Connect with us

банки

Речиси 80% од домашните банки очекуваат зголемување на профитабилноста годинава

Иако пандемијата и понатаму останува главниот ризик

објавено

на

Македонските деловни банки, и натаму, во најголем број, очекуваат зголемување на профитабилноста во наредните дванаесет месеци, покажува анкетното истражување на Народната банка. Сепак, видливи се знаци на зголемен песимизам, што се согледува преку зголемениот број на банки што не очекуваат раст на профитабилноста во следниот период (21%, наспроти 7% во претходната анкета). Се очекува дека растот на профитабилноста, според повеќето банки, ќе биде поддржан од зголеменото ниво на бруто каматните приходи и приходите од провизии, по што следуваат другите оперативни приходи.
Kредитната активност на банките главно ќе биде насочена кон станбените и потрошувачките кредити (со рочност помала од осум години) и кредитите на малите и средните претпријатија, како три портфолија за коишто повеќе од половината од банките очекуваат дека ќе остварат најголем раст во текот на годината. Значителен е и бројот на банките коишто очекуваат зголемување на проектното финансирање и на кредитирањето на големите нефинансиски друштва, како и на „зелените кредити“

Значителен е и бројот на банките коишто очекуваат зголемување на финансирањето проекти, на кредитирањето на големите нефинансиски друштва, како и на „зелените кредити“.

Повеќе од половината од домашните банки имаат преземено активности за одобрување „зелени кредити“ на домаќинствата и на корпоративниот сектор, при што дел од нив имаат развиено и систем за идентификување еколошки одржливи проекти.

Во однос на дел од предизвиците од корона-кризата, банките имаат укажано, во најголем дел, на зголемување на степенот на автоматизација и дигитализација на процесите, унапредување на системите за управување со ризиците и зголемени вложувања во нови технологии, а дел од нив ги намалиле оперативните трошоци и понудиле нови иновативни производи и услуги.

Согледувањата на учесниците во финансискиот систем за ризиците од окружувањето упатуваат дека, како и претходно, најголемите предизвици може да дојдат од домашното окружување, а гледано по поединечни ризици, очекувано се издвојува пандемијата на ковид-19, за којашто системот во актуелните околности има капацитет за соодветен одговор.

Ова го покажуваат резултатите од Анкетата за согледувањата на банките за деловните активности и ризиците од работењето во 2021 година и од Анкетата за оцена на ризиците врз финансиската стабилност, коишто Народната банка, согласно со досегашната практика, ги спроведе во текот на првиот квартал од годината.

Помалку банки очекуваат раст на профитабилноста  за разлика од лани

Според Анкетата за согледувањата на банките за деловните активности и ризиците од работењето во 2021 година, банките главно имаат поволни очекувања за профитабилноста во 2021 година, и покрај неизвесноста поврзана со пандемијата на ковид-19.

Исто како и минатата година, повеќето банки (64%) оцениле дека добивката од редовното работење го надминува трошокот на капиталот (англ. cost of equity), односно бараната стапка на принос на инвеститорите во акциите на банката, којшто поголемиот број од банките го оцениле на ниво пониско од 8%. Банките, и натаму, во најголем број, очекуваат зголемување на профитабилноста во наредните дванаесет месеци.

Сепак, видливи се знаци на зголемен песимизам, што се согледува преку зголемениот број на банки што не очекуваат раст на профитабилноста во следниот период (21%, наспроти 7% во претходната анкета). Се очекува дека растот на профитабилноста, според повеќето банки, ќе биде поддржан од зголеменото ниво на бруто каматните приходи и приходите од провизии, по што следуваат другите оперативни приходи.

Банките главно не очекуваат промени во структурата на приходите од провизии, во кои и натаму би преовладувале приходите од провизии од платежни услуги, вклучувајќи го и картичното работење, како и провизиите поврзани со кредитирањето.

Исто така, задржани се очекувањата на дел од банките (43%) за значителен придонес од производите поврзани со продажба на осигурителни полиси, што е позитивен показател за развојот на банкоосигурувањето. Според половината од анкетираните банки, поддршка на профитабилноста во 2021 година се очекува и од намалувањето на каматните расходи, додека се очекува дека трошоците за исправка на вредноста (на финансиските и на нефинансиските средства) ќе имаат спротивен ефект.

Неповолно влијание врз профитабилноста банките очекуваат и од страната на оперативните трошоци, коишто според 64% од нив ќе растат во текот на 2021 година. Банките што планираат да преземат активности за намалување на оперативните трошоци, во најголем дел (79%) тоа би го направиле преку зголемување на автоматизацијата и дигитализацијата, како и намалување на општите административни трошоци (64%).

Потрошувачките кредити за население најризични

Главни предизвици со коишто се соочиле домашните банки како последица на корона-кризата се отежнатото оперативно работење и продажбата на производи и услуги на постојните и стекнување нови клиенти, како и отежнатото спроведување или одложување на важните планирани проектни активности. Резултатите од Анкетата покажуваат дека и во текот на 2021 година, банките планираат да продолжат со обезбедувањето кредитна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор, а истовремено очекуваат зголемување на трошокот за исправка на вредноста на кредитите, поради можно влошување на квалитетот на нивните кредитни портфолија под влијание на пандемијата на ковид-19.

Банките не планираат промени во деловниот модел како последица на корона-кризата, но очекуваат дека таа ќе има продолжено влијание врз кредитоспособноста на населението и на корпоративниот сектор и во текот на 2021 година. Оценките се дека до 10% од кредитокорисниците кај банките, во сегментите на населението и на корпоративниот сектор, би можеле да имаат потреба од реструктурирање на долгот во наредните дванаесет месеци како последица на финансиски тешкотии предизвикани од корона-кризата.

Притоа, кај населението преовладуваат оценки за можна потреба од реструктурирање во обем до 5% од кредитното портфолио, додека кај корпоративниот сектор побројни се оценките за можно реструктурирање до 10% од кредитното портфолио. Сепак, има и банки што оценуваат можни поголеми потреби од реструктурирање на долгот на компаниите, коишто би опфатиле 20-30% од кредитното портфолио. Сите банки, без исклучок, изразиле подготвеност за соодветно одговарање на потребите на клиентите коишто се погодени од корона-кризата и во наредните дванаесет месеци.

Банките претежно оценуваат дека корона-кризата ќе влијае врз зголемување на стапката на нефункционални кредити во обем до 3 процентни поени кај вкупните кредити, како и кај поединечните портфолија на потрошувачки, станбени и кредити на корпоративниот сектор. Има и помал дел од банките што очекуваат повисок раст на стапката на нефункционални кредити.  Банките очекуваат најголем придонес кон растот на нефункционалните кредити од потрошувачките кредити одобрени на населението и кредитите одобрени во дејноста трговија, транспорт, складирање и угостителство, а одреден придонес се очекува и од градежништвото и индустријата.

Слаба соработката со финтек – компании

Меѓу другото, особено значајно е што најголемиот дел од банките очекуваат натамошна посветеност на кредитната поддршка на малите и на средните компании, што би придонесло и за економијата во целина. Истовремено, значителен е и бројот на банките коишто очекуваат зголемување на финансирањето проекти, на кредитирањето на големите нефинансиски друштва, како и на „зелените кредити“.

Резултатите од Анкетата покажуваат дека домашните банки (половината од нив и повеќе) имаат активности на одобрување „зелени кредити“ на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

Половината од банките пријавиле дека немаат тековна соработка со финтек-компании, а нешто помалку од една третина од нив планираат соработка во следниот период.

„Зелените кредити“, кај повеќето банки, имаат учество до 10% од вкупното кредитно портфолио на домаќинствата и на корпоративниот сектор, каде што главно се насочени кон преработувачката индустрија (според половината од банките), по што следува дејноста „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ и дејноста „транспорт и складирање“, со одредена застапеност и во градежништвото и други дејности.

Кога станува збор за финансиските иновации, домашните банки се насочени кон самостоен развој на иновативни производи и услуги, без соработка со финтек-компании, за што се определиле 43% од анкетираните банки.

Соработката со домашни и странски финтек-компании, во форма на партнерства или основачки вложувања, и натаму е на скромно ниво, при што партнерство на комерцијална основа со постоечка финтек-компанија за развој на нови производи или услуги има кај 21%, односно три од анкетираните банки, а само 7% (или една банка) пријавила вклученост во воспоставување или поддршка на финтек-инкубатори.

Половината од банките пријавиле дека немаат тековна соработка со финтек-компании, а нешто помалку од една третина од нив планираат соработка во следниот период. Меѓу банките коишто во некоја форма соработуваат со финтек-компаниите, привлекувањето нови клиенти и следењето на пазарните трендови, се најзначајните мотиви за соработка, а потоа и зголемувањето на приходите и намалувањето на конкурентскиот притисок.

И натаму е мал бројот на банките коишто веќе применуваат некои од новите финансиски технологии, меѓу кои, како најзастапени се издвојуваат т.н. услуги на облак. Втори по застапеност се употребата на биометриски својства за целите на идентификација на корисниците и т.н. НФЦ-технологии за дигитални паричници за мобилните плаќања, коишто се во примена кај зголемен број банки, а има и банки што применуваат методи на т.н. анализа на големи бази податоци и алгоритми за кредитни резултати и алгоритми за потврдување на квалитетот на влезните податоци за моделите.

Само една банка пријавила примена на технологија заснована врз дистрибуирани дигитални записи (DLT) заради следење на трансакциите речиси во реално време и обезбедување усогласеност со прописите и дигитална идентификација на корисниците. Мал е и бројот на банките коишто се во фаза на планирање, развој или тестирање на примената на овие продукти и технологии, при што повеќето банки одговориле дека немаат искуство за финтек-активностите.

Пандемијата останува и натаму најголемиот ризик

Банките очекуваат најголем придонес кон растот на нефункционалните кредити од потрошувачките кредити одобрени на населението и кредитите одобрени во дејноста трговија, транспорт, складирање и угостителство, а одреден придонес се очекува и од градежништвото и индустријата.

Анкетата за оцена на ризиците врз финансиската стабилност покажува дека, слично како и во Анкетата за 2020 година, ризиците коишто произлегуваат од домашното окружување, од страна на испитаниците, се рангирани како највлијателни врз работењето на домашниот финансиски систем во текот на 2021 година.

Гледано по поединечни ризици, пандемијата со ковид-19, според испитаниците, е главниот извор на ризици за домашниот финансиски сектор и во текот на 2021 година. Овој фактор на ризик има највисоко оценето влијание врз домашниот финансиски сектор (просечен ранг од 3,4), при што дури 56% од испитаниците оценуваат висок ефект врз системот во случај на остварување на ризикот.

Веројатноста за остварување на ризикот е исто така оценета на највисоко ниво (просечен ранг од 3,4), при што половината од испитаниците оцениле многу веројатно остварување на овој ризик во текот на годината со интензитет што би имал сериозни негативни последици врз домашниот финансиски систем и економската активност. Следни по значење се ризиците што потекнуваат од домашното окружување, при што како водечки се издвојува ризикот поврзан со домашниот економски амбиент (оценет просечен ранг на влијание од 3,2 и веројатност на остварување од 3,1).

Малку повеќе од една третина од испитаниците оценуваат високо влијание врз системот во случај на остварување на ризикот, што според 28% од нив, е многу веројатно дека ќе се случи во текот на годината. Како ризици со поголемо значење, според оценетиот ефект и веројатноста за остварување, се издвојуваат и ризиците поврзани со кредитоспособноста на домаќинствата и на корпоративниот сектор, политичките ризици и ризиците поврзани со динамиката на процесот на евроинтеграции, како и ризиците поврзани со нивото и динамиката на јавниот долг и долгот на корпоративниот сектор.

Од ризиците што потекнуваат од надворешното окружување, испитаниците како најзначаен го издвојуваат ризикот поврзан со глобалниот економски амбиент (просечен ранг на влијание и веројатност за остварување од 2,7), по што следуваат ризиците поврзани со динамиката на глобалната трговска активност и динамиката на цените, како и ризиците поврзани со глобалните финансиски пазари и амбиентот на ниски каматни стапки. Од групата на другите ризици, покрај пандемијата со ковид-19, испитаниците како позначајни ги издвојуваат и ризиците поврзани со ИТ-системите и нападите од дигиталниот простор.

Анкетата за согледувањата на банките за деловните активности и ризиците од работењето во 2021 година ги опфати сите банки што го сочинуваат македонскиот банкарски систем, додека Анкетата за оцена на ризиците врз финансиската стабилност покрај банките, ги опфати и останатите финансиски институции (штедилниците, друштвата за управување со пензиските фондови, осигурителните друштва, финансиските друштва, брокерските друштва, друштвата за лизинг и друштвата за управување со инвестициските фондови) и економските аналитичари.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка