Connect with us

lifestyle

Ричард Бренсон: Вселенските патувања ќе бидат како и секој друг бизнис

Ричард Бренсон, основач на Вирџин Галактик

објавено

на

Сер Ричард Бренсон, харизматичниот британски претприемач, милијардер, основач на Вирџин групацијата којашто под својата капа има стотици бизниси, следниот месец ќе полни 71 година, но според ентузијазмот и немирниот дух повеќе наликува на некое 20 годишно момченце. Периодов е преокупиран со развојот на програмата за комерцијални летови на својата компанија Вирџин Галактик што ја основаше во 2004 година, со намера да го оствари својот сон – да летне во вселената, а тоа задоволство да им пружи и на многумина други -со подлабок џеб, се разбира. Да се потсетиме на некои фамозни изјави на Бренсон околу вселената, вселенскиот туризам, космонаутите…

Уште откако видов на времето како човекот слетува на месечината, а тогаш бев тинејџер, решив дека еден ден и јас ќе се вивнам во вселената.

Вселенската програма што ја развиваме ќе ни овозможи да направиме летала со коишто луѓето ќе можат да патуваат од една до друга точка на земјата со неверојатни брзини.

Она што најмногу го одзема здивот кога ќе помислите на тоа да бидете во вселената, е всушност глетката на мајката Земја.

Вселенските патувања ќе бидат како и секој друг бизнис. Ќе има конкуренција.

Секој астронаут што се вратил од вселената доаѓа со определба да стори сè што може со цел да ја заштити.

Земјата е колевка на човештвото, но човештвото не може вечно да остане во колевката.

Вселената е концепт на инспирација што ти овозможува да сонуваш големи нешта.

Continue Reading
македонија6 дена ago

Бајден ги стави на црна листа противниците на Охридскиот рамковен и на Преспанскиот договор

регион1 ден ago

Крајот на ерата “Пеевски“

македонија5 дена ago

„Чукни во дрво“: Алкалоид со хуманитарен видеоспот по повод 85-тиот јубилеј

економија3 дена ago

САСА одбележа 15 години од повторното отворање на рудникот

македонија6 дена ago

Туристичките бизниси ќе може да добијат „Знак за безбеден туризам“ од ССК

економија4 дена ago

Развојна банка го продолжува грејс – периодот и рокот на отплата на кредитите од Ковид – 2 линијата

економија4 дена ago

Буџетот се наполни со пари и оптимизам

банки4 дена ago

Речиси 80% од домашните банки очекуваат зголемување на профитабилноста годинава

интервју4 дена ago

Стево Пендаровски: Партизацијата и етнизацијата се рак-рана на општеството

lifestyle4 дена ago

Ричард Бренсон: Вселенските патувања ќе бидат како и секој друг бизнис