Connect with us

свет

Светска банка го откажа објавувањето на „Дуинг бизнис“ – омилениот извештај на Груевски

објавено

на

Поранешната извршна директорка на Светска банка, сега прв човек на ММФ, Кристалина Георгиева, наводно вршела притисок да се подобрат рангирањата на Кина и некои други земји.

Светската банка го откажа објавувањето на својот познат извештај  „Дуинг бизнис“ (Doing Business) којшто ја оценуваше бизнис климата на земјите во светот, откако внатрешната истрага покажала дека членови на високото раководство на Банката вршеле притисок врз изработувачите на извештајот да менуваат податоци што влијаат врз рангирањето на Кина и некои други земји.

Во редот на раководителите се и поранешната извршна директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева, којашто сега е директор на Меѓународниот монетарен фонд, како и тогашниот претседател на Светска банка, Џим Јонг Ким.


Ова е репутациски удар за Георгиева, како што пишува Волстрит Џурнал, којашто не се согласува со заклучоците на истрагата.

Кристалина Георгиева, актуелен шеф на ММФ, поранешна извршна директорка во Светска банка, наводно вршела притисок врз изготвувачите на Дуинг бизнис да „фризираат“ податоци за Кина и некои други земји.

Светската банка ги објави резултатите од истрагата, каде што се заклучува дека топ менаџментот, вклучително и Георгиева, бил вклучен во притисок врз економистите да го подобрат рангирањето на Кина во 2018 година. Тогаш, таа и останатите раководители на банката се обидувале да ја убедат Кина да го поддржи напорот за зголемено финансирање на Светска банка.

Георгиева изјави: „Не се согласувам во целост со наодите и толкувањата на истрагата, коишто се поврзани со мојата улога во ‘Дуинг бизнис’  извештајот за 2018 година.“

„Одиме напред, ќе работиме на нов пристап за проценка на деловната и инвестициската клима. Ние сме длабоко благодарни на напорите на многуте членови на персоналот кои работеа вредно за да ја унапредат агендата за деловна клима и со нетрпение очекуваме да ги искористиме нивните енергии и способности на нови начини“, најавуваат од Светска банка.  

Извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка беше еден од главните елементи во кампањите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој се користеше како еден од главните адути за да се придобијат гласовите на  гласачите, но се користеше и како мамка за странските инвеститори, како што пишува Дојче Веле.

Овој извештај голем број земји, како и Македонија,  го користеа за да ги покажат компаративните предности за водење бизнис во нивните во однос на други земји.   

Покрај спорните извештаи коишто ги споменува Светска банка, проверки биле вршени и на извештаите во изминатите пет години, кога земјава  можеше да се пофали со добри резултати. Па така, на пример извештајот на „Doing Business“ во 2015 година ја рангираше Македонија највисоко во регионот. Земјата беше на 12-то место глобално рангирана од 189 економии во светот. 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија15 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност