Connect with us

интервју

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

Емилија Спировска и Јованка Јолеска, ПроКредит Банка Македонија

објавено

на

Во нашата заложба за поттикнување средина каде што буквално секој може да се истакне, со гордост можеме да кажеме дека оваа институција е изградена врз основа на еднаквост каде што сите добиваат шанса

За тоа како ПроКредит Банка во Македонија, како дел од меѓународната групација ПроКредит Холдинг, ги спроведува во пракса клучните постулати на корпоративната општествена одговорност, вклучително и родовата еднаквост, инклузивност и еднаквите можности, разговаравме со Емилија Спировска, член на УО на банката и со Јованка Јолеска Поповска, претседател на Надзорниот одбор.

Годинава ја одбележавте во знакот на јубилејот – 20 години од почетокот на работењето во земјава, со фокус на  одговорно работење како мисија – водилка. Кои се во моментов клучните постулати на коишто се темели вашето одговорно работење, во согласност со ЕСГ принципите?

Во ПроКредит Банка пристапот кон корпоративна одговорност е фундаментално втемелен во нашето секојдневие и има многу посуштинско значење од класичната дефиниција за општествена одговорност. ПроКредит банка беше основана пред 20 години со јасна визија да направи позитивно влијание на македонското општество, па така одговорноста ја гледаме низ призма на оставање позитивен печат преку нашите постапки и акции, и истата има мултидимензионален карактер.

Одговорноста, пред се ја гледаме кон своите клиенти, да ги слушнеме и разбереме нивните потреби, а со тоа и да обезбедиме квалитетни, транспарентни и ефикасни услуги. Истовремено, наша важна улога е да ги советуваме клиентите во носење на најдобри финансиски одлуки согласно нивните лични потреби и можности, кои ќе овозможат одржливост и долгорочни бенефити за поединците, бизнисите и целокупната економија.

Одговорноста за нас е и промоција на позитивни практики, како инвестиции во енергетска ефикасност и одржливи решенија, промоција на штедење наспроти консумеризам, поттикнување дигитализација за одржлив развој на бизнисите и целокупното општество. Од друга страна, одговорноста ја покажуваме и преку фактот што принципиелно не соработуваме и поддржуваме бизниси и поединци кои имаат негативно влијание врз природата и општеството во кое живееме. Примената на овие високи етички стандарди се всушност и основата на нашето работење и печатот кој го оставаме врз општеството и економијата во изминатите дваесет години.

Одговорноста за нас значи и инвестирање во развој на млади кадри и давање шанса за кариерен развој кој не застанува само во првите години од вработувањето, но и креирање долгорочни можности за надградување, личен развој, градење менаџерски кадри и лидери. Горди сме што во банката годинава голем број колеги го слават јубилејот 20 години заедно со јубилејот на банката, што е доказ за можностите кои ги нуди оваа институција.

Вие сте препознатлива институција по тоа што жените се застапени во  топ менаџментот уште од пред 20 години кога тоа беше атипично во банкарскиот сектор во Македонија.  Дали во ПроКредит  постои дефинирана програма за стимулирање на родовата еднаквост и што опфаќа таа?

Родовата еднаквост, инклузивноста и еднаквите можности за сите вработени се нормативи во институцијата кои се поставени уште од нејзиното основање и остануваат основни темели на нашата корпоративна култура до ден денес. Ние веруваме во моќта на различноста, препознавајќи дека институцијата напредува кога ќе се здружат поединци со различни искуства и перспективи. Во нашата заложба за поттикнување средина каде што буквално секој може да се истакне, со гордост можеме да кажеме дека оваа институција е изградена врз основа на еднаквост каде што сите добиваат шанса.

Согласно тоа, во банката вреднувањето на вработените секогаш се базирало на нивните квалитети и заложби, без разлика на полот. Во моментот, 71% од  вработените во ПроКредит банка се жени. Гледајќи го банкарскиот сектор во земјата, но и пошироко, ова можеби и не е изненадувачка бројка, имајќи предвид дека жените во просек имаат тенденција да избираат постабилна работна атмосфера.

Но, тоа што е уникатно за ПроКредит банка и на кое сме особено горди е тоа што учеството на жени на раководителски позиции е 84%, што е далеку повисоко во однос на просекот во банкарскиот сектор. Овој факт сам по себе зборува дека на жените не им е дадена само шанса да се вработат, туку и можност за развој, кариера, напредување и вреднување на нивниот труд.

Она што е интересно е дека овие проценти не се постигнати заради строго дефинирана програма и исполнување на одредени квоти и цели на институцијата, напротив ваквата застапеност на жените е постигната по природен пат односно преку нивните лични заложби и успеси во рамки на институцијата. Банката отсекогаш важела за фер работодавач, споделувајќи го транспарентно процесот на вработување, но и можноста за професионален напредок во рамки на институцијата. Вложувањето во професионален развој на нашите вработени е приоритет  и сметаме дека нашата отворена комуникација и посветеност е препознаена и ценета од нашите вработени.

Според статистиките, на македонскиот пазар, жените водат претежно мали бизниси. Како вие гледате на проблемот на женското лидерство во општеството и економијата? Како да дојдеме до повеќе жени претприемачи, раководители и останати водечки позиции?

Точно, жените во Македонија поретко се одлучуваат да започнат сопствен бизнис споредено со мажите, а најголем процент на бизнисите кои се основани од жени, се микро бизниси со големина до десет вработени. Ова го потврдува и нашата анализа на базата на клиенти на ПроКредит банка, каде застапеноста на жените на функција на управители во приватниот сектор е само 19%. Тоа е доказ дека потенцијалот на жената како претприемач е недоволно препознаен и искористен во земјава.

Потенцијалот треба првенствено да го препознае жената, и тоа е личен избор, храброст и заложба да се успее во бизнис светот. Секако, претприемачката иницијатива со себе носи одредени жртви и одрекувања, па затоа овој пат не е ни малку лесен. Второ, одлуката за претприемачките иницијативи е неопходно да биде во корелација со семејството и поддршката од најблиската околина. Поддршката од семејството често е критичен фактор за успешен кариерен развој на жените. Флексибилноста во семејството е важна за постигнување баланс меѓу професионалниот и личниот живот. Трето, можностите кои ги нудат институциите и работодавците, еднаквиот третман на вработените и позитивните практики на родова еднаквост, но и флексибилноста на институциите и почитувањето на природата на жените и нивната уникатна улога во природата, мајчинството. Ова е поврзано и со нашата култура како народ, од каде потекнува и корпоративната културата која ги отсликува самите институции.

Во последните години гледаме трендови кај новите генерации каде се повеќе стереотипите се менуваат и традицијата полека го отстапува местото на современото живеење. Тоа доаѓа заедно со дигиталната еволуција каде и потребните квалификации на поголемиот број работни позиции се имаат променето, каде физичка сила е се помалку фактор, а се повеќе се вреднуваат аналитичките, комуникациските вештини, техничките експертски познавања за одредена област – а, жените имаат еднакви можности за добивање на тие квалификации.

Охрабрувањето на повеќе жени да заземат претприемачки и лидерски позиции не е само прашање на промовирање на родовата еднаквост, исто така и промоцијата на женското претприемништво игра важна улога и во развојот на економијата во нашата држава. Истакнување на успешните жени претприемачи и лидери, односно видливоста на успешни жени на лидерски позиции може да ги инспирира и охрабри другите жени да следат слични патишта.

Според некои истражувања компаниите со женско лидерство постигнуваат и подобри резултати од своите конкуренти со типично машко водство. На што се должи тоа според вас, која е компаративната предност на жените во лидерството?

Важно е да се нагласи дека ефективното лидерство е сложена и повеќеслојна особина, а индивидуалните карактеристики и вештини играат значајна улога без оглед на полот. Целта не е да се стереотипизираат или генерализираат, туку да се препознаат и да се ценат различните силни страни што поединците, и мажите и жените, ги носат во лидерските улоги. Токму, комбинацијата на различни перспективи и вештини во лидерските тимови може да придонесе за подобри организациски перформанси.

Праксата и истражувањата покажуваат дека жените како раководители се повеќе склони кон градење тим, структура и долгорочна стабилност за компанијата, а помалку кон преземање на ризик. Жената е таа којашто знае да го зачува тоа што го создава, во нејзината природа е вродено за се што се создава, да го чува, да го развива, негува и да го прави поуспешно. Ова се квалитети кои се потребни во македонското претприемништво.

Како ги  мотивирате/стимулирате девојките/жените во ПроКредит во време кога голем предизвик е да се избалансира кариерата и приватниот живот? Ова не мора да важи само за жените, секако, бидејќи рамнотежата работа – приватен живот станува сè поголема тема во време по пандемијата, кога некои практики (работењето од дома и сл.) остануваат и ден денес…

Важноста на оваа рамнотежа е предизвик со кој сме се соочиле и ние самите. Како жени кои веќе 20 години се дел од институцијата, во целиот тој период сме се граделе не само како професионалци, туку и сме поминале низ процес на личен развој, истовремено соочувајќи се со предизвиците кои  ги носи животот во различни фази – од иницијално вработување, до посета на академии, градење менаџерски вештини, растење на нови позиции кои носат големи одговорности, а од друга страна паралелниот процес кој се случува во приватниот живот како осамостојување од семејството, креирање свое семејство, мајчинството, одржување социјален живот и лична благосостојба.

Урамнотежувањето на кариерата и личниот живот е навистина значаен предизвик за многу поединци, без оглед на полот, и од суштинско значење е компаниите да создадат средина која ги препознава овие предизвици и им дава поддршка на вработените. Веруваме дека рамнотежата придонесува за поголемо задоволство на работата, зголемена продуктивност и севкупна благосостојба.

Токму затоа, нашиот пристап е фокусиран на создавање средина каде што професионалниот успех може да коегзистира со приватниот живот. Горди сме што имаме исклучително квалитетни, високо совесни и одговорни вработени во кои имаме целосна доверба, па затоа и имаме лесна комуникација и меѓусебно разбирање за различните предизвици со кои се соочуваат, не само во работното време, туку и надвор од него. Секој вработен е пред се човек, па затоа и таа поддршка е индивидуална согласно личните потреби.

Со оглед дека се ближи крајот на годинава, да ве прашам како ја заокружува 2023-та ПроКредит Банка во Македонија? Кои се најзначајните достигнувања на банката годинава што изминува во поглед на перформансите?

За ПроКредит банка оваа година беше особено значајна бидејќи го одбележавме нашиот јубилеј 20 години одговорно банкарство и успешно работење на македонскиот пазар. Во таа насока ќе ја заокружиме и оваа година, со зголемување на нашиот пазарен удел и значителен успех во финансиското работење на банката. Овие позитивни резултати ја одразуваат нашата постојана посветеност на обезбедување на исклучителни банкарски услуги и градење долгорочни, партнерски  односи со нашите клиенти. 

Повторно ја докажуваме препознатливата стабилност очекувајќи раст од над 15% на базата на бизнис клиенти до крајот на годината и над 7% на базата на физички лица.

Имаме над 100% пораст на профитот во однос на истиот период минатата година. Кредитното портфолио достигна над 500 милиони евра од кои 20% се “зелени кредити.” Дополнително, од особено голема важност е и ниското ниво на нефункционални кредити од 1,85% што е под просекот на банкарскиот сектор.

Показател за довербата која што ја имаат клиентите во банката е значителното зголемување на депозитната база. Истата се зголеми над 15% и достигна ниво од 550 милиони евра. Позитивниот  тренд е знак дека работењето на ПроКредит Банка е стабилно, а анализираните ризици се соодветно менаџирани, на ниско ниво.

Продолжуваме со нашата мисија да обезбедиме финансиски услуги со висок квалитет кои придонесуваат за одржлив развој на домашната економија, општеството и животната средина, нудејќи иновативни дигитални решенија и промоција на енергетска ефикасност. Веруваме дека преку високо квалитетниот тим на вработени ќе продолжиме да важиме за етичка и одговорна банка и банка трендсетер на сите новини во банкарството кои ќе значат унапредување на банкарските услуги кон нашите клиенти.

технологии / компании8 часа ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика8 часа ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион8 часа ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија8 часа ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија8 часа ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија8 часа ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија8 часа ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки8 часа ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија8 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија8 часа ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија3 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија4 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија2 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки9 часа ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија8 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија