаен дел од финансиските извештаи на друштвата изразени се и квалификувани мислења на ревизорите, додека во секторите трговија, услуги и земјоделство доминираат квалификуваните мислења на ревизорите.

Пандемијата ја зголемила вкупната транспарентност

Во извештајот, транспарентноста на друштвата чии хартии од вредност котираат на Македонската берза и на акционерските друштва со посебни обврски за известувањe што се водат во Регистарот на КХВ, се оценува дека е на солидно ниво и може да се заклучи дека прогласената пандемија на Covid-19 не влијаела во голема мера на обемот на информации што им се достапни на инвеститорите преку платформите за известување на Берзата и на Комисијата.

Имено, заклучно со 30.06.2020 година 80% од друштвата објавиле јавен повик за годишно собрание на акционери (89 друштва од вкупно 111 друштва што имаат обврска да објават), што е намалување за 5% во однос на минатата година, кога заклучно со 30.06.2019 година 85% од друштвата објавиле јавен повик за свикување годишно собрание на акционери (96 друштва од вкупно 113 друштва што имале обврска да објават). Заклучно со 30.06.2020 година 75% од друштвата објавиле годишни ревидирани финансиски извештаи (83 друштва од вкупно 111 друштва), што е намалување за 5,5% во однос на минатата година, кога 80,5% од друштвата објавиле годишни ревидирани финансиски извештаи (91 друштво од вкупно 113 друштва).

Обврската за објавување тримесечни биланси на успех ја испочитувале  97% од друштвата, чии хартии од вредност котираат на берза. И покрај тоа што е забележан благ пад на бројот на извршени објави поврзани со годишните собранија на акционери и со финансиските извештаи на друштвата, вкупната транспарентност на друштвата бележи пораст, што се должи на објавувањето на други ценовно чувствителни информации.

„Тоа е така, затоа што оваа година, за разлика од минатата година друштвата извршија дополнително обелоденување на информации за очекуваното влијание на пандемијата Covid-19 на работењето на друштвата, така што 93 друштва чии хартии од вредност котираат на берза ја известија јавноста за очекуваното влијание на пандемијата Covid-19 на работењето на друштвата. “, објаснуваат од КХВ.

За 30% помала вкупна дивиденда годинава

Од објавените 83 ревидирани финансиски извештаи се констатира дека 66 друштва 2019 година ја завршиле со позитивен финансиски резултат – нето добивка, а 17 друштва годината ја завршиле со негативен финансиски резултат – нето загуба. Минатата година, од објавените 91 ревидирани финансиски извештаи заклучно со 30.06.2019 година, 74 друштва 2018 година ја завршиле со позитивен финансиски резултат – нето добивка, а 17 друштва годината ја завршиле со негативен финансиски резултат – нето загуба. Вкупната добивка на 66-те друштва што во 2019 година оствариле позитивен финансиски резултат изнесува 14.876.284 илјади денари или околу 241,89 милиони евра, додека вкупната загуба на 17-те друштва што 2019 година ја завршиле со загуба е 915.904 илјади денари, односно околу 14,89 милиони евра.

Од 66-те друштва кои минатата, 2019 година,  ја завршиле со нето добивка, 22 друштва имаат објавено дивиденден календар што значи дека дел од добивката ќе ја исплатат на акционерите како дивиденда (со тоа што едно друштво дивиденда ќе исплати само на сопствениците на приоритетните акции, но не и на сопствениците на обични акции), што претставува 33% од друштва што ја завршиле годината со нето добивка, односно 26% од друштвата што објавиле ревидирани финансиски извештаи до 30.06.2020 година. За споредба, минатата година во првото полугодие 27 друштва објавија дивиденден календар.

Бројот на друштва што одлучуваат да поделат дивиденда на акционерите во првото полугодие од 2020 година е намален за 19% во однос на првото полугодие од 2019 година, што значи дека дел од друштвата се воздржуваат од распределба на добивката за дивиденда, односно одлучуваат добивката да ја задржат во друштвата. Заклучно со 30.06.2020 година,вкупниот бруто износ на дивиденда што друштвата го издвоиле за исплата на акционерите изнесува 5.315.292.812 денари (86,4 милиони евра).

Минатата година заклучно со 30.06.2019 година, вкупниот бруто износ што бил издвоен за исплата на дивиденда во 2019 година изнесува 7.486.966.990 денари или околу 122 милиони евра (во кој износ е вклучена и една исплата на авансна дивиденда и исплата на дивиденда на приоритетни акции од страна на едно друштво). Во 2020 година, издвоениот износ за исплата на дивиденда е за околу 29% помал во однос на издвоениот износ за исплата на дивиденда во 2019 година.

менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“