Connect with us

интервју

Сашко Митовски: Деноноќно работиме општината да биде една од најуредените, најчистите, најзелените и најеколошките во државата

Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка

објавено

на

„Општина Крива Паланка е препознатлива во земјава и регионот, посетена и посакувана дестинација за бројни посетители, зашто во изминатите 24 месеци градот се развива со силно темпо, се вложува во него како никогаш досега“, вели градоначалникот на најсеверниот град во државата, Сашко Митовски.

„Крива Паланка се развива, гради и уредува како никогаш досега, оваа локална власт има една цел – да оставаме траен влог за иднината на: чиста, урбана, модерна и транспортно поврзана, како што ѝ личи, на нашата убава, родна Крива Паланка. Општина Крива Паланка е препознатлива во земјава и регионот, посетена и посакувана дестинација за бројни посетители, зашто во изминатите 24 месеци градот се развива со силно темпо, се вложува во него како никогаш досега“, вели градоначалникот на најсеверниот град во државата, Сашко Митовски.

Вака накратко беше сублимирана неговата двегодишна работа како прв човек на градот под Осоговието кој бележи значаен развој и просперитет во истиот период, за кој Митовски ќе рече, се 730 денови посветени на локалната заедница и граѓаните, илјадници часови макотрпна и деноноќна работа на неуморните тимови и служби, советници и вработени во сите претпријатија од општината кои заеднички и тимски придонесуваат кон сликата на градот денес.

Г-дин Митовски, на 1 ноември се навршија две години од преземањето на функцијата градоначалник на Крива Паланка, период за  кој правејќи ретроспектива, велите, направен е забележително голем напредок кон подобро на целокупната слика на градот. Најпрвин, ќе Ве запрашам, како се носите со обврската и функцијата како прилично млад човек, кои се предизвиците со кои се соочувате, со оглед на тоа дека тој период го одбележа преминот од Ковид-19 пандемија и здравствена криза, кон економска криза на која ниту државата, ниту општините не останаа имуни?

Верувајте, во ниту еден момент не беше лесно, ниту во периодот по пандемијата, ниту во кризата на економски план, судејќи по тоа дека локалните предизвици се сосема реални и нема одложување на секој еден проблем што тековно ги засега граѓаните, надвор од глобалните случувања. Така што, без поговор не отстапивме од тоа: дали да се гази калта, да се расчистува снегот, да се пробиваат патишта, да се санираат штети од невреме, да се засукаат ракавите и да се градат нови километри кои ја трасираат иднината на моите кривопаланчани… Некој час помалку од сонот значеше повеќе часови посветени на предизвиците за модерна, развиена и европска Крива Паланка. Не беше лесно да се оди по трасираниот пат кој го зацртав пред две години кога дојдов на функцијата градоначалник, но не се откажав од целите поставени првиот ден.

Функцијата градоначалник можеби за некого претставува функција, но мене, како што ветив уште во предизборието и како што практикувам изминатите две години, ми претставува обврска и одговорност, а и привилегија, и тоа, не во смисла да имам погодности и да бидам над граѓаните, туку напротив, привилегија да му служам  на народот, да бидам во служба на граѓаните и да работам за подобро утре на секој еден жител на општината. Таа работа, сите залагања на кои сум целосно посветен се вградени буквално во секој проект и секоја реализирана програма, во секоја планирана и креирана мерка за младите, за возрасните, за дечињата, за ранливите категории, имплементирани овие 24 месеци.

Броите значителни реализирани капитални проекти, импозантни суми инвестирани во различни области и конкретни донесени мерки за подобрување на животот во градот, кој беше фокусот на работењето, каде најмногу се инвестираше?

За работата и вложувањата какви што, реално, не се забележани во изминатите десет, дваесет и повеќе години, говорат конкретните резултати и дела. Тоа се факти и аргументи што постојат и се видливи за секого: за  само 24 месеци вложивме над 3.000.000 евра за изградба на улици и патишта, за регионалната и локална патна мрежа, пешачки и рекреативни патеки, во фаза на реализација се проекти вредни 500 илјади евра кои ќе бидат завршени многу скоро, а со потпишаните договори и одобрени средства вложуваме уште 2 милиони евра за  патна инфраструктура во следните месеци, така што сумираните бројки и цифри само во оваа област се импозантни, 5.5 милиони евра за само 2 години во патната инфраструктура.

Инвестиравме 1.2 милиони евра во изградба на нови водоводи и канализации, уредување на речното корито на Крива Река и регулација на долови, близу 1 милион евра за реконструкција реконструкција и обнова на локални објекти и објекти на национални установи, над 500.000 евра за нова спортска инфраструктура, повеќе од 140.000 евра за детски катчиња, од ниту едно детско катче во 2021, денес има 10 и се проектираат нови 6 катчиња, а планот е до крајот на мојот мандат да има по едно во секое урбано населено место во градот, 300.000 евра се вложени во опремување на ТППЕ и јавните претпријатија, рекордни, како никогаш досега, 350.000 евра за изработка на проектно – техничка документација, воведовме повеќе од 10 различни мерки за поддршка на млади и субвенции на младите, на студентите, продолживме да ги стипендираме талентираните ученици и спортисти, во моментот 40-тина од нив добиваат стипендии од буџетот на општината.

Истовремено, вложивме многу во уредување зеленило и чистота,  подигнати и уредени се нови  16.000 квадратни метри   зелени површини и  засадени  се дрвореди со повеќе од 2.000 различни видови дрва, за само 24 месеци, а две години во континуитет, програмите за јавно зеленило и јавна чистота бележат  реализација од 100 проценти.

Тоа ја прави Крива Паланка денес  една од најуредените, најчистите, најзелените и најеколошките општини во државата, за што говорат бројните пораки, објави и фотографии на задоволни кривопаланчани, но и на голем број посетители, а тоа не прави горди и мене и целата општинска власт. Секако, најмногу граѓаните, кои се гордеат со својот град.

Како е да се биде градоначалник на град што има исклучителни потенцијали за развој, град на Коридорот 8, но и град со релативно скромен буџет?

„Градиме и работиме во заедничка спрега со централната власт, со големата поддршка од министерствата што преку разни програми ни помагаат како општина да ги оствариме ветувањата дадени пред граѓаните, да го подобриме живеењето на секој жител, во секое населено место во Крива Паланка. И сето тоа е резултат на секојдневните заложби, мои и на општинската администрација, на советниците.“

Капиталните проекти кои со години и децении само се најавуваа,  полека стануваат реалност, а со тоа и Крива Паланка конечно го добива своето вистинско стратешко место на Коридорот Исток – Запад. Општината се поврзува регионално со патна инфраструктура преку експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, меѓународната трансверзала кон Европа и  Блискиот Исток се гради забрзано преку рехабилитација на патот кон граничниот премин Деве Баир, изградбата на  железничкиот Коридор 8,  а градот се развива со динамика која не е запаметена во историјата.

Градиме и работиме во заедничка спрега со централната власт, со големата поддршка од министерствата што преку разни програми ни помагаат како општина да ги оствариме ветувањата дадени пред граѓаните, да го подобриме живеењето на секој жител, во секое населено место во Крива Паланка. И сето тоа е резултат на секојдневните заложби, мои и на општинската администрација, на советниците. Резултат  на напорна работа, упорност, пожртвуваност и најмногу од сè љубов кон она што го правам, зашто единствен начин да направите нешто големо, нешто значајно е да го сакате тоа што го работите.

Затоа и многу често кога ќе ме прашаат пријателите: „Како издржуваш, постојано си на терен, светлото во кабинетот до доцна навечер ти стои  вклучено и буквално секаде те има, како“? Јас немам друг одговор, освен единствениот, реалниот и најискрениот: работам и ќе продолжам да работам со љубов и срце за нашата Крива Паланка. Токму ова беше мојот темел, мојата дeвиза, мојот мотив, патоказ, мојата водилка во сите овие изминати непрoспиени ноќи и работа посветена на градот и граѓаните. Две години макотрпна работа со многу љубов, чисто и искрено срце. Затоа што така се обврзав, затоа што токму тоа граѓаните на Крива Паланка го заслужуваат и зашто тоа е мојот стил на работа: висок процент на реализација на сè што е ветено,преку факти,бројки и аргументи.

Велите, така се обврзавте, што друго граѓаните треба и можат да очекуваат во претстојниот период, ако сега, на половина од мандатот можете да кажете дека навистина голем број од ветеното е остварено?

Граѓаните се реалниот и единствениот судија, а тие сведочат и дека се грижиме подеднакво за сите категории лица, па така, покрај вложените 17 милиони денари за социјална грижа и социјална заштита, пред само два месеци беше отворен прв Дневен центар за престој на стари лица со активно стареење,  а наскоро, она што со децении се ветуваше, станува реалност,  Крива Паланка добива и  Дом за стари лица. Проектот е изготвен, локацијата е постојниот дел од домот за ученици, влезен е во програмата на МТСП и јас верувам дека и овој горлив проблем што навистина ги засега моите паланчани, наскоро ќе го вброиме во решени.

Инвестиравме 9 милиони денари во култура и културни настани,  резултатот е сѐ поголем број туристи и посетители, како и добриот глас што надалеку се слуша за градот. Во овие две години решени се голем број барања за легализација на дивоградби, за што придонесе усвоениот динамички план.  Имам уште многу да набројувам, но ќе ги спомнам само најновите значајни капитални вложувања кои следуваат многу скоро, договори се потпишани и средства се одобрени за: проект „Проширување и рехабилитација на централната градска улица, од населба Единство до Соларски Мост„ инвестиција вредна 40 милиони  денари, средства обезбедени од Светска банка и Министерството за транспорт и врски.

Градот со овој проект добива нов лик, а истиот ќе придонесе и за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Следува реконструкција на Градечки и Соларски мост, инвестиција во вредност од 14 милиони денари, со која значајно ќе го промениме ликот на центарот на градот. Еден од најзначајните проекти, можеби и најзначаен е донесениот нов генерален урбанистички план на градот по речиси половина век, што отвора нови можности за развој на градот, нов дух и една поинаква димензија за планирањето и модерното живеење.

Паралелно работиме на инвестирање во развојот на Калин Камен, каде со вложувања во основна инфраструктура, со донесени ДУП-ови и одобренија за градба на хотели, со изготвениот проект за адреналински парк, се создава сликата на она што Калин Камен во иднина ќе биде, развиен и атрактивен туристичко – рекреативен локалитет со сите можности што ги нуди за зимски, ски-туризам и адреналински и алтернативен туризам за сите љубители ан планината, природата, чистиот воздух…  Овие реални и конкретни проекти и мерки  ја моделираат нашата Крива Паланка секој ден, и тука сум одлучен, продолжувам со несмалено темпо во работата, зашто на ова парче земја на кое сум се родил и растев, имаме обврска, сите заедно, да создадеме подобри услови за да посакаат и нашите деца тука да ја градат својата  иднина. Затоа, цврсто верувам дека се што правиме ќе остане трајна вредност за сите идни генерации.

Каква порака носи вашиот тим, бидејќи, постојано потенцирате дека создаденото е плод на соработка и заедништво?

Јас само ќе порачам дека како досега, и  деновите што доаѓаат ги посветуваме на  нашиот микро свет- нашата Крива Паланка, ср’жта на нашето постоење и самопрепознавање. Секој од нас остава свој белег и дава свој печат на препознатливост на ова наше место каде дишат вложениот труд, капките пот, здружените раце што создаваат цврсти темели. И врз нив секој нов ден го градиме својот заеднички дом. Горд сум што и како човек, и како градоначалник секојдневно сум опкружен со луѓе со кои заедно чекориме кон нови промени, нов свет и нова визија за Крива Паланка. Почестен сум што сум предводник на едно големо и сложно семејство , кое го има клучот на успехот со кој се отвора портата на Криворечието и ја носи светлината на новиот ден. Продолжуваме заедно да ја градиме Крива Паланка моделирајќи ја секој ден по урнек на европските градови.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?