Connect with us

економија

Светската банка ја намали прогнозата за економскиот раст на Македонија годинава

објавено

на

Македонија и Босна и Херцеговина имаат најниска прогноза за растот во 2022, од 2,7%, меѓу шесте земји од Западен Балкан, се вели во најновиот редовен економски извештај на Светската банка за регионов.

Светската банка (СБ) ја намали прогнозата за економскиот раст на Македонија годинава, од 3,2% на 2,7%, затоа што закрепнувањето на земјата по пандемијата е прекинато поради ефектите од војната во Украина.  Оваа проекција, заедно со онаа на Босна и Херцеговина од исто така 2,7% е најниска меѓу шесте земји од Западен Балкан. Албанија се очекува да има раст на БДП од 3,2%. Косово од 3,9%, Црна Гора од 3,6%, Србија од 3,2%, додека просекот за целиот Западен Балкан е 3,1%. Истовремено, прогнозите на СБ за растот на економијата на ниво на ЕУ е 2,9%, додека за регионот на Централна и Источна Европа (Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска и Романија) е 4,6%.

Шесте земји од регионот на Западен Балкан се соочуваат со нови економски предизвици, и покрај подоброто од очекуваното закрепнување од рецесијата предизвикана од пандемијата COVID-19, се вели во најновиот редовен економски извештај на СБ за Западен Балкан.

„Економиите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, забележаа солидно закрепнување на растот во 2021 година, но сега се соочуваат со нови предизвици поради војната во Украина, со зголемени цени на суровините, нарушувања во трговијата и инвестициските текови и зголемени финансиски трошоци“, вели Масимилијано Паолучи, директор на СБ за Северна Македонија и Косово.

„Како што се заоструваат трошоците за финансирање, Северна Македонија ќе треба да направи нов приоритет во  трошењата и да го зајакне собирањето даноци, со цел да ги намали грижите за одржливоста на долгот“.

Ризиците за економските изгледи на регионот се загрижувачки, се вели во извештајот на СБ. Проширен конфликт или продолжена војна во Украина може да предизвика дополнителни нарушувања на глобалната трговија и на цените на енергијата и храната. Може да се појават ризици по рефинансирањето  доколку условите на надворешниот финансиски пазар продолжат да се заоструваат. Одржливоста на долгот може да стане загрижувачка ако ограничениот фискален простор се нагризува со  мерките и политиките за ублажување на ефектите од  повисоките цени на енергијата и храната во услови на зголемени трошоци за рефинансирање.

„Во такво опкружување, владините  политики на земјите од Западен Балкан  треба да се фокусираат  на градење отпорност и на преземање структурни реформи за да се поддржи растот и да се управува низ кризата“, вели  Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист на Светска банка и еден од главните  автори на извештајот.

„Со ограничен фискален простор, земјите ќе треба внимателно да ги одмерат трошоците и придобивките од новите обврски за трошење како одговор на повисоките цени на енергијата и храната, давајќи им приоритет на најранливите домаќинства“.

економија19 часа ago

Дознајте зошто е важна техничката анализа – вебинар на Инвест Поинт на 20 јуни

економија19 часа ago

По две децении повторно домашен менаџер на чело на Пивара Скопје

регион1 ден ago

Акционерите на Заваровалница Триглав ќе добијат дивиденда од 2,5 евра бруто по акција

македонија1 ден ago

Словаците ќе бидат меѓу најчестите туристи во Македонија

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија5 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија1 недела ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

македонија1 недела ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија1 недела ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

економија1 недела ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

свет1 недела ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?