start up
Седум македонски стартапи успешно ја завршија регионалната акцелераторска програма на Сеавус Акцелераторот
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Стартапите поддржани преку третата акцелераторска програма на „Сеавус Акцелератор“: GoEasy, Si-Maind, EnRoute, Trident Peak, Culture Technologies, Nsight Solutions и Swift Data имаа ексклузивна можност да ги претстават своите бизнис модели пред домашни и странски инвеститори, ментори и стартап-организации.
Со онлајн „Демо ден“, кој помина во одлична и натпреварувачка атмосфера, Сеавус Акцелераторот ја заврши третата акцелератоторска програма – насловена како Tech Boost Program, која Сеавус ја реализираше во партнерство со еден од водечките европски B2B Акцелератори – Startup Wise Guys и Европскиот Фонд за Југоисточна Европа.
Стартапите поддржани преку третата акцелераторска програма на „Сеавус Акцелератор“: GoEasy, Si-Maind, EnRoute, Trident Peak, Culture Technologies, Nsight Solutions и Swift Data имаа ексклузивна можност да ги претстават своите бизнис модели пред домашни и странски инвеститори, ментори и стартап-организации. Овие компании беа избрани врз основа на квалитетот на продуктите кои ги развиваат, фазата на развој во којашто се наоѓаат, тимот и нивниот потенцијал за раст.
„Преку 3-месечната акцелераторска програма, тимовите од овие стартапи работеа со 30-тина ментори од мрежата на Сеавус Акцелераторот, Startup Wise Guys и SwissEP (Швајцарска програма за претприемништво), каде добија повеќе од 300 часа поддршка и насоки за подобрување и усовршување на нивните продукти, процеси, финансии, маркетинг планови и презентации пред инвеститори.
Овие партнерства, не само што сериозно го подигнаа квалитетот на програмата давајќи и интернационален карактер, туку и обезбедиja многу поголема афирмација на нашите стартапи.
Дополнително, покрај поддршката од нашите ментори-експерти, акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи од каде произлегоа голем број нови партнерства помеѓу поддржаните компании.“– изјавија од „Сеавус Акцелератор“
„Сеавус Акцелератор“ е прв корпоративен акцелератор за поддршка на технолошки стартап компании. Проектот е помогнат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, којшто оваа година оствари партнерство со European Fund for Southeast Europe (EFSE) и Startup Wise Guys – водечки B2B стратап акцелератор во Европа.
Прочитај Уште...
-
Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани
-
Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи
-
Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“
-
Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава
-
10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија
-
„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

Македонската економија на среден и долг рок (2)

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава