Connect with us

технологии / компании

Светлана Мојсов избрана од магазинот Тајм меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот

Голем успех за македонската научничка

објавено

на

Борбата на Светлана Мојсов да ги добие заслужените признанија за нејзината работа на откритието кое помага во борбата против дијабетесот трае со децении. Вработена долги години на Универзитетот Рокфелер во Њујорк, таа е еден од клучните луѓе во револуционерното откритие на хормонот GLP-1 којшто го регулира шеќерот во крвта, и коешто го отвори патот за блокбастер лековите против дијабетес и дебелина што им донесоа десетици милијарди долари на Ново Нордиск и другите светски фармацевтски компании.

Светлана Мојсов, Македонка која работи како истражувач и професор на Рокфелер Универзитетот во Њујорк,  е именувана на листата на „Тајм 100“ за највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава признание на уметници, иноватори, лидери и пионери во различни области.

Мојсов го доби ова признание поради нејзините револуционерни откритија околу хормонот што го регулира шеќерот во крвта,  наречен GLP-1, кој пак, го отвори патот за блокбастер лековите против  дијабетес и дебелина Ozempic, Victoza и Wegovy. Овие таканаречени GLP-1 агонисти ja трансформираа клиничката пракса на третирањето  на шеќерот во крвта и губењето на тежината.

Професорката Мојсов почнала да го истражува дијабетесот при Рокфелер Универзитетот како студент и постдокторски истражувач во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд. Во 1980-тите, таа преминала во Општата болница во Масачусетс, каде што започнала да го истражува тогаш мистериозниот GLP-1 (пептид 1 сличен на глукагон). Таа е првиот научник во светот кој што ја идентификуваше биолошки активната секвенца на GLP-1, скриена во неговата целосна низа од 37 амино киселини.

Во соработка со други истражувачи, Мојсов продолжи во напорите да докаже  дека GLP-1 предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот, што потоа доведе директно до терапевтски развој на GLP-1 агонистите. Фактот што оваа нова класа на лекови сега ја користат милиони луѓе предизвикува големо задоволство кај професорката Мојсов, која што  вели: „Тоа ме прави да се чувствувам професионално и лично исполнето“.

Борба за признание на заслугите

Сепак, дури и кога неколку научници добија ловорики за овие фармаколошки откритија, придонесот на Мојсов постојано беше некако тргнат настрана. Со текот на годините, таа научи успешно да се бори за да го вклучи своето име во патентите за GLP-1 како ко-пронаоѓач и коригираше написи  во списанија од висок профил кои го испуштија нејзиниот придонес.

Неодамнешните стории  во угледните научни списанија Science и STAT ја ставија во фокус долго занемарената кариера на Мојсов, која започна во Рокфелер Универзитетот во 1972 година, кога таа се приклучи на лабораторијата на биохемичарот Брус Мерифилд, добитник на Нобелова награда. Светлана, којашто денес е во своите 70-ти години, е инаку ќерка на поранешниот македонски и југословенски висок политичар и дипломат со светска кариера, Лазар Мојсов, којашто во САД дошла пред 52 години  на постдипломска програма на Рокфелер, од Белград, тогашна СФРЈ, каде што дипломирала хемија.

Го пренесуваме кусиот разговор на прес службата на Рокфелер Универзитетот со Мојсов за историјата на  нејзиното откритие и кои поголеми лекции може да ги земе научната заедница од нејзиното искуство.

Како почнавте јавно да зборувате  за вашата улога во создавањето на овие лекови?

Кога некои од моите соученици и колеги од лабораторијата Мерифилд дознаа дека не добивам признание за мојот клучен придонес за откривањето на GLP-1, ме натераа да зборувам.

Значи навистина беше пресудна поддршката од останатите научници.

Така е. Со години, јас и не бев премногу загрижена околу тоа, бидејќи секогаш сметав дека моите трудови ќе зборуваат сами за себе. Но, списанијата од висок профил објавуваа трудови кои ги минимизираа или испуштаа моите придонеси. Тогаш решив да се борам за себе.

Првпат го истражувавте дијабетесот како студент на Рокфелер. Како дојде до тоа?

Кога дојде време да го изберам мојот проект за докторатот, Брус Мерифилд побара од мене  да најдам тема на која би можела со жар да работам со години. Го избрав хормонот глукагон затоа што сакав да работам на нешто со медицински импликации. Глукагонот го зголемува шеќерот во крвта, па се прашувавме  дали со негово потиснување  може да се третира дијабетес тип 2. Требаше да создадеме практично соединенија аналогни  на глукагонот за да ја проучуваме неговата биологија. Д-р Мерифилд разви метод за синтеза на пептиди наречен синтеза на пептиди во цврста фаза, но други научници ми рекоа дека никој не можел да го користи тој метод за глукагон. Мерифилд инсистираше: „Не треба да се обесхрабруваш“.

И направив да функционира. Ми требаа три и пол години откако докторирав – останав како постдокторски студент за да го завршам. Немаше да заминам додека не завршам! И беше толку исполнувачко искуство. Кога дизајнирате експеримент, направете го тоа со свои раце и всушност покажете дека функционира, тоа е фантастично.

На некој начин, моето откритие на GLP-1 во Општата болница во Масачусетс во Бостон беше продолжение на она што го направив во Рокфелер. Тоа го сметам како посвета на Брус Мерифилд.

Ozempic, Wegovy и Victoza сега ги користат милиони луѓе. Како се чувствувате поради тоа?

Навистина радува. Првиот лек што се појави на пазарот, Victoza, се базираше на GLP-1 секвенцата што ја открив. Тоа ме натера да се чувствувам професионално и лично исполнето. Други кои работеа на GLP-1 добија награди, но јас чувствував дека кога стана лек, тоа беше мојата награда.

Какви реакции добивте на вашата приказна?

Изненадена сум од тоа колкава поддршка добивам. Една од најдобрите работи е што добив многу убави пораки од моите соученици од лабораторијата на Мерифилд и од колегите од Рокфелер. Не ги читам социјалните мрежи, но ми кажаа дека и таму има голема поддршка. Не очекував дека ќе направи таква разлика. Но, претпоставувам дека луѓето се поврзуваат со приказната.

Во која смисла сметате дека луѓето се поврзуваат?

Добив пораки од толку многу жени кои чувствувале недоволно признание во нивните кариери. Јас лично, го имам длабоко вкоренетото чувство дека едноставно избрав професија која ме интересираше. Пораснав во Југославија во 60-тите години, со идејата дека нема „машки“ и „женски“ професии. Така, кога дојдов овде во 1972 година, никогаш не почувствував дека влегувам во машка професија. Но, мислам дека има поширока поента во моето искуство околу проблемите со тоа како всушност се вреднува научното знаење.

Во која смисла?

Кога некој објавен научен труд испушта да го спомне истражувањето  што е релевантно или врз коешто самиот труд е изграден, тоа подоцна има ефект на снежна лавина врз идните цитати и истражувања. Односно, ако вашата работа е занемарена во труд во кој треба да се наведе како референца, идниот труд кој го цитира тој труд исто така нема да ја вклучи вашата работа. И така натаму. Со текот на времето, вашето истражување едноставно се брише.

Што мислите, како може да се решат ваквите проблеми?

Клучот е да се цитираат примарните трудови. Ова не е радикална идеја – тоа е она што ме учеше на постдипломските студии професорот Сид Стрикленд.

(Во следниот број на Капитал: Читајте поопширно за патот до револуционерните научни откритија на Светлана Мојсов и нејзината неколкудецениска борба да си го добие заслуженото признание)

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%