Connect with us

економија

Се одржа 41. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка

објавено

на

Беше презентиран трудот „Кластерска анализа на посебни индикатори на банкарските системи на Северна Македонија, земјите членки на ЕУ и балканските земји“ од Емилија Стојанова Ивановска.

Вчера се одржа 41. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка. Со тоа успешно се заокружија активностите на Клубот предвидени за оваа календарска година. Во пандемични услови,  во виртуелен формат, се одржаа четири сесии на коишто беа презентирани неколку научноистражувачки трудови, во областа на макроекономијата и финансиите.

По отворањето на сесијата со обраќање на вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, беше презентиран трудот „Кластерска анализа на посебни индикатори на банкарските системи на Северна Македонија, земјите членки на ЕУ и балканските земји“ од Емилија Стојанова Ивановска.

Во трудот, со емпириски пристап се прави споредба на неколку показатели за банкарскиот систем, со цел да се согледа неговата сличност со земји членки на Европската Унија, или со селектирани земји од регионот. Како што беше посочено во презентацијата, врз основа на спроведената кластерска анализа, нивото на концентрација во банкарскиот систем на нашата земја умерено и прифатливо. Споредбено, тоа е повисоко од дел од земјите од регионот, а слично со некои од земјите членки на ЕУ. 

Воедно, во ова истражување е направена и кластерска анализа на показателите за финансиско посредување, којашто покажува дека степенот на финансиско посредување во нашата земја и анализираните земји од регионот е понизок во споредба со повеќето од земјите членки на ЕУ. Според презентираните наоди, авторката заклучува дека има простор за понатамошно и постепено продлабочување на нивото на финансиското посредување во нашата земја, водејќи притоа сметка за соодветно преземање ризици и со тоа одржување на квалитетот на портфолиото на банките, коешто и врз основа на оваа анализа е оценето како подобро во однос на некои од земјите од ЕУ.

По презентацијата, на сесијата се водеше дискусија помеѓу учесниците, поттикната од трудот и изнесените заклучоци.

Следната сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи во март следната година.

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите