Connect with us

економија

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

објавено

на

Во ера каде одговорните деловни практики се покритични од кога било, Клубот на одговорни бизниси на Конект има за цел да води со пример и да инспирира промени.

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси, иницијатива посветена на поттикнување на одржливост и етички вредности во деловната заедница. Овој ексклузивен клуб обединува бизниси со докажано искуство во општествено одговорните практики со истомисленици, посветени на позитивно влијание врз општеството и животната средина.

Во ера каде одговорните деловни практики се покритични од кога било, Клубот на одговорни бизниси на Конект има за цел да води со пример и да инспирира промени. Клубот обезбедува платформа за бизниси од сите големини и индустрии да соработуваат, да споделуваат знаење и да имплементираат одржливи решенија.

Покровител на настанот за возобновување на клубот е Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски. Овој настан на кој заложби за поддршка на клубот дадоа над 36 бизниси создаде можности да се зајакне свеста меѓу поканетите за учество во решенијата на локалните предизвици, лидерство и континуирано инвестирање во развојот и иднината на земјата на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. Возобновувањето на клубот ќе испрати силна порака дека водењето на одржлив развој не е надлежност исклучиво на државата, туку значајна улога има приватниот сектор што станува проактивен партнер на граѓанското општество и институциите.

„За жал, тоа што во развиените земји е долга традиција, кај нас сѐ уште е во почетните фази од развојот и оттука, навистина е потребна сета можна поддршка на овие процеси. Верувам дека целите на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, а, тие се: да се зголеми нивото и опфатот на донирањето од страна на корпорациите и поединците во земјата, и во исто време, да се намали зависноста од странските донатори, заедно со намерата да се поттикнат хуманите поединци, а бизнисите да наменат барем 2% од  годишниот обрт за развојот на заедницата, се апсолутно остварливи. Се разбира, за остварување на било која цел е потребна верба, посветеност и меѓусебна соработка, а, здружени можеме да направиме разлика“, истакна претседателот Пендаровски во обраќањето, посакувајќи успех во работата на Клубот на одговорни бизниси на здружението Конект. 

„Многу е важно сите граѓани – без разлика дали се јавни службеници, сопственици на бизнис или членови на заедници – да придонесат за иднината на една земја со инвестирање во нејзиниот развој. Владата на САД, исто така, инвестира во иднината на земјава, а ние сме возбудени што ќе соработуваме со приватниот сектор преку Клубот на одговорни бизниси, кој што е збир на напредни и општествено одговорни бизнис лидери” – рече Џери Дајбл, директорка на УСАИД во земјава.

Директорката на Конект, Никица Кусеникова, во оваа прилика изјави: „Веруваме дека клубот на одговорни бизниси ќе опфати неколку клучни компоненти:

  • Колективно влијание – со здружување на силите, бизнисите во клубот можат да го засилат своето влијание и да поттикнат значајни промени. Заедно, можеме да се справиме со глобалните предизвици како што се климатските промени, социјалната нееднаквост и исцрпувањето на ресурсите.
  • Вмрежување и соработка – клубот нуди единствена можност за членовите да се вмрежуваат и да соработуваат со други одговорни бизниси, поттикнувајќи иновации и меѓуиндустриски партнерства.
  • Споделување на знаење – пристап до мноштво ресурси, најдобри практики и стручни сознанија за да им се помогне на бизнисите да ја интегрираат одржливоста во нивните операции и корпоративна култура.”

Настанот беше организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од асоцијацијата Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, ЕВН, Американската Стопанска Комора,  Стопанска Комора на северо-западна Македонија и Индиго.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки1 недела ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи