Connect with us

економија

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

објавено

на

Со измените и дополните во Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како мерка од петтиот пакет, ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески и на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски, вчера вечер, заедно со членовите на работната група, одржаа состанок на кој се дискутираше за измените и дополните на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како дел од Планот за економски раст, кој почна да се применува од 2018 година, е важен за поттикнување на економскиот раст и развој на државата, преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата и развојот на пазарот на трудот преку поддршка на вработувањата.

Со овој Закон се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонијa и претставува шема на помош согласно прописите за контрола на државна помош.

На оваа работна средба започнаа дискусиите за измени и дополни на дел од условите и критериумите за аплицирање за нови договори и исплата на веќе постоечките договори во услови на ковид криза. Ова е една од мерките од Петтиот пакет економски мерки, со која дополнително ќе се излезе во пресрет на барањата на стопанството, за олеснување на критериумите за аплицирање и добивање на соодветна државна помош за сите компании, домашни и странски, микро, мали, средни и големи, кои решиле да инвестираат во нови производствени хали, набавка на машини, алати и други основни средства за производство, но и да реализираат нови вработувања или дополнителни обуки за вработените дури и во услови на криза.

Со измените и дополните во Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како мерка од петтиот пакет, ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

„Планираните измени и дополни се прават, за да се излезе во пресрет на стопанството и на граѓаните, со што Владата уште еднаш го покажува својот отворен и партнерски пристап во креирањето на новата развојна економија на Северна Македонија, за побрз и одржлив економски раст.“, велат од Владата.

економија7 дена ago

Нема да треба да се оди до Врање, Лидл ќе отвори маркети во Македонија

економија6 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

економија5 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

банки6 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

македонија5 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

економија5 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании1 ден ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

свет5 дена ago

Како еден град станува паметен?

македонија5 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини