Connect with us

македонија

Сити Плаза на Ајдован Адемоски и официјално ја презеде Рамстор Македонија

објавено

на

Македонската компанија „Сити плаза” на бизнисменот Ајдован Адемоски е новиот сопственик на Рамстор Македонија” во чиј состав влегуваат шопинг центарот „Рамстор мол”, како и синџирот маркети „Рамстор”. Сити Плаза во следните пет години ќе инвестира повеќе од 105 милиони евра во проширувањето и развојот на Рамстор Македонија.

Македонската компанија „Сити плаза”, новиот сопственик на Рамстор Македонија” во чиј состав влегуваат шопинг центарот „Рамстор мол”, како и синџирот маркети „Рамстор”, во следните пет години ќе инвестира повеќе од 105 милиони евра во проширувањето и развојот на оваа компанија. Менаџерскиот тим на „Сити плаза” денеска пред бројни претставници на државниот врв, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени и медиуми, ја претстави инвестициска програма за „Рамстор Македонија” за периодот од 2021 до 2025, при што и свечено ја презеде компанијата под свое раководство.

На свечениот настан за преземање на „Рамстор Македонија”, компанијата „Сити плаза” го презентираше и новото стратешко партнерство со холдингот „Мигрос” од Република Турција. Оваа соработка подразбира заеднички вложувања во делот на обезбедување и франшиза на трговската марка „М” за балканскиот регион, што ќе овозможи пристап и до други странски пазари, на кои покрај „Рамстор” ќе се вклучат и други македонски и турски производители.

Со планираните вложувања, во следните пет години „Сити плаза” ќе го зголеми капацитетот на трговскиот центар „Рамстор мол” во Скопје и ќе изгради подземна гаража за овој објект, ќе ја прошири продажната мрежа на „Рамстор” маркетите за 18 нови супермаркети, како и ќе изгради три „Рамстор Retail парк” на локации низ земјава каде што „Рамстор” во моментов не е присутен. Дополнително, инвестицискиот план предвидува изградба и модернизација на логистички центар „Рамсторе” на површина од над 25 илјади м2, изградба на нов административно-деловен простор, инвестиции во погон за преработка и пакување на прехранбени производи, како и изградба на фотонапонска централа од 5 мегавати во Кочанско.

Со преземањето на „Рамстор Македонија”, како што истакна Ајдован Адемоски, сопственик на „Сити плаза”, компанијата ќе ги задржи сите вработени, а со новите инвестиции ќе се отворат и дополнитени 700 работни места во сите сектори од работењето на друштвото. Вкупната вредност на планираните инвестиции ќе изнесува 105,2 милиони евра.

– Од неодамна, „Сити плаза” донесе деловна одлука каде во својство на целосен сопственик ја презема сопственоста на Рамстор Македонија и планира да го продолжи своето искуство и знаење во понатамошен развој и прилагодување на новите стандарди во вршење трговија ио трговска размена, како во државата, така и надвор, во Турција, Бугарија, Србија и Косово, рече Адемоски на денешниот настан.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање рече дека во време кога компаниите кај нас и секаде во светот се соочуваат со огромни предизвици заради пандемијата од Ковид-19 и поради тоа ги намалуваат трошоците и бројот на вработени, вистинска реткост е влегување во нови инвестиции и најава за нови вработувања. Еден од ретките такви примери кај нас, додаде Заев, е планот на „Сити плаза”, на бизнисменот Ајдован Адемоски по преземањето на ТЦ „Рамстор” и истоимениот синџир маркети.

– Во оваа прилика да ја истакнам улогата на граѓаните од турската заедница за нашата земја како силна алатка на поврзување на традиционално исклучително доброто пријателство и одлична соработка меѓу Македонија и Турција. Нашите две земји континуирано вложуваат во развојот на билатералните односи и пријателства и претставуваат пример за тоа како треба да се соработува во регионот и пошироко. Најдобра илустрација е присуството на голем број странски инвестиции во земјата од Турција, тоа е најголем странски инвеститор во Македонија од земјите надвор од ЕУ, рече Заев.

Додаде дека само оваа година интерес за вложување во секундарната гасификација на нашата земја изразија две големи турски компании и влегоа во завршна фаза од конкурентниот дијалог за воспоставување јавно приватно партнерство во овој проект вреден 300 милиони евра.

– Две турски компании конкурираат во Чебрен, повеќе турски компании за изградба на железниците, две компании за сто мегавати во Осломеј се само од Турција, повеќе турски компании за гринфилд инвестиции во нашите зони, заклучи Заев.

Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок истакна дека новите подвизи кои ќе ги реализира „Рамстор” несомнено ќе дадат фидбек на економските односи на Турција и Македонија.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

свет8 часа ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

македонија1 ден ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании4 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион4 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју4 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју4 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија4 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија4 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

свет4 дена ago

Пустината под вода

економија1 недела ago

„Е-commerce awards“ придонесуваат кон растот и успехот на бизнисите што функционираат во дигиталниот простор

економија4 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет4 дена ago

Пустината под вода

регион4 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју4 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

интервју4 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

економија4 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

технологии / компании4 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција