Connect with us

интервју

Сашо Јовановски: Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер

Сашо Јовановски, Даталаб Македонија и Андреј Мертељ, Даталаб Технологије д.д.

објавено

на

Спојувања  (merges) на компании во земјава се случуваат исклучително ретко. На крајот на месец март 2021 година, домашните и регионалните портали  ја пренесоа информацијата од берзата во Љубљана, дека се спојуваат  македонската компанија ИнКом ЕРП со Даталаб од Словенија. Тргнавме во потрага по оваа вест, за да ги дознаеме деталите за ова спојување. Ви ги пренесуваме изјавите од нашите соговорници, за процесот на спојување како и за очекувањата кои се поставени за периодот кој следи. Разговаравме со новиот директор на Даталаб Македонија – Сашо Јовановски (фирма ќерка на Даталаб Технологије од Словенија), како и со главниот извршен директор на Даталаб – Андреј Мертељ.

Г-дин  Јовановски,  зошто се одлучивте за спојување на тимот на ИнКом ЕРП во Даталаб Македонија? Вашите деловни резултати во изминатите години се исклучителни, со постојан раст на корисници на вашите услуги, како и со присуство во повеќе држави во регионот?

Јовановски: Компанијата ИнКом во изминатите години, покажа дека во Северна Македонија постои квалитетен консултантски потенцијал, кој е баран во повеќе држави во регионот. Заедно со деловниот партнер Ѓорѓи Николов и тимот на искусни консултанти, реализиравме бројни проекти за дигитална трансформација во регионот. Повеќе компании во Србија, Косово, Албанија и Словенија ги користеа нашите услуги, посебно за имплементација на деловен систем кај производствени компании.

Нашите услуги ги ставивме на располагање по барање на самите компании, на кои тимот за имплементација кој треба да ја изведе дигиталната трансформација им беше од најголемо значење. Нашето инсистирање за високо квалитетни услуги за дигитална трансформација, квалитетен проектен менаџмент и искусен тим, ни беа најдобра препорака кај новите корисници. Во регионот, а посебно во Словенија – постои изградена свест дека основата за дигитална трансформација се квалитетни консултантски услуги.

Овие проекти се базирани на најпопуларниот регионален деловен софтвер Pantheon (покрива процеси во сметководство, производство, материјално работење, продажба, набавки, плати, човечки ресурси, DMS, архива, финансии). Овој продукт на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација. Од тука доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нашиот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година. Засилени со консултантите од  Даталаб Македонија, наш личен предизвик е да направиме силен прогрес во регионот, но и да ја засилиме лидерска позиција за деловен софтвер во Северна Македонија.

Г-дин Мертељ, Вам секако добро ви е познат македонскиот пазар, бидејќи вашата компанија е присутна во Северна Македонија уште од 2008 година. Зошто се решивте за спојување на компаниите? Кои се очекувањата? Што добива Даталаб со инвестицијата?

Мертељ: Живееме во период во кој КОВИД-19 создаде многу голема побарувачка за дигитализација во нашите приватни и деловни активности. Компаниите треба да бидат опремени и  да работат дигитално, бидејќи побарувачката за дигитални услуги што ја олеснуваат работа од дома е зголемена. Во пракса ова значи, дека покрај нашата деловна програма Pantheon поставена на облак (cloud), деловните субјекти исто така ги имплементираат нашите услуги за еБизнис активности, како што се еДокументација, еФактура, еКнижење, WorkFlow (Тек на документи) и многу повеќе.

За да можеме успешно да ги воведеме сите овие производи на пазарот во Северна Македонија, потребен ни е силен тим со високо обучени консултанти за да можеме да станеме поконкурентни. Градиме регионален центар што ќе ни овозможи да го сториме токму тоа и да ни помогне да ги развиваме нашите производи и да ја развиваме нашата компанија.

Инком има фантастичен и високо мотивиран тим со богато знаење и искуство, поради што решивме да ги споиме нашите стратегии и тимови. Заедно, ќе изградиме успешна приказна со цел да станеме најголемата ERP компанија во земјата и можеби дури и во микрорегионот.

Г-дин Јовановски, изминатиов период бевте ангажиран од повеќе компании во Македонија и регионот, како ментор или консултант за развој на бизнисот. Дали можеме да очекуваме ваков ангажман од Ваша страна во улога на директор во Даталаб Македонија ?

Јовановски: Сите треба да имаме лична одговорност кон семејството, кон деловната заедница, кон државата во која живееме. Десетина години волонтерски им помагам на компаниите во земјава, како дел од проекти кои во фокусот имаат стартап компаниите. Сметам дека тоа ми е обврска, од која нема да се откажам. Веќе во првите денови од стапување на новата позиција, иницирав проект за корпоративна  иновативност со ФИТР. Верувам дека преку овој проект, заедно со ФИТР, ќе им помогнеме на десетина нови македонски стартапи. Идејата е токму преку менторство, бизнис совети и поставување на нови бизнис модели, да помогнеме во развојот на мали компании од повеќе сектори:

  1. Модерни сметководствени агенции, кои ќе понудат сметководствени услуги базирани на облак (cloud) платформи. Таргетот на овие компании ќе бидат сите 65.000 корисници во регионот, не само корисниците во Северна Македонија.
  2. Нови ИТ софтверски фирми, кои ќе понудат нови софтверски вертикали, како мобилни апликации, е-продавници и други решенија за целата Даталаб заедница. Потребата и пазарот постојат и се достапни за овие компании.
  3. Консултантски компании кои ќе нудат проекти за дигитална трансформација во целиот регион. Нашиот тим има разработен деловен план за директно присуство во повеќе држави во регионот, па овие нови компании ќе имаат деловна можност која не треба да ја пропуштат.

Ги повикувам сите млади економисти, програмери, консултанти .. кои имаат претприемачки дух и храброст, да ни се приклучат на оваа патување!

Г-дин  Мертељ, што носи Даталаб на пазарот во Северна Македонија?

Мертељ: Иако развојот на технологијата им овозможи на деловните субјекти да го оптимизираат и дигитализираат своето работење веќе пред повеќе години, потребна ни беше ситуација како оваа во која се наоѓаме во моментов за да ги отвориме очите кон тој факт.

Една од новите програми што ќе ја воведеме на пазарот во Северна Македонија е PANTHEON Web Light, онлајн веб програма наменета за мали бизниси и за сите постојни корисници на PANTHEON кои сакаат да ги надградат своите процеси со веб-базирана верзија.

Дополнително, ќе понудиме повеќе наши пакети на еБизнис услуги што ќе ги подигне процесите на компаниите во дигиталната сфера.

Како давател на услуги за дигитална трансформација, јас сум многу свесен колку е важно работењето на компанијата да е континуирано без прекин. Одговорните сопственици и менаџерите ќе сторат сè што е во нивна моќ да обезбедат континуирано работење на нивната компанија дури и во ситуации како што е оваа во која се наоѓаме денес.

Г-дин  Јовановски,  какво влијание врз македонските компании ќе имаат новите технологии и програми за кои говореше господинот Мертељ?

Сашо Јовановски: Дигиталната трансформација е неопходна во македонските компании, бидејќи преку овој процес, ќе постигнеме висока продуктивност и ефикасност во работењето. Не гледам друга можност за брз развој на нашата економија, освен  инвестирањето во дигитална трансформација, за што ги имаме сите претпоставки. Придобивките од овој процес зависат од типот на самата компанија, а нашите искуства со имплементација на Pantheon ERP деловното решение во Македонија и регионот, ни покажаа дека:

  • ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ КОМПАНИИ – го зголемуваат нивото на ефикасност во процесот на производство, добро владеат со нарачките и со производствената цена на сопствените продукти. Сето ова, без квалитетна дигитална трансформација е тешко достижно.
  • ТРГОВСКИТЕ КОМПАНИИ – низ процесот на дигитална трансформација добиваат подобро менаџирање на залихите, но и го решаваат проблемот на скалабилност на продажниот процес – ова е голем проблем кај нас, бидејќи најчесто сопственикот на трговска фирма во голем процент го изведува самостојно процесот на продажба. Без дигитални алатки, не може да се зголеми продажбата и тимот за продажба на ефикасен начин
  • СМЕТКОВОДСТВЕНИ БИРОА – овие компании комплетно го базираат своето работење на деловните системи. За нив тоа е основно средство за работа. Дали 3-ца вработени во едно сметководствено биро, ќе имаат 25 или 50 клиенти зависи најмногу од квалитетот на деловното решение. Во Македонија, заедно со телеком компаниите, веќе 9 години сме присутни со Pantheon cloud услугата, која е идеално и докажано решение за сметководителите.
  • УСЛУЖНИТЕ КОМПАНИИ – често се гушат во администрација и огромна документација. Нема подобар и поефикасен одговор на тоа, од дигитална трансформација

Нашиот консултантски тим денес, низ процесот на спојување, стана најголемиот консултантски тим за дигитална трансформација во Македонија. Сигурен сум дека успешно ќе им излеземе во пресрет на 4.799-те корисници во Македонија, но и на многу други, кои се’ уште не го започнале патот на дигитална трансформација.

Continue Reading
македонија6 дена ago

Бајден ги стави на црна листа противниците на Охридскиот рамковен и на Преспанскиот договор

регион2 дена ago

Крајот на ерата “Пеевски“

македонија5 дена ago

„Чукни во дрво“: Алкалоид со хуманитарен видеоспот по повод 85-тиот јубилеј

економија3 дена ago

САСА одбележа 15 години од повторното отворање на рудникот

македонија6 дена ago

Туристичките бизниси ќе може да добијат „Знак за безбеден туризам“ од ССК

економија4 дена ago

Развојна банка го продолжува грејс – периодот и рокот на отплата на кредитите од Ковид – 2 линијата

економија4 дена ago

Буџетот се наполни со пари и оптимизам

интервју4 дена ago

Стево Пендаровски: Партизацијата и етнизацијата се рак-рана на општеството

lifestyle4 дена ago

Ричард Бренсон: Вселенските патувања ќе бидат како и секој друг бизнис

банки4 дена ago

Речиси 80% од домашните банки очекуваат зголемување на профитабилноста годинава