Connect with us

политика

СДСМ ги објави првите 30 кандидати за градоначалници – 90% се актуелните челници на општините

објавено

на

Петре Шилегов ќе бара уште еден мандат во Скопје, како и Филип Темелковски во Кисела Вода, Константин Георгиевски во Охрид и Сашко Николов во Штип.

По спроведените испитувања на јавното мислење, анализите и истражувањата, консултациите со членството, Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница ги дефинираше првите 30 кандидати за градоначалници од редовите на партијата.

Петре Шилегов повторно ќе се кандидира за градоначалник на Скопје, а меѓу општините на метрополата, познати се кандидатите за Кисела Вода, каде што повторно во трка ќе биде Филип Темелковски и на Бутел, каде што исто така, шанса за втор мандат ќе добие Велимир Смилевски.

Во Штип кандидат е актуелниот градоначалник Сашко Николов, како и во Охрид, Константин Георгиевски. Во сите останати општини од оваа прва листа на 30 кандидати, речиси сите актуелни градоначалници, избрани од редовите на СДСМ, ќе добијат шанса за уште еден мандат, освен во Пехчево, каде што е кандидиран Славчо Пандурски, и во Росоман каде што е кандидат Стојан Николов, како и во Петровец, каде што актуелен градоначалник е од ВМРО – ДПМНЕ, а СДСМ сега ја кандидира Елизабета Зелениковска.

1. Перо Костадинов – Валандово
2. Меликије Халими – Арачиново
3. Благојчо Шапов – Богданци
4. Зоран Зимбаков – Босилово
5. Велимир Смилевски – Бутел
6. Маријан Јанев – Василево
7. Сашо Јанковски – Вевчани
8. Ивица Димитров – Виница
9. Роберт Бешовски – Градско
10. Горан Трајковски – Делчево
11. Лазар Петров – Демир Капија
12. Анго Ангов – Дојран
13. Борче Гиевски – Зелениково
14. Јордан Насев – Карбинци
15. Филип Темелковски – Кисела Вода
16. Благојчо Илиев – Конче
17. Томе Христовски – Крушево
18. Аце Велковски – Лозово
19. Медат Куртоски -Маврово-Ростуше
20. Љубе Кузмановски – Новаци
21. Константин Георгиевски – Охрид
22. Елизабета Зелениковска – Петровец
23. Славчо Пандурски – Пехчево
24. Драган Анастасов – Пробиштип
25. Живко Гошаревски – Ресен
26. Стојан Николов – Росоман
27. Жаклина Јовановска- Старо Нагоричане
28. Горан Стојановски – Чашка
29. Сашко Николов -Штип
30. Петре Шилегов – Скопје

„Сите кандидати за градоначалнички и градоначлници кои беа синоќа објавени во првата фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни индивидуи, со конкретни планови и решенија, секој за својата општина. Процесот на создавање на најдобрата понуда за секоја општина продолжува. Како што ќе се завршуваат анкетите, истражувањата, анализите за останатите општини и како ќе се носат одлуки на раководството, тие јавно ќе бидат соопштени низ фази.“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на синоќешното претставување на листата со овие 30 кандидати.

Кон почетокот на следниот месец ќе биде објавена уште една група на потврдени кандидати за градоначалници, во втора фаза, а очекувањата се до крајот на август да бидат објавени сите кандидати за градоначалнички и градоначалници во сите општини каде СДСМ ќе номинира свои кандидати.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка