Connect with us

интервју

Симон Шутиноски: Досега имаме 25 учесници – трговци, снабдувачи или производители на струја, одлична бројка за вака мал пазар

Симон Шутиноски, управител на македонската берза за електрична енергија – МЕМО

објавено

на

„Интерес за тргување  засега имаат појавено дваесет и пет еминентни компании од овој бизнис, што претставува импозантна бројка за мал пазар на електрична енергија каков што е македонскиот. Со оглед дека берзанското работење во оваа област кај нас е во зачеток,  со оваа бројка на учесници  во целост е оправдана смислата на оваа берза на електрична енергија. Со нивната активност е овозможено и формирањето на референтната цена на електрична енергија во Северна Македонија која е крајната цел на една берза, бидејќи нашата постигната референтна цена е реална и соодветствува со регионалните цени. “

Веќе два месеци како што функционира домашната берза за струја, со којашто раководи Националниот оператор на пазарот за електрична енергија – МЕМО. Со управителот на МЕМО, г. Симон Шутиноски разговаравме околу тоа каква придобивка е всушност оваа берза за снабдувањето со електрична енергија на македонските граѓани и компании и кои се следните планови за нејзин развој.

Најпрво, да објасниме за читателите како всушност функционира берзата на електрична енергија, односно кои се учесници на страната на понудата и побарувачката?

Најважни се транспарентноста, недискриминирачкиот начин на тргување и гаранцијата дека истргуваното реално ќе се реализира
Она што сакам да го истакнам дека при тргувањето најважна е транспарентноста, недискриминирачкиот начин на тргување и гаранцијата дека истргуваното реално ќе се реализира. Тргувањето се одвива така што никој од учесниците не знае од кого купил електрична енергија, а и оној кој продал не знае на кого ја продал, бидејќи оние кои ја продале енергијата ја продале на МЕМО, а оние кои ја купиле енергијата ја купиле од МЕМО. МЕМО во целиот процес претставува централна страна на тргувањето која е гарант дека трансакциите склучени на пазарот ден однапред ќе бидат соодветно финансиски и физички исполнети.

Функционирањето на македонската берза на електрична енергија е стандардно согласно европскиот модел на тргување во сегментот „ден однапред“, односно таа функционира како и сите европски берзи на електрична енергија. За почеток го воведовме сегментот на тргување ден однапред со стандардни часовни продукти.

Тоа значи дека од страната на понудата се сите оние производители, снабдувачи и трговци кои сакаат да продадат одредени количини на електрична енергија по цени кои тие се спремни да ја продадат на часовно ниво, а од страната на побарувачката се сите оние производители, снабдувачи и трговци кои сакаат да купат електрична енергија по цени кои тие се спремни да го сторат тоа на часовно ниво.

Сите оние учесници кои се регистрирани на македонската берза, а тоа се засега 25, ги доставуваат своите бидови (налози за тргување) во системот- платформата за тргување, до десет часот и триесет и пет минути кога се затвара портата на тргување на македонската берза. Потоа трговската платформа која го користи стандардниот европски алгоритам (Euphemia)  ги обработува нивните понуди и во 10.45 ги објавува резултатите од тргувањето кое се однесува за испорака на истргуваната енергија за наредниот ден (ден – однапред) на часовно ниво. Сите кои учествувале во тргувањето во 10.45 часот добиваат информација колкава количина на електрична енергија успеале да истргуваат во одредени часови и по која цена.

Она што сакам да го истакнам дека при тргувањето најважна е транспарентноста, недискриминирачкиот начин на тргување и гаранцијата дека истргуваното реално ќе се реализира. Тргувањето се одвива така што никој од учесниците не знае од кого купил електрична енергија, а и оној кој продал не знае на кого ја продал, бидејќи оние кои ја продале енергијата ја продале на МЕМО, а оние кои ја купиле енергијата ја купиле од МЕМО. МЕМО во целиот процес претставува централна страна на тргувањето која е гарант дека трансакциите склучени на пазарот ден однапред ќе бидат соодветно финансиски и физички исполнети.

Со оглед дека берзата почна пред неполни два месеци да функционира, како сте задоволен од досегашниот промет, обемот на истргувана струја, бројот на учесници и сл.?

Неколку пати имам напоменато дека отпочнувањето со работа на македонската берза на електрична енергија претставува огромен исчекор во начинот на работење и разбирање на пазарот на електрична енергија на големо, бидејќи успеавме да овозможиме место каде што сите учесници на овој пазар ќе можат да тргуваат на транспарентен недискриминаторен начин што е пракса за големите западноевропски организирани пазари на електрична енергија.

Во првите два месеци од работењето задоволството кај мене и кај тимот на МЕМО, како и кај нашите партнери од Франција и Словенија е големо, бидејќи на нашиот мал, но разигран пазар на електрична енергија на големо, успеавме да воспоставиме функционална трговска  платформа која ја добиваме од EPEX Spot, европската берза на електрична енергија со седиште во Париз и функционална платформа за клиринг и финансиско порамнување која ја добиваме од BSP South Pool – словенечката берза на електрична енергија која е дел од ADEX Group – регионална берза на електрична енергија.

Сето ова претставува сигурно место за тргување за сите оние дваесет и пет регистрирани учесници на МЕМО-берзата на електрична енергија меѓу кои покрај домашни компании можеме да заклучиме дека имаме присутни и големи регионални и европски трговски компании кои секојдневно активно учествуваат со тргување кај нас. Најважно е тоа што во овие  два месеци имаме тргување во сите часови од денот и се постигнуваат реални цени на електрична енергија кои ги следат трендовите на цените во регионот и Европа.

Берзата ќе ја постигне својата крајна цел преку пазарното спојување со соседните берзи на електрична енергија

Сакам да ја искористам оваа прилика да апелирам до компаниите кои купуваат и продаваат електрична енергија на билатерален начин или преку јавни набавки, популарното индексирање на цената со онаа на унгарската берза HUPEX да почнат да го менуваат со индексот на постигната цена на македонската берза МЕМО. Сепак, постоењето на македонската берза на електрична енергија својата крајна цел ќе ја постигне со пазарното спојување со соседните берзи на електрична енергија, согласно паневропскиот модел, на што во моментов тимот на МЕМО интензивно работи  (На фотосот е берзанското ѕвонче со коешто на симболичен начин на 10 мај 2023 беше означен почетокот со работа на македонската берза на електрична енергија).

Имаме приватен сектор и институции што купуваат струја со директни договори со снабдувачите, имаме домаќинства што добиваат струја со регулирана цена, а сме мал пазар како држава. Која е смислата на берза на струја всушност, кој го наоѓа интересот да тргува на неа?

Токму така, македонскиот пазар на електрична енергија е мал пазар, кој е делумно регулиран во делот на домаќинствата, но сепак можеме да се пофалиме дека овој пазар е разигран од страна на големиот број на учесници на пазарот кои активно работат на пазарот на големо, и истиот тој е целосно либерализиран согласно европската регулатива.

Во месец септември отпочнува Билатералниот скрининг за Северна Македонија од страна на Европската комисија во поглавјето 15, Енергетика и поглавјето 21,  Транс европски енергетски мрежи, каде слободно можеме да се пофалиме дека Северна Македонија со воведување на организираниот пазар на електрична енергија – берзата на електрична енергија, има затворено уште едно од европските поглавја.

Интерес за тргување како што напоменав за сега имаат појавено дваесет и пет еминентни компании од овој бизнис, што претставува импозантна бројка за мал пазар на електрична енергија каков што е македонскиот на кој во зачеток е берзанското работење со што во целост е оправдана смислата на оваа берза на електрична енергија. Со нивната активност е овозможено и формирањето на референтната цена на електрична енергија во Северна Македонија која е крајната цел на една берза, бидејќи нашата добиена референтна цена е реална и соодветствува со регионалните цени.

Сакам да ја искористам оваа прилика да апелирам до компаниите кои купуваат и продаваат електрична енергија на билатерален начин или преку јавни набавки, популарното индексирање на цената со онаа на унгарската берза HUPEX да почнат да го менуваат со индексот на постигната цена на македонската берза МЕМО. МЕМО веќе тоа го стори во јавната набавка за електрична енергија за сопствени потреби која неодамна ја објави, а овие денови очекуваме да го склучиме и првиот договор за набавка на електрична енергија по цена која ќе е индексирана на македонската берза на електрична енергија.

Сепак, постоењето на македонската берза на електрична енергија својата крајна цел ќе ја постигне со пазарното спојување со соседните берзи на електрична енергија, согласно паневропскиот модел, на што во моментов тимот на МЕМО интензивно работи.  

Ако македонската берза за хартии од вредност, на пример, е во сопственост на банки и брокерски куќи, значи приватни субјекти, тука сопственик е МЕМО, значи државна компанија. Што значи тоа за начинот на функционирање на берзата на електрична енергија, има ли простор оваа берза во некој момент да прими и други заинтересирани во сопственичката структура и дали тоа нешто би сменило во квалитетот на работење, инвестициите, итн.?

Всушност берзата на електрична енергија е МЕМО, кој е во целосна сопственост на АД МЕПСО – преносниот систем оператор. За разлика од берзите за хартии од вредност, во поголемиот дел на Европа праксата сопственици на берзите на електрична енергија се преносните систем оператори кои во некои западно европски земји се и приватни компании.

Сето ова е така структурирано поради типот на бизнис, но не значи дека мора така да биде. Секако дека има примери односно одредени трендови на формирање на групации од повеќе берзи на електрична енергија каде сепак во крајните сопственички структури се појавуваат повторно национални преносни систем оператори или примерите од некои други земји каде берзите на електрична енергија се дел од поголеми берзански холдинзи.

Секако дека вакви сопственички структури не би промениле ништо во оперативното работење на берзата, затоа што македонската берза функционира согласно европскиот модел на тргување со електрична енергија во сегментот ден однапред, исто како што функционираат сите берзи на електрична енергија во Европа. Оперативното работење на берзата мора да го запази овој модел на функционирање за да се овозможи пазарно спојување согласно европскиот модел за спојување на берзите за да и македонската берза стане дел од паневропскиот пазар на електрична енергија.

Ќе се развиваат нови кадри – трејдери со струја

За сите оние кои немаат сертифицирани трејдери за оваа платформа, вршиме обука по чиешто завршување се врши тестирање, а потоа и сертифицирање на лицата,  коишто секој регистриран учесник ги наведува за трејдери на МЕМО. Во моментов има ваков обучен кадар, но со отворањето на македонската берза на електрична енергија се овозможи поголем развој на нови кадри во оваа област која може да биде од голем интерес.

Каков кадар е потребен за тргување на берзата на електрична енергија, каде се обучуваат „брокерите“, имаме ли доволно такви кадри во земјава во моментов?

За тргување на македонската берза се потребни овластени трговци, т.н. трејдери кои се сертифицирани од МЕМО. Доколку трговците поседуваат сертификат од било која берза во Европа која ја користи трговската платформа на EPEX Spot тие сертификати ќе бидат признаени од страна на МЕМО и за тој трговец МЕМО ќе изготви соодветен сертификат.

 Како пример ќе наведам, ако некој трејдер е сертифициран да тргува на HUPEX, тој со приложување на сертификатот издаден од HUPEX автоматски ќе добие сертификат и од МЕМО бидејќи и МЕМО и HUPEX ја користат истата трговска платформа, платформата на EPEX Spot. За сите оние кои немаат сертифицирани трејдери за оваа платформа, вршиме обука по чиешто завршување се врши тестирање, а потоа и сертифицирање на лицата,  коишто секој регистриран учесник ги наведува за трејдери на МЕМО. Во моментов има ваков обучен кадар, но со отворањето на македонската берза на електрична енергија се овозможи поголем развој на нови кадри во оваа област која може да биде од голем интерес.

Бидејќи од први јули се очекува нова цена на струјата за домаќинства, што тоа значи за работењето на берзата на МЕМО, има ли некакво влијание? И дали некогаш ќе можат граѓаните да изберат помеѓу снабдувачи кои ќе си конкурираат меѓу себе? Бидејќи не е баш така едноставно… кога е струјата релативно евтина, сите размислуваме за конкуренција и слободен пазар, но кога ќе  се случи 2022, субвенционираната и регулирана цена од државата ги спаси домаќинствата од шок по семејниот буџет.

Бидејќи тргувањето на берзата е тргување на електрична енергија на големо, цените кои Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги определува за домаќинствата немаат никакво влијание на работењето на берзата. Берзата им дава поголеми можности на Универзалниот снабдувач – ЕВН ХОМЕ , Електрани на Северна Македонија – ЕСМ како и на Дистрибутивниот систем оператор – ЕВН Дистрибуција и Преносниот систем оператор – МЕПСО да ги оптимизираат своите портфолија со што ќе си овозможат купување на поевтина електрична енергија во одредени часови од денот и продавање на вишоците на електрична енергија кои им се појавуваат во одредени часови од денот со што крајно можат да влијаат со намалување на крајната цена на електрична енергија.

Со целосната либерализација на пазарот на електрична енергија што се случи со носењето на Законот за енергетика во 2018 година де факто им се овозможува на граѓаните да си изберат свој снабдувач. Но бидејќи европскиот пазар во последните години претрпе големи ценовни шокови, цените кои можат да ги понудат снабдувачите се многу поголеми од цената која ја нуди универзалниот снабдувач.

Точно е дека државата со субвенционирањето ги спаси семејните буџети, но во оваа криза која ја погоди цела Европа, сите европски влади со одредени субвенции ги подржаа своите граѓани. Она што сакам да го напоменам е дека како народ мораме да почнеме да ја третираме електричната енергија како пазарен продукт чија цена се определува пазарно. Со тоа ќе почнеме да ја развиваме свеста за штедење на електрична енергија или оптимално нејзино користење, свеста за енергетска ефикасност и свеста за користење на можноста за производство на електрична енергија од македонското сонце, кое го имаме во изобилие, за сопствени потреби и намалување на потребата за купување на поголеми количини на електрична енергија.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас