Connect with us

македонија

Самит Македонија 2025: Преку дигитализација македонската економија да стане водечка во регионот

објавено

на

Според сегашните состојби државата заостанува зад европските земји во процесот на дигитализација.  Само 32% од македонските граѓани поседуваат барем основно ниво на дигитални вештини, што е далеку под просекот на ЕУ од 56%.

Дигитализацијата  како клучен сегмент за забрзан економски развој беше во фокусот на десеттиот самит на Организацијата „Македонија 2025“. Во рамките на панелите на Самитот се дискутираше за најновите трендови во дигитализацијата и дигиталните вештини, кружната економија и актуелните економски теми. Покрај тоа беа презентирани и успешни приказни на технолошко напредни компании од регионот на Југоисточна Европа.

 „Да побрзаме напред! Визијата на Македонија 2025 е земјава да стане водечка економија во регионот, преку промовирање на одржлив економски раст што ќе ги подобри можностите за граѓаните, фирмите и странските инвеститори“, порача главната извршна директорка на организацијата  Никица Мојсоска Блажевски, со став дека на овој начин ќе се подобри животниот стандард и ќе се спречи одливот на млади кадри.

Во текот на своето постоење, Македонија2025 во насока на поттикнување на развојот  има доделено 720 стипендии за образование и лидерство, и помогнато на преку 600 компании.

Според сегашните состојби државата заостанува зад европските земји во процесот на дигитализација.  Само 32% од македонските граѓани поседуваат барем основно ниво на дигитални вештини, што е далеку под просекот на ЕУ од 56%.

„Колку и да изгледа несоодветно да се зборува за дигитализација во време кога државата се соочува со сериозна енергетска криза и ценовни шокови, не смееме да дозволиме моменталните предизвици да не спречат да го планираме овој неопходен чекор во развој“- во своето обраќање рече претседателот Стево Пендаровски. Според него покрај намалувањето на невработеноста и растот на економијата, дигитализацијата овозможува транспарентност неопходна за да се минимизира можеби најголемата болест за секоја држава- корупцијата. 

Од Владата велат дека дигитализацијата ќе биде во фокусот на капиталните инвестиции проектирани во буџетот, а бенефитите допрва ќе се почувствуваат. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, земјава ќе биде пионер во воведување асистенти за вештачка интелегенција.

Македонија 2025 има многу амбициозни цели, голем дел ќе бидат постигнати“ –  уверува претседателот на Бордот на директори Мајкл Чкламовски. Вели дека на јасен и транспарентен начин се одделуваат средства за стипендирање на млади таленти и додипломци, во 2021-вата финансирани се вкупно 200 стипендисти.

Марсело Клоре – главен извршен директор на SoftBank Group International и Мајк Зафировски еден од ко-основачите на организацијата Македонија 2025 го наметнаа прашањето дали дигитализацијата е можност или неопходна потреба. Велат светот е жеден за добри претприемачи, неопходни се добри идеи, мора да бидеме подготвени за промени зашто во следните пет години целосно ќе се смени начинот на живот, во купувањето, образованието, лекувањето, и тн.

Говорници на Самитот беа и Н.Е. Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство во Северна Македонија; Изабела Венг, автор и социјален претприемач за дигитална трансформација, Виле Корпела, футурист и соработник на академијата Dubai Future Academy, Василис Монастириотис, Вонреден професор по политичка економија на Европскиот институт и директор за истражување на LSE за Југоисточна Европа и многу други.

Самитот 2021 година беше организиран во хибридна форма со публика од 130 гости, како и голем број на гледачи онлајн. Беа понудени предлози и можни решенија за поголема дигитализација и напредок на дигиталните вештини, како и за унапредување на животната средина и подобрување на квалитетот на живот.

Оваа година се одржа десеттото издание на Самитот Македонија 2025. Во овој период на Самитот учествуваа 520 говорници од 80 земји меѓу кои врвни менаџери и сопственици на бизниси, реформатори, претставници на тинк-тенк организации, меѓународни организации, академската заедница и дипломатски претставници. Во овие десет години над три илјади и петстотини посетители од различни сектори ги проследија говорниците на Самитот Македонија 2025.

технологии / компании7 часа ago

Трендови на коишто треба да внимаваат огласувачите во 2022

македонија7 часа ago

Пет амбасадори на ЕУ земји дискутираа заедно со студентите на тема иднината на Европа – перспектива од земја кандидат

економија7 часа ago

ДДВ-то го наполни буџетот за четвртина повеќе од лани

македонија7 часа ago

Се менуваат алатките, не и новинарските вредности

економија7 часа ago

Просечната каматна стапка на кредити за компании се спушти до 3,55%, а за домаќинства до 5,23%

економија7 часа ago

И покрај моќните ефекти на пандемијата, побарувачката за кредити се врати

Business7 часа ago

Македонските угостители сакаат свој „биткоин“

start up7 часа ago

Топ 5 совети за успех на стартап бизниси

економија11 часа ago

Дигитализацијата бара нови вештини – неформалното образование станува сè поважно

економија21 час ago

Развојната банка објави јавен повик за корисниците на ,,Ковид 3” кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

коментари1 ден ago

Благојче Котески: Совршена енергетска бура или дел од „новото нормално“???!!!

економија11 часа ago

Дигитализацијата бара нови вештини – неформалното образование станува сè поважно

македонија2 дена ago

Македонските угостители сакаат своја крипто валута

технологии / компании2 дена ago

На „Стартапувај 3“ обезбедена најголема финансиска поддршка за стартапите во историјата на ФИТР

политика4 дена ago

Ковачевски: Не сум ничиј човек, туку човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ

економија21 час ago

Развојната банка објави јавен повик за корисниците на ,,Ковид 3” кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

економија4 дена ago

Пешев: Компаниите нема да издржат уште еден локдаун

економија3 дена ago

Просечната каматна стапка на кредити за компании се спушти до 3,55%, а за домаќинства до 5,23%

македонија1 ден ago

Панел дискусија на УАКС: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан

економија7 часа ago

ДДВ-то го наполни буџетот за четвртина повеќе од лани