Connect with us

економија

Самит Отворен Балкан: потпишани четири нови договори

објавено

на

Во рамки на денешниот Самит „Отворен Балкан“, премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите од регионот, одржаа прес-конференција за медиуми, на која што лидерите од регионот испратија порака дека како држави и како влади, се солидаризираме и во заедничко справување со предизвиците во претстојниот зимски период, пред коишто е соочен целиот свет.

На самитот Отворен Балкан во Белград се потпишани нови договори за неограничена трговија со храна, како и кинематографија и аудио-визуелни активности во Западен Балкан.

  1. Договор за безбедност на храна
  2. Меморандум за разбирање во областа на кинематографијата за Западен Балкан
  3. Договор за соработка во областа на рударството и енергетската соработка
  4. Оперативен план од областа на цивилните вонредни состојби

На вториот ден од самитот, премиерот Еди Рама му честиташе на српскиот претседател Александер Вучиќ за ставот за спроведувањето на договорите меѓу Косово и Србија.

„Вчера можеше да биде уште еден ден, каде нашите и европските медиуми ќе беа преполни со вести за тоа што се случува на границата меѓу Србија и Косово. Вчерашниот ден покажа кој е патот и кој е изборот на Отворениот Балкан. Денеска со гордост сакам да кажам дека дури и решението за движење со лични карти е решение на Отворениот Балкан. Сакам да ја изразам мојата почит до претседателот на Србија, кој даде многу јасен сигнал до сите, дека првиот избор е мирот“, рече Рама.

Вучиќ рече дека е важно да се зајакне соработката меѓу земјите од регионот.

На овој самит беше поканет и министерот за надворешни работи на Турција, кој рече дека Турција ја поддржува оваа иницијатива и ја смета за мост меѓу регионот и Европската унија. Иницијативата „Отворен Балкан“ е продолжение на балканскиот „мини-шенген“, претставен во Нови Сад, Србија на 10 октомври 2019 година, од лидерите на Србија, Северна Македонија и Албанија.

Во рамки на денешниот Самит „Отворен Балкан“, премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите од регионот, одржаа прес-конференција за медиуми, на која што лидерите од регионот испратија порака дека како држави и како влади, се солидаризираме и во заедничко справување со предизвиците во претстојниот зимски период, пред коишто е соочен целиот свет.

“Со иницијативата Отворен Балкан покажавме дека Северна Македонија, Србија и Албанија го направија вистинскиот чекор, во клучен момент. Заеднички решавајќи ги суштински прашања. И денес, исто како и вчера со отворањето на првиот меѓународен саем на вино храна и туризам, на кое овозможивме поврзување, можност за развој на регионалната и домашните економии, како и просперитет на регионот.

Овој саем немаше да биде можен доколку решивме да го правиме сите поединечно. Немаше да изгледа како најдобар саем било кога направен во Европа и пошироко туку напротив, тоа ќе беа веројатно мали изложби на вина кои ќе се случеа во три поединечни држави. Затоа сакам да се заблагодарам на сите кои учествуваа во реализацијата на овој саем. Особено да се заблагодарам на домаќините, на Република Србија, претседателот, премиерот и нивните тимови кои овозможија тоа да се случи тука во Белград.”, рече Ковачевски.

Тој додаде и дека покрај конкретни чекори за решавање на загрижувачкиот проблем со недостаток на храна со кој потенцијално се среќава светот, трите држави денеска се согласиле и за уште едно важно прашање, а тоа е соработката во енергетика и справувањето со енергетската криза.

Пред сѐ, ќе ги подобриме условите за меѓугранична трговија со електрична енергија. Тука, разговараме во насока на можноста да се оствари соработка помеѓу српската берза на електрична енергија и македонскиот оператор на организиран пазар на електрична енергија.

Ние како Влада на Република Северна Македонија ги ставаме во функција сите енергетски потенцијали, но како што истакна и претседателот Вучиќ, ако ние имаме производствени капацитети истовремено имаме и недостаток на суровини за производство на електрична енергија кои ги има или во Србија или во Албанија и затоа оваа регионална соработка е исклучително значајна.

Ние веќе имаме договор за соработката во заштитата од катастрофи за Западен Балкан за државите да можат да си помагаат, согласно расположливите капацитети. Но сега ги олеснуваме процедурите и го скратуваме времето потребно за распоредување помош, таму каде што е најпотребна, а се интензивира соработката и во намалувањето на ризиците од катастрофи.“

македонија14 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија2 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност