Connect with us

свет

Светски берзи: по долги години силен раст, дојде „мечкиниот пазар“

објавено

на

Откако најпознатиот американски индекс S&P 500 го има најлошиот почеток на годината по 1939 година, се’ почести се прашањата дали пазарите веќе го достигнаа дното. Одговорот на долг рок во голема мера ќе зависи од инфлацијата, диктирана од политиката на централната банка и однесувањето на потрошувачите.

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. Ви го пренесуваме во целост:

Глобалните берзански индекси достигнаа рекордно високо ниво во 2022 година, но по неколку години силен раст, некои од најголемите индекси навлегоа во мечкиниот пазар минатата недела, при што некои сè уште се држат до корекција помала од 20%. Но, прогнозите за следните недели не се најдобри. Откако најпознатиот американски индекс S&P 500 го има најлошиот почеток на годината по 1939 година, се’ почести се прашањата дали пазарите веќе го достигнаа дното. Одговорот на долг рок во голема мера ќе зависи од инфлацијата, диктирана од политиката на централната банка и однесувањето на потрошувачите.

Последната мерка на инфлацијата во САД покажа малку пониски вредности во април отколку во март, но растот на цените од 8,3% на годишна основа не донесе никакво олеснување или знак дека инфлацијата ќе почне да опаѓа во наредните месеци. Целта од 2%, сепак, се чини далечна. Ова е уште една негативна недела за американските пазари, особено за инвестициите кои во последните години донесоа вртоглави приноси.

Екстремно опуштената монетарна политика со ниски каматни стапки и наплив на пари во финансискиот систем, во периодот по економската криза од 2008 година, поттикна раст на економската активност и финансиските пазари. Притоа, економските фактори како што се глобализацијата, стареењето на населението во развиените економии, технолошкиот напредок и растот на продуктивноста долго време дозволија инфлацијата да остане ниска и покрај зголемената количина на пари во оптек.

Но, вишокот ликвидност предизвика многу нерационалности на одделни пазари на капитал. Како што се интензивираше закрепнувањето од пандемијата и се интензивираа прекините во синџирот на снабдување, притисоците врз растот на цените се зголемуваа и стана јасно дека централните банки во западните економии ќе треба да интервенираат и барем грубо да ја нормализираат монетарната политика за да се избегне неконтролирана инфлација. Набргу потоа, некои пазарни односи почнаа да стануваат поразумни.

Во последните неколку недели овој тренд зема замав, бидејќи вредностите на поединечните инвестиции, кои последниве години експоненцијално пораснаа врз основа на (пре)оптимистичките прогнози и очекувања, драстично паднаа. Најголем дел од компаниите чии акции паднаа најчесто се наоѓаат во технолошкиот сегмент на економијата. Многу акции од индексот Nasdaq изгубија повеќе од 50% од нивната вредност (најголем дел пред само неколку месеци). Тоа се претежно млади компании со големи ветувања, чиј опстанок е под знак прашалник или се одложува на неодредено време, а инвеститорите немаат искуство како нивните акции  ќе се однесуваат низ циклусот на економско стагнирање. Тука може да се вклучат и криптовалутите. Степенот до кој пазарот беше прегреан го покажаа ликвидносните ограничувања и последователните силни корекции на гореспоменатите акции.

За успешните и профитабилни компании во ИТ секторот падовите беа многу поограничени, но сепак доста значајни. Во последните денови бевме сведоци на враќање на вредноста, што не мора да значи крај на валуациите. Во секој случај, ваквите периоди оставаат последици и го прочистуваат пазарот, но историјата покажува дека за стабилните и профитабилни компании, прашање на време е кога ќе се вратат во сферата на растот.

Додека американските берзи ги доживеаја најлошите дневни загуби за изминатата година, минатата недела, поголемиот дел од овогодинешните тргувања на европските берзи се случија порано – непосредно по почетокот на војната во Украина. Во последниве недели, берзите на Стариот континент поминаа подобро од американските, бидејќи влијанието на високо вреднуваните акции во пораст на вкупниот пазар е помало. За подобрување на перформансите на европските компании помага и растот на доларот во однос на еврото, кој се приближува до паритет.

За жал, повторно, не можеме да ги игнорираме новите проблеми за снабдувањето со енергија и храна во Европа. Руското ограничување на испораките на енергија и заострувањето на западните санкции како и намалените испораки преку воените зони во Украина вршат нов притисок врз растот на европските цени на природниот гас. Индија го забрани извозот на пченица за да избегне недостиг од житни култури на домашната почва. Во обид да се обезбеди безбедност на националното снабдување со храна, се повеќе земји се одлучуваат за ограничувања на извозот, што ќе ја направи самостојноста во снабдување со храна поважна во наредните месеци, а цените ќе продолжат да растат.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:

Геополитичката ситуација и понатаму е многу непредвидлива, а ФЕД сè уште ги зголемува каматните стапки поради инфлацијата. Инфлацијата станува фокусна точка за инвестиции и заштеди. Зголемувањето на каматните стапки во САД е неизбежно. Останува отворено прашањето што ќе направи ЕЦБ во услови на зголемена инфлација. Војната, кинеското затворање поради корона и поврзаните нарушувања во логистичките синџири, како и високите цени на енергијата и суровините доведуваат до рецесија, така што централните банки имаат многу помал простор за маневрирање отколку во минатото.

Цените на енергијата и суровините продолжуваат да растат или остануваат значително повисоки за разлика од пред 12 месеци. Од друга страна, приносите на банките остануваат негативни, па затоа обврзниците продолжуваат да нудат не многу помали приноси од инфлацијата, а со зголемената инфлација, тие забележаа значителни загуби. Инфлацијата, сепак неодоливо ги голта и банкарските депозити и вложувањата во обврзници. Одбранбениот пристап и разновидното портфолио се клучни за заштита на заштедите во оваа ситуација.

Затоа, глобално диверзифицираните капитални инвестиции со комбинација на вложувања во обврзници остануваат најатрактивен избор, бидејќи капиталните инвестиции нудат одредена заштита од инфлација, а задачата на обврзниците е да го намалат ризикот на портфолиото. Акцентот е ставен на развиените пазари, посебно на САД. Tехнолошките акции остануваат интересен избор за долгорочните инвеститори, бидејќи нудат раст на бизнисот и следење на идните трендови, иако моментално се под силен притисок за продажба.

Приказната за индустријата на снабдување е сложена поради приврзаноста кон руските енергетски извори, особено гасот, но тука сеуште постојат можности. Финансиските акции станаа неатрактивни поради повисоката инфлација и пониските очекувања за зголемување на каматните стапки, но со зголемениот притисок дека ЕЦБ ќе мора да преземе нешто, инвеститорите похрабро влегуваат во индустријата. Пред сè, да бидеме истрајни со програмираните уплати, бидејќи историјата нè учи дека ова е убедливо најдобриот пристап за максимизирање на заштедите. Инвестирањата во тешки, предизвикувачки времиња се покажаа како натпросечни во повеќето случаи во период од пет години или повеќе.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал