Connect with us

интервју

Славица Спироска: Две децении се грижиме за тоа ниедно дете да не расте само

Славица Спироска, претседател на Управен одбор на СОС Детско село

објавено

на

„СОС Детско село  менува животи. Досега за овие 20 години се згрижени над 200 деца без родители, помогнати се 95 млади кои излегуваат од грижа, околу 400 семејства во социјални ризици и дадена поддршка и помош и на родителите и на скоро 1000 деца во рамките на тие семејства, преку проекти се помогнати 480 млади лица  да стигнат до вработување или да ја зголемат својата вработливост на пазарот на трудот и за време на бегалската криза се дадени најразлични услуги на над 100 илјади деца и млади кои транзитираа низ нашата земја. Сето ова СОС детско село  успешно го прави благодарение на помошта од Интернационалната мрежа на СОС Детските села, државата, компаниите но и се’ повеќе граѓани кои сакаат да ја помогнат работата на СОС Детско село.“

СОС Детско село во моментов згрижува деца во 17 посебни објекти во неколку општини (Гази Баба, Карпош и Бутел), а исто така има и еден Советодавен Центар во Општина Шуто Оризари, Советодавен Центар во Гази Баба во рамките на градинката Мајски Цвет а исто така и Национална канцеларија во Центар.

СОС Детско село во моментов згрижува деца во 17 посебни објекти во неколку општини (Гази Баба, Карпош и Бутел), а исто така има и еден Советодавен Центар во Општина Шуто Оризари, Советодавен Центар во Гази Баба во рамките на градинката Мајски Цвет а исто така и Национална канцеларија во Центар.

Што значи да се биде поддржувач на организација како СОС Детско село? Како одлучивте да се посветите на оваа организација?

Мојот интерес и поддршка за оваа организација е уште од нејзините почетоци. Се вклучив како член на Генералното собрание – тоа е всушност група на индивидуалци кои ги спојуваат слични вредности и желба да се помогне и да се направи промена во заедницата. Некогаш се прашувам дали јас го избрав СОС Детско село или тоа ме избра мене, меѓутоа веќе 17 години СОС Детско село е дел од мојот живот. И многу сум горда на тоа знаејќи дека мојот влог прави разлика во многу детски животи.

Вашата функција како Претседател на Управен одбор е волонтерска, колку ви одзема од приватното време и како го компензирате тоа?

Јас бев член на Управниот одбор од 2010 година, а од 2019 сум и актуелен Претседател на Здружението СОС Детско село. Морам да признам дека како Претседател обврските се поголеми, а секако и одговорноста. Кога се има желба за нешто и кога се сака, се наоѓа време. Точно е дека и јас и членовите на Управниот одбор, двоиме дел од нашето приватно време за одржување на состаноците на УО…но не само за тоа….учествуваме на настани, состаноци со менаџментот, а и често имаме и интервентни средби за консултација во интерес на организацијата. Во периодов темата на средбите често беше поврзана и со новонастанатата КОВИД ситуација и какви мерки да се преземат за да се максимизира безбедноста на децата, но и на вработените. Голема предност е тоа што имам сопствен бизнис – консултантска куќа – Тим Консалтинг ДОО Скопје , и тоа ми овозможува да го планирам времето на начин и да ги завршам и професионалните и приватните обврски.

Одговорноста како претседател на управен орган кој ги носи одлуките за иднината на организацијата е голема. Колку е тешко или лесно да се носат одлуки за иднината на многу деца?

Да, одговорноста е голема. Често сме биле во ситуација кога требало да се носат тешки одлуки, а за тие да бидат исправни  потребно е да имате навремени и точни информации. Соработката и довербата со менаџментот на организацијата е на високо ниво и тоа многу помага при носењето на одлуките и сигурноста дека тие се во најдобар интерес на децата и на организацијата. Менаџерите се тие кои располагаат со увид во состојбите а и стручност за повеќето прашања. Но сепак искуството  и експертизата на членовите на Управниот одбор во разни области има важна улога а секако и независната перспектива на работите која ја имаме ние како надворешни лица.

Мене како претседател ми е особена чест што овој состав на Управниот одбор е навистина стратешки фокусиран и се обидува да ја гледа големата слика заради што е зголемена ефикасноста на нашата улога и носењето на одлуките. Морам да ги споменам и сите членови на Управниот одбор на СОС Детско село бидејќи нашата работа е тимска и во тоа е основата на функционалноста на ова тело: Потпретседател Д-р Александар Трајковски професор на Академијата за филмска уметност ЕСРА, Д-р Иван Трајков редовен професор на Филозофски факултет – Скопје, Институт за  социјална работа и социјална политика, Д-р Филип Ивановски Извршен директор на Пакомак и професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје и Сузана Андреев – пензиониран економист и вљубеник во идејата на СОС Детско село.

Кои се главните полиња на работа на СОС Детско село?

СОС Детско Село згрижува деца без родители и родителска грижа, млади без родители до 18 годишна возраст, поддржува млади без родители кои излегуваат од грижа и им треба поддршка во осамостојувањето и семејства кои се во социјален ризик односно каде пред се децата се во ризик и може да го изгубат својот дом. Значи деца, млади и семејства на кои им треба помош и од државата, но и од заедницата.

Оваа година организацијата прославува 20 години јубилеј. Кои се главните резултати и промени кои СОС Детско Село ги прави во нашата држава?

„Организацијата со текот на годините се развиваше во секој поглед. Се зголеми бројот на услуги, бројот на корисници кои се помагаат расте а исто така и бројот на вработени. СОС Детско село ќе ја исполни својата мисија кога ќе биде 100% самоодржливо односно кога државата и бизнис заедницата и што повеќе граѓани ќе ја препознаат докрај важноста на она што го работи СОС Детско село и дека е потребно да има стабилност и континуитет.“

СОС Детско село менува животи. Досега за овие 20 години се згрижени над 200 деца без родители, помогнати се 95 млади кои излегуваат од грижа, околу 400 семејства во социјални ризици и дадена поддршка и помош и на родителите и на скоро 1000 деца во рамките на тие семејства, преку проекти се помогнати 480 млади лица  да стигнат до вработување или да ја зголемат својата вработливост на пазарот на трудот и за време на бегалската криза се дадени најразлични услуги на над 100,000 деца и млади кои транзитираа низ нашата земја. Сето ова СОС детско село  успешно го прави благодарение на помошта од Интернационалната мрежа на СОС Детските села, државата, компаниите но и се’ повеќе граѓани кои сакаат да ја помогнат работата на СОС Детско село.

СОС Детско село  исто така активно учествува во унапредување на стандардите и политиките за социјална заштита и во голема мера придонесе за подобрување на квалитетот на социјалните услуги во алтернативното згрижување како и иницијатива за склучување на социјални договори односно државата да ги вклучи постоечките даватели НВО во давање на социјални услуги со што се подобрува и квалитетот но и бројот на услугите во заедницата. СОС Детско село обезбеди и лиценци за светски акредитираната методологија ПРИДЕ за подобрување на грижата на децата во згрижувачките семејства и обучи 200 згрижувачки семејства и над 100 професионалци во целата држава. СОС Детско село  за овие 20 години стана сериозен чинител во државата и во делот на испорака на услуги но и во делот на унапредување на услугите и правната регулатива на национално ниво.

Колку е тешко да се финансира вака голема организација како СОС Детско Село?

Услугите кои ги овозможува СОС Детско село  се едни од најскапите социјални услуги односно сместување на деца и млади без родители. Освен државата ниту една друга организација не ја дава оваа услуга и можност. За да можете тоа да ги правите треба да се исполнат многу законски предуслови за што Здружението уште на своите почетоци основаше приватна установа – СОС Детско село Скопје. Критериумите за работата на установите ги одредува државата и тоа подразбира исполнување на просторни услови ( објекти) кадар и многу други основни средства за работа.

Организацијата во моментов згрижува деца во 17 посебни објекти во неколку општини (Гази Баба, Карпош и Бутел), а исто така има и еден Советодавен Центар во Општина Шуто Оризари, Советодавен Центар во Гази Баба во рамките на градинката Мајски Цвет а исто така и Национална канцеларија во Центар. Во моментот има 84 вработени. Тоа што СОС Детско село е дел од Интернационалната мрежа на СОС Детските Села навистина е предност за обезбедување на средства меѓутоа локалното финансирање е исто така многу значајно. Посебно што нашиот регион е се’ помалку фокус за финансирање и се очекува од нас во годините што следат да се финансираме 100% локално а во мала и сиромашна држава како нашата тоа навистина е голем предизвик.

Со оглед на тоа што сте долго време во организацијата како член на Управен Одбор а сега и Претседател кои биле најголемите предизвици и како се менува работата на организацијата?

Предизвици имаше уште од почетокот. СОС Детско село беше непознат концепт за нашата држава па откога се изгради СОС Детското село во 2002 година иако имаше 12 објекти за згрижување на деца, цела година имаше само 1 дете згрижено. Но тоа набрзо се надмина кога и државата се увери во тоа кои се предностите за децата без родители кои би се згрижиле во ваква различна форма на грижа. 

До 2014 година СОС Детско село немаше никаква финансиска помош од државата иако се згрижуваа деца без родители и тоа беше долгогодишна и тешка борба да се овозможат услови кои се  правно ќе издржани за да се добијат средства од државата. За тоа организацијата мораше да направи компромиси и промени во начинот на своето работење меѓутоа тоа беше во најдобар интерес на децата. Во 2015 година требаше да се донесе одлука дали да се влезе во поддршка на мигрантската криза бидејќи тоа не беше главен фокус на работа на СОС Детско село.

Меѓутоа, јасно беше дека судбината на многу деца беше во прашање…. иако не беа деца од Македонија, но сепак тоа беа деца. Управниот одбор едногласно донесе одлука дека  СОС Детско село има должност да направи се’ што е можно и да им помогне на тие семејства и нивните деца во транзитните центри  во Табановце( Куманово)  и Вино југ ( Гевгелија ). Во тие 2,5 години СОС Детско село обезбеди најразлични услуги за околу 100.000 деца кои поминаа низ нашата земја. Од пакети со храна, млеко во прав, облека, ќебиња, ИТ катчиња (но и психосоцијална поддршка на оние семејства кои престојуваа со недели, а некои и со месеци. Имаше дури и бебиња кои се раѓаа во привремените објекти на СОС Детско Село.

Во моментот сме во нова фаза на трансформација кога се усогласуваме за законската регулатива која овозможува лиценцирање на социјалните услуги и тоа повторно ќе значи промени и компромиси. Но, се додека сме сигурни дека тие промени се во најдобар интерес на децата и стабилноста на услугите и поддршката за корисниците ние ќе ги поддржуваме тие промени.

Кога ќе сметате дека СОС Детско село  ја има исполнето својата мисија а и вие вашата?

Организацијата со текот на годините се развиваше во секој поглед. Се зголеми бројот на услуги, бројот на корисници кои се помагаат расте а исто така и бројот на вработени. СОС Детско село ќе ја исполни својата мисија кога ќе биде 100% самоодржливо односно кога државата и бизнис заедницата и што повеќе граѓани ќе ја препознаат докрај важноста на она што го работи СОС Детско село и дека е потребно да има стабилност и континуитет. Бидејќи, за жал,  има многу деца и семејства на кои им треба грижата и поддршката од СОС Детско село, а сите заедно можеме да обезбедиме во нашата држава сите деца да имаат достоинствен живот и еднакви шанси. Секој сам можеби не може да направи многу но со поголема поддршка СОС Детско село може. И кога помагате на било кој начин вие знаете дека и вие сте заслужни за промената на нечиј живот. Тоа е навистина убаво и моќно чувство.

На кои други улоги сте посветени  во вашиот приватен и професионален живот?

Покрај професионалните обврски во мојата приватна фирма Тим Консалтинг, јас сум исто така и сопруга, мајка и баба на 4 внуци со кои морам да признам дека поминувам доста време и тие ме исполнуваат со позитивна енергија. Со нив уживам во секој момент, а посебно во нашата семејна викенд куќа во Лешок, каде што заедно со најстарата внука Луна сме одговорни за цвеќињата и одржување на дворот.

Од друга страна пак предизвиците во приватниот бизнис се големи, но и задоволството од работата и резултатите е голема. Тоа чувство ти овозможува да вложуваш се повеќе во работата. За долгогодишното успешно работење, Тим Консалтинг ДОО Скопје има добиено повеќе домашни и меѓународни признанија, и тоа: Сертификат Century International Gold Quality Era Award издадена од Century International Quality Era Award, која го потврдува задоволството од клиентите, лидерските способности, стратешкото планирање согласно QC100 Total Quality Management системот, сертификат BIZZ за успешен деловен лидер кој работи на иновативен и систематски начин издаден од меѓународната компанија World confederation of businesses. Исто така компанијата поседува Сертификат за квалитет IASS 2020-2022, Сертификат за коректна фирма – за одлична репутација и етаблираност во бизнисот, како и за коректно спроведување на обврските кон клиентите и партнерите, како и Сертификат за амбасадор на добрината издаден од Inner Wheel Club Skopje Europea.

Што би им порачале на оние кои сакаат да се вклучат во некоја хуманитарна активност?

Мислам дека солидарноста и филантропијата треба да се дел од секој човек бидејќи  тоа е дел од човечноста. Не можеме да ги игнорираме послабите и оние кои не по своја вина немаат еднакви шанси. Се разбира дека тоа е лична одлука и секој има различни можности, но сметам дека секој може да направи промена. Со волонтирање, со препораки за поддршка, финансиски или со донација во услуги или добра….има многу начини. Би порачала да што повеќе граѓани се вклучат во индивидуалното посветено донаторство во СОС Детско село  и од секој по малку да направиме многу, но која и друга организација да ја поддржите или пак некоја индивидуална иницијатива за доброто на другите, нема да погрешите зошто доброто со добро се враќа.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка