Connect with us

свет

Се отвори „Пандорината кутија“, излегоа милиони документи за скриените пари на светските моќници

објавено

на

Од регионот на Балканот и поранешна Југославија, во „Пандора документите“ се споменуваат двајца политичари од Словенија, по еден од Црна Гора и Албанија, и четворица од Србија. Од звучните имиња, тоа се претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и српскиот министер за финансии Синиша Мали. 

Тајните зделки и скриените средства и имоти на некои од најбогатите и најмоќни луѓе на планетава се откриени во досега најголемото истекување на документи за офшор сметки во историјата, именувано како „Пандора документи“.

Протечени се 11,9 милиони документи од компании ангажирани од богати клиенти со цел да се креираат офшор мрежи во даночни оази како Панама, Дубаи, Монако, Швајцарија и Кајманските Острови.

Тие откриваат тајни офшор договори на 35 светски лидери, меѓу кои и поранешни претседатели, премиери и шефови на држави. Документите ги расветлуваат и тајните финансии на повеќе 300 други функционери, како министри, судии, градоначалници и воени генерали од повеќе од 90 држави, пишува Гардијан.

Во протечените податоци се присутни и над 100 милијардери, како и славни личности, музички ѕвезди и бизнис лидери. Многу од нив користеле фиктивни компании за нивниот луксузен имот, како земјишта, јахти или пак анонимни банкарски сметки. На нив има дури и уметнички дела – од украдени антиквитети од Камбоџа до слики од Пикасо и мурали од Бенкси.

Документите биле доставени до Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), кои ги споделиле протечените податоци со повеќе од 600 новинари од медиуми како Гардијан, Би-Би-Си, Ле Монд и Вашингтон Пост кои по 18 месечната анализа во следниот период ќе ги објавуваат сознанијата до кои дошле.

Засега медиумите пренесоа за таен имот во светските престолнини од стотици милиони долари на првите луѓе на Јордан и Азербејџан, Кралот Абдула Втори и Илхам Алиев. Дополнително документите покажале дека премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, преку офшор компанија, има купено вила од 22 милиони долари на југот на Франција, како и дека претседателот на Кенија, Ухуру Кенјата и неговото семејство имаат преку 30 милиони долари на офшор сметки.

Во документите фигурираат и претседателот на Украина, Волoдимир Зеленски, како и блиски соработници на рускиот претседател, Владимир Путин.

Мило Ѓукановиќ скриле имот на офшор сметки во пет земји

Од регионот на Балканот и поранешна Југославија, во документите се споменуваат двајца политичари од Словенија, по еден од Црна Гора и Албанија, и четворица од Србија. Од звучните имиња, тоа се претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и српскиот министер за финансии Синиша Мали. 

Црногорскиот претседател заедно со својот син Блажо криеле пари и имоти на офшор сметки во пет различни дестинации.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо во 2012 година потпишале тајни договори за управување со нивните средства, криејќи се зад комплицирана мрежа поврзана со компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар, а синот на црногорскиот претседател ја искористил таа структура за да формира и две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора, пренесува порталот на Радио-телевизија Црна Гора.

Во документите се наведува дека Ѓукановиќ формирале трустови со цел планирање на наследството и заштита на имотот, додека изворите на средства се приход од нивната кариера и профит од инвестиции. Ова се неотповикливи трустови, кои им овозможуваат на вистинските сопственици да го заштитат својот скриен имот, дури и кога тоа е предмет на судска постапка или побарувања на доверители.

Документите од Пандора досието покажуваат мејлови, дописи, извештаи и сертификати за акции кои ги откриваат лавиринтите на корпорациските структури.

Пандорините документи претставуваат најнов и најголем истек на податоци по серијата на големи протечувања на финансиски податоци кои го потресоа офшор светот досега, односно Панама документите од 2016 година и Парадајс документите од 2017 година.

Истражувањето на ICIJ  покажува дека моќни политичари, кои би можеле да му стават крај на криењето пари и избегнувањето на плаќање данок преку користење на даночните оази, всушност и самите профитираат од таквиот систем. 

На пример, поранешниот британски премиер Тони Блер кој јавно се залагаше против избегнувањето на плаќање данок. Пандорините документи откриваат дека Блер и неговата сопруга Чери се стекнале со зграда вредна 7,6 милиони евра така што купиле офшор фирма која тргува со недвижности и тоа од семејството на бахреинскиот министер Зајед бин Рачид ал Зајани. Со купување на удел во фирмата, а не директно самата зграда, Блер и неговата сопруга избегнале данок на имот во вредност од околу 350.000 евра.


Блер и Ал Зајани тврдат дека не знаеле оти другата страна биле вмешана во договорот. Чери Блер тврди дека нејзиниот маж не бил вклучен во трансакцијата и дека фирмата повеќе не постои, пишува Дојче Веле. 

Нема да се види крајот на офшор економијата

Разни посредници, адвокатски канцеларии или агенции им нудат на клиентите за неколку стотина долари да станат сопственици на нова компанија, регистрирана во некоја од земјите- даночни оази. Со тоа, вистинскиот сопственик останува скриен. 
Може да се формира и фонд кој им овозможува на сопствениците да управуваат со своите пари, но да не сносат никаква правна одговорност за тоа.

Меѓу светските богаташи, тоа е популарен начин да се сокријат пари од доверители, даночни органи или понекогаш и од бивши сопружници.
Поседувањето фирми во земји во кои практично не се плаќа данок не е само по себе илегално, но се соочува со критики затоа што овозможува затајување данок. Притоа, се водат дебати за тоа колку е морално да се избегнува плаќање данок во земја во која се заработуваат парите.
Според некои проценки на експерти, дури десет отсто од светскиот БДП се чува во даночните оази.

Пандора документите, исто така, откриваат некои од досега невидените последици од претходните истекувања на офшор документи, што поттикна скромни реформи во некои делови на светот, како што се Британските девствени острови, каде што  сега се води евиденција за вистинските сопственици на компании регистрирани таму.

Сепак, сегашните истечени  податоци покажуваат дека парите се префрлаат од едни во други офшор  дестинации, бидејќи богатите клиенти и нивните советници се прилагодуваат на новата реалност.

Некои клиенти на Мосак Фонсека, сега веќе непостоечката адвокатска фирма којашто беше во средиштето на истекувањето на Панама документите  од  2016 година, едноставно ги префрлиле своите компании на име на други провајдери на офшор услуги, како што е еден глобален труст и корпоративен администратор со голема канцеларија во Лондон, чиишто податоци се во новата група на протечени документи.

Некои протечени фајлови  укажуваат на тоа  дека има поединци  коишто сакаат да ги заобиколат новите регулативи  за приватност. Еден швајцарски адвокат одбил да ги испрати по електронска пошта имињата на своите клиенти до давателот на услугата во Британски девствени острови, како што треба според новата регулатива . Наместо тоа, тој ги испратил по воздушна пошта, со строги упатства дека тие не смее  да се обработуваат на кој било „електронски начин“.

Џерард Рајл, директор на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, вели дека водечките политичари коишто  ги организирале своите финансии во даночните оази имаа удел во статус кво состојбата и најверојатно ќе бидат пречка за реформа на офшор економијата.

„Кога имате светски лидери, кога имате политичари, кога имате јавни функционери, што сите ја користат тајноста и сите го користат овој начин, тогаш мислам дека нема да го видиме крајот на сето ова“.

македонија5 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

македонија4 дена ago

Јошка Фишер од Самитот во Скопје: Западен Балкан припаѓа на Европа, не ги отворајте вратите за играчи како Кина

македонија4 дена ago

Заев на Самитот на Западен Балкан: Економијата се стабилизира, порака до сите инвеститори да вложат во Северна Македонија

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија5 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

свет6 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

македонија6 дена ago

Finance Think: Вакцинацијата во Македонија заштеди најмалку 2.8 милиони евра во текот на делта бранот

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil