свет
Светот ита кон “непозната територија на деструкција“

Шансите на светот да ги избегне најлошите последици од климатските промени забрзано се намалуваат, бидејќи влегуваме во “непозната територија на деструкција“, велат водечки светски научници. Не успеавме да ги намалиме доволно штетните емисии во атмосферата и не презедовме акции потребни за избегнување на катастрофата, се вели во извештајот на организацијата United in Science (Обединети во науката) објавен во вторникот, 13 септември.
Актуелните поплави во Пакистан, каде што се тврди дека под вода е една третина од територијата на државата, е најновиот пример за последици од екстремни временски промени, коишто ја разоруваат планетата.