Connect with us

интервју

Сашо Јовановски и Андреј Мертељ: Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер

Сашо Јовановски, Даталаб Македонија и Андреј Мертељ, Даталаб Технологије д.д.

објавено

на

Спојувања  (merges) на компании во земјава се случуваат исклучително ретко. На крајот на месец март 2021 година, домашните и регионалните портали  ја пренесоа информацијата од берзата во Љубљана, дека се спојуваат  македонската компанија ИнКом ЕРП со Даталаб од Словенија. Тргнавме во потрага по оваа вест, за да ги дознаеме деталите за ова спојување. Ви ги пренесуваме изјавите од нашите соговорници, за процесот на спојување како и за очекувањата кои се поставени за периодот кој следи. Разговаравме со новиот директор на Даталаб Македонија – Сашо Јовановски (фирма ќерка на Даталаб Технологије од Словенија), како и со главниот извршен директор на Даталаб – Андреј Мертељ.

Г-дин  Јовановски,  зошто се одлучивте за спојување на тимот на ИнКом ЕРП во Даталаб Македонија? Вашите деловни резултати во изминатите години се исклучителни, со постојан раст на корисници на вашите услуги, како и со присуство во повеќе држави во регионот?

Јовановски: Компанијата ИнКом во изминатите години, покажа дека во Северна Македонија постои квалитетен консултантски потенцијал, кој е баран во повеќе држави во регионот. Заедно со деловниот партнер Ѓорѓи Николов и тимот на искусни консултанти, реализиравме бројни проекти за дигитална трансформација во регионот. Повеќе компании во Србија, Косово, Албанија и Словенија ги користеа нашите услуги, посебно за имплементација на деловен систем кај производствени компании.

Нашите услуги ги ставивме на располагање по барање на самите компании, на кои тимот за имплементација кој треба да ја изведе дигиталната трансформација им беше од најголемо значење. Нашето инсистирање за високо квалитетни услуги за дигитална трансформација, квалитетен проектен менаџмент и искусен тим, ни беа најдобра препорака кај новите корисници. Во регионот, а посебно во Словенија – постои изградена свест дека основата за дигитална трансформација се квалитетни консултантски услуги.

Овие проекти се базирани на најпопуларниот регионален деловен софтвер Pantheon (покрива процеси во сметководство, производство, материјално работење, продажба, набавки, плати, човечки ресурси, DMS, архива, финансии). Овој продукт на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација. Од тука доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нашиот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година. Засилени со консултантите од  Даталаб Македонија, наш личен предизвик е да направиме силен прогрес во регионот, но и да ја засилиме лидерска позиција за деловен софтвер во Северна Македонија.

Г-дин Мертељ, Вам секако добро ви е познат македонскиот пазар, бидејќи вашата компанија е присутна во Северна Македонија уште од 2008 година. Зошто се решивте за спојување на компаниите? Кои се очекувањата? Што добива Даталаб со инвестицијата?

Мертељ: Живееме во период во кој КОВИД-19 создаде многу голема побарувачка за дигитализација во нашите приватни и деловни активности. Компаниите треба да бидат опремени и  да работат дигитално, бидејќи побарувачката за дигитални услуги што ја олеснуваат работа од дома е зголемена. Во пракса ова значи, дека покрај нашата деловна програма Pantheon поставена на облак (cloud), деловните субјекти исто така ги имплементираат нашите услуги за еБизнис активности, како што се еДокументација, еФактура, еКнижење, WorkFlow (Тек на документи) и многу повеќе.

За да можеме успешно да ги воведеме сите овие производи на пазарот во Северна Македонија, потребен ни е силен тим со високо обучени консултанти за да можеме да станеме поконкурентни. Градиме регионален центар што ќе ни овозможи да го сториме токму тоа и да ни помогне да ги развиваме нашите производи и да ја развиваме нашата компанија.

Инком има фантастичен и високо мотивиран тим со богато знаење и искуство, поради што решивме да ги споиме нашите стратегии и тимови. Заедно, ќе изградиме успешна приказна со цел да станеме најголемата ERP компанија во земјата и можеби дури и во микрорегионот.

Г-дин Јовановски, изминатиов период бевте ангажиран од повеќе компании во Македонија и регионот, како ментор или консултант за развој на бизнисот. Дали можеме да очекуваме ваков ангажман од Ваша страна во улога на директор во Даталаб Македонија ?

Јовановски: Сите треба да имаме лична одговорност кон семејството, кон деловната заедница, кон државата во која живееме. Десетина години волонтерски им помагам на компаниите во земјава, како дел од проекти кои во фокусот имаат стартап компаниите. Сметам дека тоа ми е обврска, од која нема да се откажам. Веќе во првите денови од стапување на новата позиција, иницирав проект за корпоративна  иновативност со ФИТР. Верувам дека преку овој проект, заедно со ФИТР, ќе им помогнеме на десетина нови македонски стартапи. Идејата е токму преку менторство, бизнис совети и поставување на нови бизнис модели, да помогнеме во развојот на мали компании од повеќе сектори:

  • Модерни сметководствени агенции, кои ќе понудат сметководствени услуги базирани на облак (cloud) платформи. Таргетот на овие компании ќе бидат сите 65.000 корисници во регионот, не само корисниците во Северна Македонија.
  • Нови ИТ софтверски фирми, кои ќе понудат нови софтверски вертикали, како мобилни апликации, е-продавници и други решенија за целата Даталаб заедница. Потребата и пазарот постојат и се достапни за овие компании.
  • Консултантски компании кои ќе нудат проекти за дигитална трансформација во целиот регион. Нашиот тим има разработен деловен план за директно присуство во повеќе држави во регионот, па овие нови компании ќе имаат деловна можност која не треба да ја пропуштат.

Ги повикувам сите млади економисти, програмери, консултанти .. кои имаат претприемачки дух и храброст, да ни се приклучат на оваа патување!

Г-дин  Мертељ, што носи Даталаб на пазарот во Северна Македонија?

Мертељ: Иако развојот на технологијата им овозможи на деловните субјекти да го оптимизираат и дигитализираат своето работење веќе пред повеќе години, потребна ни беше ситуација како оваа во која се наоѓаме во моментов за да ги отвориме очите кон тој факт.

Една од новите програми што ќе ја воведеме на пазарот во Северна Македонија е PANTHEON Web Light, онлајн веб програма наменета за мали бизниси и за сите постојни корисници на PANTHEON кои сакаат да ги надградат своите процеси со веб-базирана верзија.

Дополнително, ќе понудиме повеќе наши пакети на еБизнис услуги што ќе ги подигне процесите на компаниите во дигиталната сфера.

Како давател на услуги за дигитална трансформација, јас сум многу свесен колку е важно работењето на компанијата да е континуирано без прекин. Одговорните сопственици и менаџерите ќе сторат сè што е во нивна моќ да обезбедат континуирано работење на нивната компанија дури и во ситуации како што е оваа во која се наоѓаме денес.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија22 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако