Connect with us

интервју

Сашко Блажевски, НЕЛТ СТ: Четврт век сме синоним за врвна услуга – дистрибуција и логистика на локални, регионални и светски брендови

Сашко Блажевски, извршен директор на Nelt Grupa за македонскиот пазар

објавено

на

Како добавувач во индустријата на производи за широка потрошувачка  Нелт СТ секогаш се наоѓа на врвот во првите места кај нашите купувачи. Препознаени како транспарентни и принципиелни, компанија од која секогаш има да се научи нешто ново и која постојано тежнее кон пронаоѓање на нови можности за заеднички раст. Со сите предизвици во тековната година, завршуваме успешно со зголемен раст на бруто приходите за 35% од кои 23% се органски раст, останатото се новите бизниси кои ги започнавме во оваа година.

Компанијата Нелт СТ, членка на регионалниот конгломерат Nelt Grupа, годинава одбележува јубилејни 25 години работа на македонскиот пазар, остварувајќи  промет од над 60 милиони евра, што е раст од 15% во однос на претходната година.  Нелт СТ денес дистрибуира глобални лидери во FMCG индустријата (производи за широка потрошувачка, н.з.), како што се: P&G, Mondelez, Jaffa, Banini, Jacobs, BIC, Dr Oetker, Duracell, Sebamed и Johnson & Johnson, а 2023 ја одбележува и почетокот на соработката со корпорацијата Фортенова во делот на дистрибуција на брендовите Јамница и Дијамант, заедно со почетокот на дистрибуција на брендовите Чачански чипс, Грицко и Флипс на српската компанија Chips way.

Со Сашко Блажевски, извршен директор на Нелт СТ, односно на NELT Grupa за македонскиот пазар, разговаравме за тоа каде е позиционирана компанијата денес на пазарот после четврт век работа, и какви се плановите за понатамошен раст и развој.

Г-дин Блажевски, прво, честитки за јубилејот 25 години на македонскиот пазар, и за почеток, малку подетално инфо за нашите читатели – што значи Нелт СТ за дистрибуцијата и логистиката во земјава, односно како е позиционирана компанијата на пазарот во моментов?

Благодарам на честитките и благодарам на приликата, на вашите читатели да дадеме поширока слика со информации од нашата компанија.

Нелт СТ е синоним за дистрибуција и логистика со врвна услуга на локални, регионални и глобални брендови, како во нашата држава, дополнително и на  11 други пазари, вклучувајќи ја Африка, каде сме присутни со наши операции во Ангола, Замбија и Мозамбик, во дистрибуција, логистика и производство.

Како добавувач во FMCG индустријата  Нелт СТ секогаш се наоѓа на врвот во првите места кај нашите купувачи. Препознаени како транспарентни и принципиелни, компанија од која секогаш има да се научи нешто ново и која постојано тежнее кон пронаоѓање на нови можности за заеднички раст.

Како ја завршувате оваа година од аспект на обртот, добивката, новите вработувања?

Со сите предизвици во тековната година, завршуваме успешно со зголемен раст на бруто приходите за 35% од кои 23% се органски раст, останатото се новите бизниси кои ги започнавме во оваа година.

Бидејќи овој пораст е невозможно да се оствари без соодветни  инвестиции, овде е важно да се спомне дека во однос на буџетот годината ќе ја завршиме над  планираното за 1,5% .

Најголема инвестиција кај нас во Нелт се вработените, а броиме 276.  Колку тоа и да звучи како флоскула, не може да го занемари фактот дека изминатата година вработивме 76 нови колеги, дополнето со педесетина интерни внатрешни поместувања во организацијата.

Математички искажано, околу половина од организацијата во оваа година се нови колеги или вработени на нови позиции.

Кои беа другите најзначајни постигнувања за Нелт СТ изминатава година, што тоа ја одбележа 2023?

Наша определба и план е да останеме избор број еден за сегашните и идни принципали во обезбедувањето  услуга за брендови кои ги застапуваме. За 2024 година, планирани се  нови инвестиции во бизнисот, нови  вработувања, воведување на нови пракси во тековното работење поврзани со дигитализација и роботизација, како во интерното работење, така и кон нашите надворешни соработници.

Ги има повеќе, ќе наведам само дел од нив:

Склучени нови партнерства за дистрибуција со Фортенова група и нивните компании Јамница и Дијамант, како и Чипс Веј ( Чачански чипс)

Нелт Македонија направи најголем исчекор (10 процентни поени) на ниво на цела Нелт група, во мерење на организациското здравје и задоволството на вработените од страна на реномираната компанија McKinsey. Резултат кој не позиционира во

Тoп  квартил на организациско здравје на компаниите глобално, во кои учество имаат големи светски имиња.

Во месец октомври се одржа Nelt week во Скопје и  бевме домаќини на повеќе од 110 менаџери од Нелт Група,  со кои во заеднички и поединечни работилници разговаравме и работевме на можностите, трендовите и  стратешките цели на Нелт Група.

Неформалниот дел го искористивме на колегите од другите пазари  да им ја доближиме македонската култура, преку храна, музика и забава, по што сме и секаде добро препознатливи.

Круната на Nelt Week Skopje беше  пресот за новинари и коктелот за нашите соработници, да ја искористиме можноста за дадено признание и благодарност и заедно го прославиме јубилејот 25 години Нелт Македонија.

Пораката која ја испраќаме, е да повикаме на уште поблиска и подлабока соработка помеѓу сите нас, како директни „стејкхолдери„,  креатори и учесници во македонската економија, моментално и во времето кое следи.

На настанот по повод јубилејот изјавивте дека во фокусот ги ставате луѓето, па објаснете малку повеќе што значи оваа корпоративна вредност за вас и вашите вработени?

Во претходниот одговор го наведов напредокот на организациското здравје, тоа е во директна релација со нашите вработени. Крајниот резултат, односно достигнувањето на Топ квартилот по методологија од светска компанија како McKinsey, е потврда за вистински преземени активности кон нашите вработени кои сме ги имале во изминатиот период. Покрај зголемениот број на бенефити кон вработените, како што се: приватно здравствено осигурување, флексибилно работно време, работа од дома, најважно од сѐ е грижата на компанијата кон сите нас,  за овозможен  континуиран развој, низ мноштво групни и  наменски програми, менторство, стипендии…

На таков начин,  сите ние имаме можност да се надградуваме со актуелности и трендовите кои се случуваат, со фокус кон хоризонтот, како ориентир кон иднината, имаме активен придонес за самите нас, но секако и придонес во стопанството и социјалниот живот во нашата држава.

Групацијата има присуство и во Африка, што значи е меѓународно присутна… што значи тоа за Нелт СТ, односно за вработените, во смисла на можности за трансфери, работа надвор од земјава,  стекнувања искуства? Има ли доста македонски вработени што продолжиле кариера во другите единици на Нелт, и обратно, од надвор да доаѓаат во земјава?

Ширината која ја овозможува групацијата како на регионалниот пазар, така и за Африка, во секој момент е на располагање  за сите вработени кои се спремни и чувствуваат потреба за развој надвор од нашата држава. Нашето задоволството е поголемо кога се спомнува Африка, бидејќи  според процентуално учество на вработени, Нелт Македонија е број еден во присуство на свои вработени за развој на африканскиот пазар, споредбено со останатите земји каде е присутен Нелт.

Секако, тоа е „двонасочна улица“ односно, кај нас во минатото и моментално работат колеги од други пазари, кои го даваат својот придонес во резултатите на Нелт СТ.

Во месец октомври се одржа Nelt week во Скопје и  бевме домаќини на повеќе од 110 менаџери од Нелт Група,  со кои во заеднички и поединечни работилници разговаравме и работевме на можностите, трендовите и  стратешките цели на Нелт Група. Неформалниот дел го искористивме на колегите од другите пазари  да им ја доближиме македонската култура, преку храна, музика и забава, по што сме и секаде добро препознатливи.

Кои се најголемите предизвици периодов за секторот дистрибуција и логистика, мислам пред сѐ генерално, на глобално ниво, па следствено и за вас како локална компанија, но која е дел од поширока регионална групација?  Од аспект на сите турбуленции и промени што се случија последниве години, почнувајќи од пандемијата, економската криза, енергетиката, но и технолошките промени што влијаат врз растот и развојот на бизнисот…

Зголемените трошоци!

Сите предизвици кои се набројани допринесуваат кон значително зголемените трошоци, кои се карактеристика во секоја земја, без исклучок нашата држава во однос на останатите  е секогаш околу  врвот (процентуално зголемување), зависно за која категорија на трошоците се однесува.

Микро и макро окружувањето со трендовите на делување се заедничко секојдневие, а ние делуваме преку исплатливи инвестиции и пронаоѓање начини за поголема продуктивност во операциите на процесите во компанијата.  На овој начин, преку инвестиции, поголемата ефикасност по помош на дигитализацијата, се овозможува да се намалат трошоците, како истите во целост, не бидат  пренесени кон нашите купувачи.

Кога сме кај технологијата, колку развојот на ИТ алатките, вештачката интелигенција и сл. носат бенефит во сектор како што е логистика и дистрибуција, преку што најочигледно се истакнува нивната примена во моментов?

Токму тука е нашето најголемо забрзување, што ја отсликува нашата стратегија која секојдневно ја живееме…Преку примена на  дигитализацијата во сите сектори, структурирање, обработка, анализа на податоци, примена на информациите кон подобрување на продуктивноста, применета роботизација во финансии, логистика,  самостојна работа на алгоритми, се поголема свесност за користење на  вештачката интелигенција од страна на нашите вработени, итн. Тоа се само дел од веќе активните и идни иницијативи, кои имаат за цел да го менуваат досегашниот начин на работење, позитивно влијаат на трошоци и преку квалитетна оптимизација  придонесуваат кон поголема продуктивност.

Какви се плановите за понатамошен развој и раст на Нелт СТ во Македонија, што може следно да се очекува од компанијата?

Одржување на лидерската позиција во воведување на иновативност и пристап во дистрибутивните и логистичките услуги. Континуитет на градење култура во компанија каде  се чувствуваме добро, се развиваме, но воедно и  свесни за потребата на придонес со наша додадена вредност. И секако, да останеме избор број еден за сегашните и идни принципали во обезбедувањето  услуга за брендови кои ги застапуваме.

За 2024 година, планирани се  нови инвестиции во бизнисот, нови  вработувања, воведување на нови пракси во тековното работење поврзани со дигитализација и роботизација, како во интерното работење, така и кон нашите надворешни соработници.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки7 дена ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи