Connect with us

регион

Саудиската корпорација TAWAL купи  5.000 кули за мобилна телефонија во Хрватска, Словенија и Бугарија

Арапи влегоа на европскиот телеком пазар преку Балканот

објавено

на

Продавач на телеком инфраструктурата е United Group, компанија во сопственост на Драган Шолак, еден од најбогатите Срби денес, која ги поседува и брендовите SBB, Telemach, United Media, како и ТВ каналите SportKlub, Nova TV и N1.

Саудиската групација stc group, моторот на дигиталната трансформација во регионот MENA – Middle East, North Africa (Блискиот исток, Северна Африка), објави дека нејзината подружница ТAWAL официјално започна со работа во Европа.

Објавата уследи по завршувањето на преземањето од страна на TAWAL на телекомуникациските кули/антени/предаватели на United Group во Бугарија, Хрватска и Словенија на 25 април 2023 година, како дел од стратегијата за проширување и раст на групата stc и по добивањето на сите потребни одобренија од поврзаните регулаторни организации.

TAWAL сега поседува и управува со повеќе од 4.800 локации во Бугарија, Хрватска и Словенија, обезбедувајќи оперативни услуги за своите нови клиенти во тие земји. Оваа аквизиција го претставува вториот чекор од планот за проширување на TAWAL  по лансирањето на TAWAL Pakistan во 2022 година. Вкупното портфолио на кули на TAWAL сега надминува 21.000 кули во пет земји.

Портфолио од преку 21.000 кули за мобилна телефонија

Драган Шолак, еден од најбогатите Срби, основач на корпорацијата United Group, чие портфолио вклучува брендови како што се SBB, Telemach, United Media и каналите SportKlub, Nova TV и N1, е мнозински сопственик и на англискиот премиерлигаш Саутемптон.

Со искористување на потенцијалот за раст на европскиот пазар, особено во однос на воведувањето на 5G технологијата и адаптацијата на мобилните услуги, TAWAL има за цел да обезбеди сигурна и ефикасна ИКТ инфраструктурна мрежа за сите мобилни оператори на овие пазари. TAWAL има за цел да донесе значителни инвестиции, најдобри процеси и практики, како и иновативни производи во своето портфолио, велат од таму. Компанијата ќе ја користи својата експертиза во управувањето со критична и стабилна инфраструктура низ Саудиска Арабија за да ги зајакне европските пазари преку забрзување на распоредувањето на ИКТ инфраструктурата на овие пазари, велат од компанијата.

„Воодушевени сме што го започнавме нашиот бизнис во Европа. Ова достигнување претставува важна пресвртница за TAWAL да го прошири своето влијание на други важни пазари. Користејќи ги нашите ресурси и најдобри практики, имаме за цел да донесеме уште поголема вредност на европските пазари со тоа што ќе им овозможиме на нашите клиенти да работат поефикасно“,  рече Мохамед Алхакбани, извршен директор на TAWAL.

Патем, stc group е најголемата ИКТ компании во  Саудиска Арабија и регионот MENA, додека TAWAL поседува портфолио од повеќе од 21.000 телекомуникациски кули низ Саудиска Арабија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Пакистан.

United Grupa BV e  водечка телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа во сопственост на српскиот бизнисмен Драган Шолак, која ги поседува Telemach, N1 и Nova TV во Хрватска, и пред неколку месеци постигна договор за продажба на 100 отсто од својата единица за мобилни телекомуникациски столбови во Бугарија, Хрватска и Словенија.

Вредноста на трансакцијата беше проценета на околу  1,220 милијарди евра, што претставува EV/EBITDA множител од 20,1x.

Следење на трендот

Продажбата на мобилните столбови на United Group го следи трендот на одвојување и монетизација на мобилната телекомуникациска инфраструктура на телекомуникациските оператори во Европа и во светот. Трансакцијата ќе овозможи континуирано инвестирање во мобилната мрежа, вклучувајќи ги и плановите за отпочнување на приближно 2.000 дополнителни локации во следните 20 години, што ќе и овозможи на United Group да обезбедува висококвалитетни услуги за своите клиенти на долг рок.

Оваа трансакција претставува прва инвестиција на TAWAL во европскиот телекомуникациски сектор.

TAWAL e во состав на најголемата компанија за телеком услуги во Саудиска Арабија, stc (Saudi Telecommunication Company), која е пак во сопственост на саудиското кралско семејство. TAWAL со аквизицијата на Балканот, ќе поседува преку 21.000 кули за мобилна телефонија во Блискиот Исток, Бугарија, Хрватска, Словенија и Пакистан.

Во изминатите три години, United Group пак,  ја зацврсти својата позиција како водечка мулти-плеј телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа. Успешно се прошири на нови пазари на ЕУ, инвестирајќи значителни средства во Грција, Бугарија и Хрватска. Компанијата управува со средства кои вклучуваат мобилни и фиксни интернет услуги, телевизија со претплата и медиуми. United Group продолжува да се надоврзува на своето искуство од успешни спојувања и преземања, како и на растечката репутација за обезбедување на висококвалитетни телекомуникациски и медиумски услуги, и ќе бара понатамошни можности за проширување во ЕУ.

Викторија Боклаг, извршен директор на United Group, рече: „Задоволни сме што успешно ја дефиниравме вредноста на нашите кули во договор што ни овозможува поефикасно да управуваме со глобалните макроекономски притисоци. Ова ќе го поддржи континуираното инвестирање во нашите портфолио компании за да се осигури дека тие ќе останат конкурентни на нивните пазари. Задоволни сме што најдовме силен партнер во TAWAL и ќе бараме дополнителни можности да работиме со нив додека го прошируваат своето присуство на европскиот пазар. “

United Group е во мнозинска сопственост на BC Partners, водечка меѓународна инвестициска компанија.

Американската инвестициска банка Goldman Sachs делуваше како финансиски советник на United Group во трансакцијата.

„Условите на трансакцијата вклучуваат долгорочен договор за мастер услуги и договор за ниво на услуга за наше континуирано користење на инфраструктурата на телекомуникациските столбови по завршувањето на трансакцијата. Склучувањето на трансакцијата е предмет на вообичаени услови и се очекува во текот на втората половина на 2023 година“, извести N1, дел од United Group.

Драган Шолак, еден од најбогатите Срби, основач на корпорацијата United Group, чие портфолио вклучува брендови како што се SBB, Telemach, United Media и каналите SportKlub, Nova TV и N1, е мнозински сопственик и на англискиот премиерлигаш Саутемптон.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал