Connect with us

економија

Светска банка: Народната банка активно ја унапредува регулативната рамка за ефикасен и сигурен банкарски систем

објавено

на

Според оцените на Светската банка, тимот на Народната банка има професионален и конструктивен пристап на постојано градење соодветна регулативна рамка. Унапредувањето на регулативната рамка се прави со значајна поддршка од страна на Светската банка.

Народната банка посветено работи на унапредување на банкарската регулатива и вградување на најдобрите меѓународни практики и одредбите на европските директиви, со што се создаваат услови за одржување ефикасен и сигурен банкарски систем, како значајна алка во создавањето поволни финансиски услови за економски раст. Според оцените на Светската банка, тимот на Народната банка има професионален и конструктивен пристап на постојано градење соодветна регулативна рамка. Унапредувањето на регулативната рамка се прави со значајна поддршка од страна на Светската банка. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Паолучи ја поддржа и заложбата на Народната банка за преземање активности во доменот на зелените финансии. Во тој контекст, беше посочено дека е исклучително важно што Народната банка во рамките на своите стратегиски цели за наредниот тригодишен период предвиде повеќе активности во овој домен. Во рамките на активностите е предвидено утврдување на изложеноста на банкарскиот систем на ризиците поврзани со климатските промени. Со ова ќе се создадат услови за подготовка на рамка којашто ќе им овозможи на банките да ги вградуваат ризиците од климатските промени во своето деловно планирање и управување со ризиците, како и во рамките на внатрешните контролни механизми. Во овој сегмент, претставникот на Светската банка посочи на продлабочувањето на соработката со Народната банка преку вклучување на земјата во рамките на проект со кој би се дијагностицирале зелените финансии во регионот.   

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на движењата во економијата, при што беше посочено дека економскиот раст e согласно со очекувањата, додека кај движењата на инфлацијата внимателно се следат факторите коишто придонесуваат за нагорно придвижување на цените. Поставеноста на монетарната политика засега е оценета како соодветна на макроекономските услови, но јасна е потребата од внимателност, како и подготвеност да се реагира доколку се јави потреба. Вниманието на Народната банка е насочено кон одржување соодветен баланс на поставеноста на монетарната политика којшто ќе овозможи соодветни услови за натамошен економски раст, со истовремено одржување на ценовната стабилност и стабилноста на домашната валута.

Светската банка е присутна долги години со проекти коишто даваат значајна поддршка на економскиот раст и развој на државата, а очекувањата се дека и понатаму активно ќе поддржува проекти со коишто се постигнува економска благосостојба.

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација