Connect with us

македонија

Се бараат одговори, се чека одговорност!

Што се случи во Тетово?

објавено

на

Страшната трагедија со пожарот во модуларната КОВИД болница во Тетово, каде животот го загубија 14 пациенти, кои буквално живи изгореа, ја потресе Македонија на Денот на независноста. Пожарот се проширил многу брзо и за 6 минути изгорен е целиот објект, со што немало никакви шанси да се спасат сите 26 пациенти, коишто биле згрижени во тој момент.

Неколку дена подоцна, шокот и неверицата дека една ваква катастрофа воопшто можеше да се случи се заменуваат со две клучни прашања поврзани со откривање на вистината – што го предизвика пожарот и зошто целата болница изгоре толку брзо?

Страшната трагедија со пожарот во модуларната КОВИД болница во Тетово, каде животот го загубија 14 пациенти, кои буквално живи изгореа, ја потресе Македонија на Денот на независноста. Пожарот се проширил многу брзо и за 6 минути изгорен е целиот објект, со што немало никакви шанси да се спасат сите 26 пациенти, коишто биле згрижени во тој момент.

Прашањата се наметнаа уште ноќта и се движеа на линијата од сомнежи за квалитетот на градбата, преку информации за непочитување на протоколите и редот во самата болница, па се до шпекулации за саботажа.

Неколку дена подоцна, шокот и неверицата дека една ваква катастрофа воопшто можеше да се случи, се повеќе се заменуваат токму со две клучни прашања поврзани со откривање на вистината – што го предизвика пожарот и зошто целата болница изгоре толку брзо? За одговорите ќе треба да се почека.

Посетите надвор од протокол – зголемен ризик од човечки фактор како виновник

Истата вечер тим од обвинители и форензичари излегоа на терен, а и јавната обвинителка за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска  ја побара целата документација од Бирото за јавни набавки за набавката на деветнаесетте модуларни болници за одделна истрага.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ова се тажни денови за нашата земја и огромна трагедија којашто не потресе сите нас.

„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите во оваа несреќа. Длабоко ме потресе она што се случи во Тетово. Од вчера и во текот на целата ноќ целокупните капацитети на Министерството и сите други институции се целосно мобилизирани за што побрзо да се утврдат на причините за оваа трагедија“ вели тој.

Филипче додава дека во истрагата на домашните експерти ќе им помогнат и експерти од странство, со цел спроведување на независна и темелна истрага. Тој, упати апел сите наоди од истрагата да бидат презентирани во јавноста и како што кажа тој, од одговорност никој нема да биде изземен доколку истрагата тоа го утврди.

„Во ковид-центарот во Тетово, за време на овој страотен настан биле хоспитализирани 26 пациенти. Телата на настраданите се предадени на Институтот за судска медицина. Починатите се на возраст од 29 до 79 години. Освен класичните обдукциони наоди, ќе се прават и анализи на ДНК за што се информирани и членовите на пациентите“, објасни министерот Филипче.

Кон него, инаку, е најмногу истурен бесот на јавноста во моментов, но Филипче одбива да си даде оставка од морални причини. Засега, тој вели дека ќе почека да заврши истрагата, а потоа ако треба немало да бега од одговорност.

Овој став, се разбира, не е доволен за да се смири бесот на граѓаните по социјалните мрежи, кои со право сметаат дека чинот на морална оставка и неговата смисла постои токму пред каква било истрага. Она што дополнително вознемирува е фактот што и никој од раководството на самата болница не беше разрешен. Без разлика кои се причините за катастрофата, јасно е дека некаде системот затаил и несфатливо е како оние кои директно се надлежни да не си понесат одговорност први.

Информациите дека во таа болница не се почитувале протоколите и бил дозволен влез и посети од роднини и пријатели ги потврди и самиот министер:

“Како и колку придружници биле во ковид-болницата, најпрво ќе направиме анализа која ќе почне од утре од страна на ДСЗИ. Засега знаеме дека биле двајца луѓе во посета. Посетите за ковид-пациенти начелно се забранети насекаде, но добив информација дека со серификати за вакцинација, роднините биле пуштани да ги посетат пациентите, а не да ги чуваат. Тоа е нешто што е традиционална глетка во нашите болници и од лично искуство знам дека тоа е тешко да се изменаџира“, посочи министерот.

За инфектолозите оваа „традиција“ е скандалозна. Доктор Фадил Цана, специјалист инфектолог на Клиниката за инфективни болести во емисијата 24 анализа, вели дека како лекар смета дека за оваа трагедија треба да се сноси договорност.

„Сметам дека било кој, не само министерот, да беше во таа позиција и во било која држава, морално би требало да се сноси одговорност и да им се отвори пат на органите за истрага. Морална е обврската да се даде оставка, а пред тоа би требало прво што е до негова надлежност, сите одговорни во раководењето на тетовската болница да бидат разрешени.“ – рече Цана.

Доктор Цана смета дека правно треба да се одговара и некој да сноси вина ако тоа го пкаже истрагата. Шокантно е да се дознае дека во тој ковид центар имало и роднини на пациенти. Тие внатре влегувале и излегувале кога сакале и тој ковид центар не служел само за лекување, и од негова гледна точка тоа било жариште за проширување на инфекцијата. Смета дека сето тоа се одвивало со знаење на персоналот и министерствто и затоа треба да сносат морална и правна одговорност.

Раководителот на КОВИД центарот Гзим Нуреднини признава дека биле кршени протоколите:

“Формираме комисија во болницата за да видиме кои вработени ги пуштале посетителите. Сега сите зборуваат за тоа, а година дена никој не ме прашал“ вели тој алудирајќи на фактот што информациите за тоа како си влегувале роднини во оваа болница со месеци кружат низ Тетовци, ама и низ целата држава.

Семејствата и роднините пак велат дека нивното присуство покрај пациентите било неопходно оти немало доволно медицински персонал и токму тие се грижеле за своите болни блиски.

Во секој случај, фактот што не се почитувале протоколи како и фактот што имало поголема концентрација на луѓе од што е предвидено ги зголемува можностите за евентуален човечки фактор – виновник за избивањето на пожарот.

Европа има протоколи за овие болници токму поради ризиците од пожар

Второто прашање што е клучно да се одговори е поврзано со самите болница и квалитетот на градба, имајќи предвид дека пожарот го пеплоса за неколку минути целиот објект.  

Министерот Филипче за ова вели:

„Ќе кажам кратко дека нашиот внатрешен увид покажа дека сите вградени материјали во објектите има сертификат за материјалите и а-тест на електрична, водоводна и канализациона инсталација. За појаснување сѐ што е вградено од материјалите е со сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со а-тестирање. Сето тоа е под надзор на акредитирана компанија што контролира дали се обезбедени сите сертификати за буквално секој материјал што се вградува во модуларната болница. По завршување на сите постапки, сите надзори и техничкиот прием, модуларниот центар се примопредава на болницата во градот, на понатамошно управување и одржување на објектот. Поставувањето на сите модуларни ковид-центри се по строгите критериуми и претходна согласност од Светска банка“.

Од фирмата вклучена во изградба на болниците „Ари и Том“ од Валандово велат дека стојат зад тоа што го направиле и дека се работи за саботажа:

„„Стоиме зад тоа што сме го направиле. Ние сме мирни, но жално е за луѓето што загинаа во несречата. Нашето искуство кажува дека е невозможно да се запали панел од контејнерот.Или е човечки фактор или е настаната некаква експлозија“, објаснува управителот Роберт Том Исиров во разговор за ММС.

Роберт вели дека се шокирал кога видел дека изгорела целата конструкција на контејнерите.

– Имаме изградено 75% од камповите во Ирак за бази, монтажата беше наша. Сме граделе насекаде, но никаде не се случило ова. Да, некаде имало бомбардирање и биле оштетени контејнерите, но ваков пожар не се случил никаде. Тоа треба да биде многу голема температура затоа што има лим и внатре е полиетиленот. Се запрепастив. Многу ми е чудно, не е можно вака да гори. Ќе видиме истрагата што ќе покаже. Панелите се сертифицирани и колку што знам, треба температура од најмалку 200 степени целзиусови за да се запали полиетиленот – изјавува тој за ММС.

Тој вели дека полиетиленот не можел да се запали ниту од инсталацијата, а тоа му го кажале и од фирмите во Италија со кои веднаш се консултирал:

– Се јавив во Италија во фирми што работат само тоа за да ги прашам, ми рекоа дека не е можно да се запали болницата од инсталацијата, освен од експлозија при што би се развила голема температура и ќе го запали панелот. Тие панели имаат сертификат, не можат сами од себе. Има панели што се огненоотпорни со камена волна, тие што се користат за фабрики каде што има поголем ризик од експлозија и пожар. Овие панели не се огненоотпорни, но треба да се развие висока температура. Знам дека објектите имаа технички прием и дадени се сите сертификати од материјалите што се користени во градбата- додаде  Роберт Том Исиров.

Семејната фирма освен на Блискиот исток, градела и во Мозамбик, Африка, рече дека за ваков пожар има различни икс-причини и дека според него се работи за чиста саботажа на болницата. Претседателот Стево Пендаровски веднаш по посетата на местото на несреќата кажа дека нема индиции дека се работи за саботажа.

Од Брако, компанијата на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев велат дека се згрозени што нивното име е ставено во контекст на евентуални виновници за трагедијата:

„Во интерес на објективно информирање на јавноста, сакаме да потенцираме дека оној дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет. Пред техничкиот прием, сите позиции на работа кои беа наша обврска се тестирани и проверени, за што впрочем е доказ уредниот технички прием на објектот, кој е потоа предаден во употреба, а согласно ригорозните стандарди на Светската Банка како финансиер на проектот, а преку Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика. Апелираме и повикуваме, оваа трагедија и губитокот на човечки животи да не се користи како средство за дневно политички и лични препукувања. Најостро ги демантираме сите шпекулации чија единствена цел е оцрнување на нашата компанија, а не откривањето на вистинските причини за трагичниот настан“, стои во соопштението на БРАКО.

Европската комисија во мај годинава донела препораки за заштита од пожарите во КОВИД-центрите токму имајќи го предвид високиот ризик од пожари поради огромните количества на кислород. Препораките се ажурирани на 13 јули годинава откако Европската комисија од почетокот на пандемијата до јуни регистрала 36 пожари во вакви болници ширум Европа во кои се повредени или загинати над 200 луѓе.

Во препораките стои дека сите болници треба да имаат стратегија за управување со ризиците кои ги носи управувањето со кислород, односно сите да ги користат како пример стратегиите за безбедност при пожари предизвикани од хемиски реакции или запалливи материи.

Она што не е познато дали КОВИД-центрите во Македонија, каде како шт гледаме не се почитуваат постоечките протоколи за посети, имаат воопшто вакви протоколи за работа.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil