Connect with us

банки

Свечено отворен новиот бизнис центар на ПроКредит банка во Битола

објавено

на

Сместен на фреквентна позиција со поглед на ул. Партизанска, новиот, модерен бизнис центар со својот проширен тим од 10 банкарски советници нуди дополнителни можности и подобрено искуство за сите бизнис клиенти и физички лица кои имаат потреба од комплетни банкарски услуги, како од аспект на платен промет, така и во делот на кредитирање.

Во присуство на голем број на гости, вработени и клиенти, ПроКредит Банка свечено го отвори новиот бизнис центар во Битола на нова, атрактивна локација на ул. Тодор Скаловски бр.8.

Сместен на фреквентна позиција со поглед на ул. Партизанска, новиот, модерен бизнис центар со својот проширен тим од 10 банкарски советници нуди дополнителни можности и подобрено искуство за сите бизнис клиенти и физички лица кои имаат потреба од комплетни банкарски услуги, како од аспект на платен промет, така и во делот на кредитирање.

На свечениот коктел свое обраќање имаа Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор на ПроКредит банка, и Љубин Наумовски, Директор на филијалата за мали и средни претпријатија.

Ни претставува особена чест што во годината кога ПроКредит банка одбележува јубилеј од 20 години, го славиме и отворањето на нашиот нов бизнис центар во Битола кој нуди дополнителни функционалности и уште подобро искуство на сите физички и правни лица кои преферираат модерни, флексибилни, дигитални услуги. Битола и регионот имаат голем економски потенцијал, а нашата експертиза во мали и агро бизниси носи дополнителни бенефити за оваа значајна индустрија во пелагонискиот регион. ПроКредит банка е докажан и сигурен партнер кој ќе продолжи долгорочно да го поддржува развојот на економијата во целата земја, а со тоа и активно ќе придонесе кон градење подобра и одржлива иднина.изјави Стевче Кузмановски.

На Битола сме и добро познати веќе 20 години, за тоа зборува и бројот на клиенти од регионот со кои долги години градиме партнерства. Иако сме препознатливи како дигитална банка, со нашето физичко присуство и надвор од главниот град сакаме да ја потенцираме важноста за развој на економијата децентрализирано. За таа цел, го отворивме проширениот бизнис центар со желба да бидеме поблиску до клиентите, каде преку личниот пристап на нашите банкарски советници ќе понудиме уште повисоко ниво на професионална услуга. изјави Љубин Наумовски.

На новата локација клиентите имаат пристап до сите дигитални услуги во модерната 24/7 зона, опремена со современи банкомати, можности за внесување на дневен промет, drop box, уплата и исплата на денари и евра.

ПроКредит Банка е водечка финансиска институција посветена на обезбедување професионални и дигитални банкарски услуги за своите клиенти веќе 20 години.

Комерцијален ПР текст

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал