Connect with us

македонија

Скопјанка со 7,5 милиони евра доход во 2020, највисок во државата

објавено

на

Највисоката годишна бруто плата е остварена во индустријата со метали и изнесува 105,2 милиони денари, а исплатена е на граѓанин од Струга. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, одгледување на добиток, трговија со тутун и игри на среќа. Највисокото лично примање по основ на извршена работа изнесува 63,2 милиони денари на годишно ниво за повремено или привремено извршени услуги главно кон компанија за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Согласно податоците за највисоки прагови во 2020 година, 11 граѓани во 2020 оствариле над 100 милиони денари, а 557 граѓани оствариле приходи  кои се движат од 10 до 100 милиони денари. Кај 40.021 граѓани утврден е бруто-доход над 1 милион денари, додека 616 024 лица оствариле бруто-доход кој се движи од 100 илјади до 1 милион денари, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес конференција.

Највисок годишен бруто доход за 2020 година изнесува 453,1 милиони денари (околу 7,5 милиони евра), а е пријавен од скопјанка. Највисоката годишна бруто плата е остварена во индустријата со метали и изнесува 105,2 милиони денари, а исплатена е на граѓанин од Струга. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, одгледување на добиток, трговија со тутун и игри на среќа. Највисокото лично примање по основ на извршена работа изнесува 63,2 милиони денари на годишно ниво за повремено или привремено извршени услуги главно кон компанија за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Највисоката капитална добивка во износ од 151,6 милиони денари е остварена од граѓанин на Скопје од продажба на сопственички удел, додека највисоката исплатена дивиденда во износ од 306,3 милиони денари е исплатена на граѓанин на Скопје кој е сопственик на бизнис кој припаѓа на дејностите на трговија со автомобили и моторни возила.

Скопјани повторно доминираат во исплата на највисок доход од самостојното вршење на дејност, највисокиот изнесува 73,5 милиони денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители, угостители, електро-инсталатори и производители на амбалажи од хартија.

Ресенчанец остварил највисок доход од продажба на земјоделски производи во износ од 32,2 милиони денари.

Највисок бруто доход од закуп и подзакуп на имот (издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот) остварил  граѓанин од Скопје, во износ  близу 50 милиони денари.

Скопјанец е прворангиран според остварен вкупно бруто доход од авторски права и други стварни права во износ од 15,4 милиони денари, додека по основ на права од индустриска сопственост граѓанин на Скопје остварил бруто доход во износ 9,2 милиони денари.

Највисоката добивка од лото, обложување, казино и учество во наградни игри, остварил граѓанин на Тетово чија добивка изнесува 40, милиони денари од обложување, а второрангираниот е граѓанин од Битола кој остварил 31 милион денари исплатени од Државна лотарија на Република Северна Македонија.

Прво-рангираниот пензионер е од Скопје кој пријавува странска пензија  која изнесува 5,8 милиони денари на годишно ниво.

Лице од Тетово е со највисок годишен бруто доход по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума во износ од 6,2 милиони денари.

Категоријата друг доход вклучува доход од различни извори како што е доходот кој не е конкретно опишан во Законот за данокот на личен доход и не е изземен од оданочување, доходот остварен од продажба на корисен цврст отпад, доходот остварен со електронска трговија преку интернет, доходот од маркетиншки интернет услуги, износот на неискористената финансиска помош, износот на неискористените донирани финансиски средства, како и кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), и не се на трошок на платата на одговорното лице. Во оваа категорија скопјанка со пријавен годишен бруто доход од 449,6 милиони денари е прворангирана, а граѓанин од Тетово е второрангиран со пријавен бруто доход во износ од 247,7 милиони денари.

Во  категоријата ,,Најмлад и Највозрасен милионер“ лице кое се родило во 2013 година остварило доход 1.016.947,00 денари, а лице на возраст од 96 години остварило доход во износ од 4.570.535,00 денари, основот по кој овие граѓани се најдоа во оваа категоријата, е заради доход остварен главно од закупнина.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал