Connect with us

банки

Сигурна заштеда со ПроКредит Банка: најдобри каматни стапки за орочени депозити

Комерцијална ПР објава

објавено

на

Во најновата кампања, ПроКредит ги нуди најдобрите каматни стапки на пазарот за орочени депозити во евра, како и во денари. Покрај сигурната заштеда за иднината, орочениот депозит на ПроКредит Банка носи и дополнителни поволности за клиентите.

ПроКредит, како единствена банка со германски капитал во земјава, посветено работи на градење култура на штедење и инвестира во финансиска едукација на своите клиенти.

Во најновата кампања, ПроКредит ги нуди најдобрите каматни стапки на пазарот за орочени депозити во евра, како и во денари. Покрај сигурната заштеда за иднината, орочениот депозит на ПроКредит Банка носи и дополнителни поволности за клиентите:

  • Фиксна и загарантирана каматна стапка
  • Орочување на 25 месеци – 1,8% за евра и 2,5% за денарски депозити
  • Можност за орочување на заштедата директно преку е-банкарство
  • Високо-професионална услуга и поддршка од Личен банкарски советник

Тоа по што клиентите ја препознаваат ПроКредит банка на пазарот се дигиталните банкарски услуги и можноста за онлајн аплицирање, дури и за орочен депозит. Процесот е едноставен и целосно онлајн, со што дополнително се заштедува време.

„Една од нашите главни заложби како банка е промоција на културата на штедење, па затоа и преку нашите промотивни кампањи нудиме најдобри услови на пазарот кои очекуваме дека ќе ги мотивираат граѓаните да се одлучат да ги инвестираат своите средства во иднината. Но, тоа не го правиме само преку промоција на добри каматни стапки, туку и преку едукација. Tоа што е уникатно за нас на пазарот е што и покрај целосно дигитализираниот процес, ПроКредит нуди персонализирана услуга за секој клиент кој добива свој личен банкарски советник. Оваа услуга е целосно бесплатна и е достапна за секој клиент на банката кој има потреба од совет за инвестирање, штедење или кредитирање. На наше големо задоволство, клиентите навистина знаат да го препознаат квалитетот на нашата професионална услуга и имаме одличен фидбек од пазарот.изјавија од ПроКредит банка.

ПроКредит е веќе одамна етаблирана како сигурна банка со високо-квалитетното кредитно портфолио, стабилната стапка на кредити во однос на депозити и високата ликвидност, што се клучен фактор при избор на банка каде штедачите ги инвестираат своите средства. Дополнително, високиот кредитен рејтинг потврден од реномираната меѓународна агенција Fitch Ratings е потврда за квалитетното работење на банката и нејзината стабилност на пазарот.

“На крајот, но можеби и најважно – со нашите клиенти ги делиме вредностите во кои силно веруваме, а се однесуваат на иднината. Имено, средствата од депозитите се инвестираат во проекти кои промовираат долгорочна одржливост на општеството. Па така, над 90% од кредитното портфолио нa ПроКредит е пласирано во мали и средни претпријатија кои се главни генератори за  нашата економија, а истовремено 20% од вкупните кредити се пласирани во енергетско ефикасни проекти и проекти за заштита на животната средина.” Повеќе информации за промотивните депозити може да најдете на веб страницата на ПроКредит Банка: https://www.pcb.mk/aplikacija-za-otvoranje-orocen-depozit.nspx

Комерцијален ПР текст

банки2 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија3 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

економија6 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

свет6 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?