Connect with us

економија

Светската економија пред рецесија, Европа особено загрозена

Прогнозите се’ повеќе песимистички

објавено

на

Новите нарушувања во снабдувањето со енергија негативно ќе влијаат на растот и ќе ја поттикнат инфлацијата, особено во Европа каде активноста би можела да падне за дополнителни 1,25 процентни поени, а инфлацијата да се зголеми за 1,5 процентни поени, така што многу земји би можеле да бидат заглавени во рецесија во текот на 2023 година, предупредуваат економистите на ОЕЦД. Иако многу помалку зависни од увезената енергија отколку Европа, САД исто така се лизгаат во криза бидејќи централната банка ги зголемува каматните стапки за да ја спречи инфлацијата.

Зад нас е уште една недела (овој текст е затворен во вторник, 27.09.) во која цените на повеќето берзански стоки паднаа на неделно ниво. Од минатата среда и одлуката за зголемување на каматните стапки на американската централна банка, цената на 85 отсто од  берзанските суровини и берзанските индекси паѓа. Ова покажува дека пазарите се под притисок од стравот за глобалниот економски раст, заедно со геополитичките тензии кои предизвикуваат загриженост.

Се’ поизразената  грижа за стабилноста на глобалниот пазар со се’ пазарите на акции кои се враќаат на неодамнешните најниски нивоа, минатонеделното зголемување на каматните стапки во САД, во комбинација со италијанските избори и геополитичките стравови низ Европа предизвикаа пораст на доларот, паѓајќи под 0,97 во однос на еврото, сурова нафта под 85 долари за барел, трошоците за транспорт со контејнери од Кина на Запад се во слободен пад.

Нема сомнение дека нестабилноста на пазарите на суровини ќе продолжи. Малку стоки се имуни на глобалната рецесија, а преработувачите не се сигурни во побарувачката на потрошувачите и се плашат дека цените ќе останат високи предолго.

Глобално и политички многу работи се случуваат во моментов. Во Кина, се поголем фокус е ставен на подготовките за војна. Дали навистина ќе има напад на Тајван? Путин нареди мобилизација на 300.000 нови војници поради загубите во војната во Украина. Можеме да видиме дека таквата одлука не е баш добро прифатена во Русија, но дали може да го принуди Путин да преземе некои подрастични мерки? Освен тоа, имаме и тензии меѓу Грција и Турција и Азербејџан и Ерменија, кои само дополнително ја загреваат и онака вжештената геополитичка арена.

Моментално се наоѓаме во најпесимистичкото  макро окружување од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, а токму ова окружување е главниот двигател на пазарот. Во овој контекст, главен настан изминативе денови беше состанокот на американската ФЕД, каде каматните стапки повторно беа зголемени за 75 базични поени (0,75 процентни поени). 

Централните банки прво ќе им наштетат на економиите, за да ги поправат?!

Каматните стапки во САД сега се на највисоко ниво од 2008 година, а пазарот веќе очекува дополнително зголемување на каматните стапки за уште 75 базични поени на следниот состанок, а се шпекулира дека тие би можеле да бидат околу 4,5 отсто до крајот на годината.

Во еден момент на почетокот на минатата недела, пазарите беа во расчекор; порастот на каматните стапки се чинеше дека е „биков“  сигнал за пазарите и стоките и дека економијата може да го издржи овој пораст на каматните стапки, што би било сигнал дека економиите се здрави. Шпекулантите гледаа на купувањето стоки како заштита од понатамошна инфлација, но тој став брзо се промени во страв од рецесија поради очекуваниот понатамошен пораст на каматните стапки за да се поправи она што не’ уверуваа дека е само „минлива инфлација“.

Централните банки сега се целосно свесни дека мора прво да ѝ наштетат на економијата за всушност да ја поправат. ФЕД се обидува брзо и интензивно да ја заостри својата монетарна политика за да ја стави инфлацијата под контрола, а тие очекуваат инфлацијата да падне на 2 отсто во 2025 година.

За споредба, Пол Волкер, претседателот на американските Федерални резерви во 1980-тите, со цел да се бори против инфлацијата која беше околу 13 отсто, ги зголеми каматните стапки на над 20 отсто, за да ги намали на три отсто во следните две години со цел да ја заживее економијата. Затоа не е чудно што односот меѓу еврото и доларот е на најниско ниво во последните 20 години. Повеќе од силата на самиот долар, веројатно е  дека политичката, енергетската, воената и економската криза во ЕУ го турка еврото во бездна.

Што вели Европската централна банка  за сето ова? Тие очекуваат дека инфлацијата може да продолжи да расте на краток рок, и покрај зголемувањето на каматните стапки, и дека тие  треба дополнително да се зголемат. Рецесијата сама по себе  нема да биде доволна за да се смири растот на цените. Пазарот очекува дека до пролет каматните стапки би можеле да бидат над 2,5 отсто (во моментов 0,75 отсто).

Локдауните  во Кина полека попуштаат, дали наскоро ќе се почувствува на страната на побарувачката? Тешко е да се каже степенот на влијанието на кризата во градежниот сектор и балонот со недвижности кој веќе некое време ја загрозува целокупната економија на Кина, но Кина секако има свои проблеми. За разлика од САД и ЕУ, инфлацијата во Кина во август беше 2,5 отсто, што е намалување од 2,7 отсто во јули.

Прогнозите се особено песимистички за Европа, која е најдиректно изложена на последиците од руската војна во Украина. ОЕЦД предвидува дека економскиот раст во еврозоната ќе забави од овогодишните 3,1 отсто на само 0,3 отсто во 2023 година, што значи дека 19-те земји во областа на примената на заедничката европска валута ќе поминат барем дел од годината во рецесија, со два последователни квартали на опаѓачка активност.

Прогнозите особено песимистички за Европа

Растот на светската економија забавува посилно од очекуваното, а енергетската криза и инфлацијата го зголемуваат ризикот од рецесија во големите економии, особено во Европа, предупреди и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Светската економија годинава ќе порасне за три отсто, во согласност со претходните проценки, но активноста забави во втората половина од годината, посочува ОЕЦД, прогнозирајќи стапка на раст од 2,2 отсто за 2023 година, што е за 0,6 процентни поени помала отколку што пресметале во јуни.

Светскиот БДП годинава ќе биде за 2,8 трилиони долари помал од предвидувањата на ОЕЦД што ги објавија во декември минатата година, пред руско – украинската војна, изразени во однос на паритетот на куповната моќ и цените од 2015 година.

„Глобалната економија ослаби по неиспровоцираната, неоправдана и незаконска агресивна војна на Русија против Украина. Растот на БДП е запрен во многу земји, а економските показатели сигнализираат продолжено забавување“, изјави генералниот секретар на ОЕЦД, Матијас Корман.

Прогнозите се особено песимистички за Европа, која е најдиректно изложена на последиците од руската војна во Украина. ОЕЦД предвидува дека економскиот раст во еврозоната ќе забави од овогодишните 3,1 отсто на само 0,3 отсто во 2023 година, што значи дека 19-те земји во областа на примената на заедничката европска валута ќе поминат барем дел од годината во рецесија, со два последователни квартали на опаѓачка активност. Во јуни, ОЕЦД прогнозираше раст на активноста за 1,6 отсто за еврозоната во 2023 година.

Германската економија, во зависност од увозот на руски гас, следната година ќе забележи пад на активноста за 0,7 отсто, пресметаа во ОЕЦД. Тие на почетокот на летото прогнозираат раст на најголемата европска економија од 1,7 отсто. Во групата на четирите најголеми економии на еврозоната, активноста најсилно би требало да порасне во Шпанија, за 1,6 отсто.

Значително намалена е и прогнозата за САД во следната година, од 1,2 на 0,5 отсто. Оваа година најголемата европска економија би требало да порасне за 1,5 отсто, што е цел процентен поен послаб од летните прогнози.

И кинеската економија треба да порасне оваа година многу послабо од очекуваното досега, за само 3,2 отсто, поради строгите мерки за борба против Ковид 19. Во 2023 година, активноста треба да се забрза до 4,7 отсто.

Тие ја потврдија прогнозата за 6,9 отсто раст на индиската економија оваа година. Во следната година прогнозираат забавување, со прогнозирана стапка на раст од 5,7 отсто.

Војната во Украина значително ги зголеми цените на енергијата и храната, дополнително засилувајќи ги инфлаторните притисоци во период на континуиран силен раст на трошоците за живот ширум светот.

Технички, Америка е во рецесија, но „плитка“

Централните банки сега се целосно свесни дека мора прво да ѝ наштетат на економијата за всушност да ја поправат. Федералните резерви во САД на чело со Џером Пауел се обидуваат брзо и интензивно да ја заострат својата монетарна политика за да ја стават инфлацијата под контрола, а тие очекуваат инфлацијата да падне на 2 отсто во 2025 година.

Новите нарушувања во снабдувањето со енергија негативно ќе влијаат на растот и ќе ја поттикнат инфлацијата, особено во Европа каде активноста би можела да падне за дополнителни 1,25 процентни поени, а инфлацијата да се зголеми за 1,5 процентни поени, така што многу земји би можеле да бидат заглавени во рецесија во текот на 2023 година. Иако многу помалку зависни од увезената енергија отколку Европа, САД исто така се лизгаат во криза бидејќи централната банка ги зголемува каматните стапки за да ја спречи инфлацијата.

Агресивното заострување на монетарната политика може да ја турне економијата во подлабока рецесија, стравуваат тамошните економисти.

Технички, американската економија веќе западна во рецесија, имајќи предвид дека во последните два квартали паѓа на квартална основа, но засега оваа рецесија е „плитка“.

Претседателот на ФЕД Џером Пауел отворено го призна ова. „Никој не знае дали овој процес ќе доведе до рецесија и, ако е така, колку сериозна ќе биде рецесијата“, рече тој.

На прес-конференцијата по состанокот на ФЕД, Пауел исто така рече дека ништо не се променило од неговите коментари на конференцијата на централните банкари во Џексон Хол минатиот месец.

„Банката на федерални резерви е апсолутно посветена на намалување на инфлацијата до 2 отсто и ќе стори сé за да стигне до тоа“, рече Пауел.

Дури и по цена на нагло забавување на економскиот раст. Така, ФЕД ја намали проценката за растот оваа година на само 0,2 отсто, додека претходно проценуваше дека економијата ќе порасне за 1,7 отсто. Во наредните години просечниот раст би можел да биде 1,8 отсто.

И покрај значително влошените изгледи за големите економии, ОЕЦД верува дека централните банки мора уште повеќе да ги зголемат каматните стапки, прогнозирајќи дека тие ќе надминат четири проценти во 2023 година во повеќето земји во групата.

Многу влади одвојуваат сè повеќе пари за помош на домаќинствата и бизнисите, но таа помош треба да оди кај оние на кои им е најпотребна и мора да биде привремена за да се намалат трошоците и дополнително да се зголеми долгот, велат тие.


„Др. Пропаст“ вели дека не’ чека долга и грда рецесија

Нуриел Рубини, професор на Универзитетот во Њујорк и извршен директор на Roubini Macro Associates, го доби прекарот Dr. Doom (Др. Пропаст), поради предвидувањата за падот на пазарот на недвижности во 2007 и 2008 година.

Еден од првите експерти што ја предвиде рецесијата во 2008 година предупредува дека ни претстои голем економски пад, а многу економисти предвидуваат таков пад веќе оваа година. Претходно овој месец, стратезите на Bank of America напишаа дека очекуваат „блага рецесија“ во текот на следната година.

Но, економистот Нуриел Рубини, професор на Универзитетот во Њујорк и извршен директор на Roubini Macro Associates, кој го доби прекарот Dr. Doom (Др. Пропаст), поради предвидувањата за падот на пазарот на недвижности во 2007 и 2008 година, ја избра својата страна.

Во неодамнешното интервју за Блумберг, Рубини изјави дека рецесијата најверојатно ќе ги погоди САД до крајот на 2022 година, по што ќе го погоди остатокот од светот, можеби ќе трае цела 2023 година.

„Нема да биде кратка и плитка рецесија. Ќе биде жестоко, долго и грдо“, изјави Рубини.

И покрај порастот на каматните стапки, Рубини смета  дека инфлацијата во САД може да се одржи поради големите скокови во синџирот на снабдување предизвикани од пандемијата, тековните последици од војната во Украина и политиката на Кина за нулта толеранција кон Ковид, која продолжува да ја забавува економската активност во земјата. Комбинацијата на низок економски раст и зголемена инфлација може да резултира во најлошото сценарио на глобална стагфлација во стилот на 1970-тите, предупреди Рубини. Тогаш цените беа високи, а економиите сепак стагнираа.

Сепак, не секој набљудувач на пазарот се согласува со мислењето на Рубини. Извршната директорка на Арк Инвест, Кети Вуд, којашто е една од најпознатите  фонд менаџери на Волстрит, неодамна објави на Твитер дека економисти како Рубини ќе бидат шокирани од брзиот пад на инфлацијата.


Битиќи: Рецесијата не е најстрашното што може да ни се случи

Вицепремиерот за економски прашања во македонската влада Фатмир Битиќи смета дека во период на ваква криза дури и влегувањето во рецесија не е најстрашното што може да се случи, но вели дека многу е важно одлуките што ги носат сите чинители да имаат ефект.

„Како земја сме се справиле и со потешки ситуации, ќе се справиме и од излегување од рецесија, а особено сме покажале дека економијата е доволно флексибилна за да се справи со сето тоа ако има добар партнер во Владата, а ние покажавме дека во период на ковид и тоа како има добар партнер. И затоа јас не стравувам многу дали ќе влеземе во рецесија“, рече Битиќи деновиве во гостување во емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма.

Ефектот што сака да се постигне е, како што рече, да го намалиме притисокот за зголемувањето на инфлацијата на ниво на коешто ќе биде неиздржливо.

Битиќи смета дека доколку се одржиме на проекциите на крај на годината просечната годишна инфлација ќе биде 10 до 11 отсто.

„Ние ако се одржиме на проекциите мислам дека на крај на годината просекот во цела година ќе биде отприлика 10 до 11 отсто инфлација во една од најтешките години со низа на кризи. Сметам дека е доста добра стапка на инфлација, и да кажеме, разумна за нашата економија за да може да се покрие наредниот период. Неразумно е се што е над 20 отсто“, рече Битиќи.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал