Connect with us

македонија

Скапата струја „изела“ 220 милиони евра наменети за капитални инвестиции во 2022

Владата и општините жртвувале проекти од интерес за граѓаните за да ги платат високите сметки за електрична енергија

објавено

на

Со цел да се покријат дополнителните расходи кои ги наметна енергетската криза во 2022 година, Владата жртвувала проекти од најмалку 170 милиони евра. Кога кон овој износ ќе се додадат и 50 милиони евра капитални проекти кои требало да се реализираат од локалните власти, произлегува дека граѓаните се условно кажано оштетени за 220 милиони евра кои требало да придонесат кон подобрување на нивниот квалитет на живот

Кризата ги „изела“ парите за проекти од интерес на граѓаните – место да се гради и инвестира во капитални проекти, државата и општините покривале дупки во буџетите. Енергетската криза предизвикала трошоци од 271 милиони евра. Со цел да се покријат дополнителните расходи кои ги наметна енергетската криза во 2022 година, Владата жртвувала проекти од најмалку 170 милиони евра. 

Ова го покажува истражувањето за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните, коешто беше презентирано деновиве во Скопје, во организација на Центарот за граѓански комуникации, а поддржано од Цивика мобилитас.

Според Сабина Факиќ од ЦГК, станува збор за проекти како реновирање на здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина. 

„Кога кон овој износ ќе се додадат и 50 милиони евра капитални проекти кои требало да се реализираат од локалните власти, произлегува дека граѓаните се условно кажано оштетени за 220 милиони евра кои требало да придонесат кон подобрување на нивниот квалитет на живот“, вели таа. 

Задолженоста на сите институции е зголемена за 30 проценти и изнесува 800 милиони евра. Факиќ смета дека многу е важно да се настојува товарот на зголемените трошоци да не паѓа толку на граѓаните, туку да влијае и на привилегиите кои за себе си ги обезбедуваат функционерите.

Нереална слика дека поголем дел од буџетот е искористен за капитални инвестиции

Најголемиот раст во капиталните расходи е всушност остварен преку буџетската ставка 485 (Вложувања и нефинансиски средства) која изнесува 179 милиони евра, а преку неа се вршени исплатите кон АД ЕСМ (97 милиони евра), како и на други државни компании, АД Пошта (2 милиони евра) и АД Водостопанство (1,8 милиони евра) за сервисирање на обврските за електрична енергија.

Државниот завод за ревизија, дополнително, забележува дека „иако во дел од донесените Одлуки на Владата, исплатата кон ЕСМ е предвидено да се изврши како расходи за трансфери (ставка Разни трансфери), истите, се исплатени како капитални расходи“.

Освен тоа, од буџетската ставка 485, се вршени и плаќања на Министерството за финансии – функции на државата за плаќања по гаранции на рати за кредити на АД за државни патишта (24 милиони евра) и Железници на РСМ Транспорт АД Скопје (6,3 милиони евра).

На овој начин се создала нереална слика дека поголем дел од буџетот е искористен за капитални инвестиции и е достигнато рекордно ниво на реализација. Оттука и препораката, дел од трошоците од буџетската ставка 48 – Капитални расходи, да бидат издвоени од оваа група на сметки. Со тоа од капиталните расходи ќе се „исчисти“ делот на трошоците кои по својата суштина не припаѓаат во оваа група, односно го замаглуваат квалитетот на сметката, но и нејзиниот квантитет.

Она што јавноста подразбира под капитални инвестиции, е всушност сумата потрошена од две клучни ставки – 481 Градежни објекти (изградба  на нови и реконструкција на станбени и деловни објекти) и 482 Други градежни објекти (улици, патишта, автопатишта, мостови, пречистителни станици и колектори, депонии за отпад, капацитети за водоснабдување, средства за енергетика и изградба на други објекти) и тие се речиси на исто ниво во период од пет години. Поконкретно, од овие две ставки вкупно, во 2022 година потрошени се 104 милиони евра, што е само 1,81% повеќе од 2021 година.

Најголем процент се скратил кај здравствените објекти

Станува збор за проекти како реновирање на здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина

По одделни сектори, во здравството, во кризната 2022 година најмногу на удар за кратење била реконструкцијата и доградбата на здравствените објекти, за што требало да се потрошат 14 милиони евра, а се потрошиле само 3,5 милиони евра.

Во областа на социјална заштита не почнале да се реализираат 7 градежни проекти во вредност од 4 милиони евра. Станува збор за објекти наменети за стари лица, лица со посебни потреби и деца од градинки.

Програмата за унапредување на животната средина од 30 милиони евра е сведена на реализација од само 13 милиони евра, а во областа на земјоделството, водостопанството и шумарството, за потпрограмите „Хидросистем Злетовица“ и „Модернизација на земјоделството“ биле планирани 4,5 милиони евра, а потрошени само нешто над 1 милион евра.

Инвестициите во патната инфраструктура со Буџетот за 2022 година првично биле проектирани на 96 милиони евра, за потоа целосно да се укинат, а намалување на средствата имало и за проекти за водоснабдување и одведување на отпадни води.

Големо кратење на средствата е евидентирано и во реформите на казнено – поправните установи, па од првично планираните 4,6 милиони евра реализирани се само 127 илјади евра.

Се кратело и во општините

Истражувањето на сите буџети на единиците на локална самоуправа (ЕЛС) покажа дека капиталните проекти на локално ниво, во годината на енергетска криза ги преживеале ребалансите, но на крајот не се реализирале целосно.

Сите ЕЛС заедно, сосе градот Скопје, во екот на енергетската криза, со одделни ребаланси, ги скратиле незначително плановите за инвестирање во градежни објекти (ставки 481 и 482) од 140 милиони евра на 133 милиони евра, меѓутоа, значително потфрлиле кога е во прашање реализацијата. Така, од оваа планирана сума, на крајот се инвестирале 89 милиони евра, што значи дека не се реализирале градежни капитални проекти во вкупна вредност од 51 милион евра.

Иако капиталните инвестиции низ годините имаат тенденција да не се реализираат целосно, како на централно така и на локално ниво, сепак 2022 година е послаба дури и во споредба со реализацијата на овие инвестиции и во 2021 и во 2020 година.

Евидентно е дека 2021 година е своевидна рекордна кога станува збор за реализирани капитални инвестиции на локално ниво, но се работи за изборна година кога вообичаено се „работи“ со зголемена динамика од обично.

македонија1 час ago

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

економија1 час ago

Ангеловска – Бежоска: Каматната стапка ќе ја намалиме во втората половина од годинава, доколку не се остварат позначителни ризици

македонија21 час ago

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

македонија2 дена ago

„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

банки4 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет4 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет4 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании4 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион4 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија4 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет4 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион4 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

економија4 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

македонија4 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

технологии / компании4 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија4 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

свет4 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

македонија4 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

свет4 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.