Connect with us

здравје

Следи борба за „вакцина над вакцините“ којашто ќе штити од нови вируси

Со наука против пандемија

објавено

на

Во светот во рекорден рок, за само една година од појавата на коронавирусот регистрирани се вакцини во неколку земји, но продолжува потрагата за уште подобри вакцини и за вирусите што допрва ќе дојдат.

Оваа пандемија донесе нов замав во малку запоставената област на научен развој во последните години – вакцините. Да потсетиме, кога започна да се шири новиот коронавирус SARS-CoV-2, едно од главните прашања беше каде е вакцината, односно како тоа немавме вакцина за првиот SARS, епидемија која почна да се шири во Азија во 2002 година.

Одговорот е брутално едноставен – кога престана ширењето на SARS во 2004 година (SARS беше далеку посмртоносен од својот наследник од 2020 година, но многу потешко се пренесуваше, н.з.), престана и потребата да се најде вакцина против него. Најчесто затоа што истражувањето за вакцини е исклучително скапо. Па така, нема да дознаеме  дали ќе излезевме од оваа пандемија многу порано ако имавме платформа што ќе се покаже ефикасна во контролата на коронавирусот SARS.

Но, вакцината за овој коронавирус, SARS-CoV-2, беше пронајдена и развиена за рекордно време. За една година не само што имавме една, туку имаме и четири вакцини регистрирани во Европа и САД, и уште неколку, во некои земји, како Индија и Куба, коишто развиваат свои вакцини. Има, сепак, и неуспеси. Француската наука, односно земјата на Луј Пастер, човекот што е практично втемелувачот на  вакцинацијата, воопшто не успеа да развие вакцина против новиот коронавирус.

Пробивот дојде од Германија, каде што BioNTech прв претстави  вакцина заснована на технологија која се развива со децении, но вакцина врз основа на неа беше регистрирана само дури за оваа пандемија. Се разбира, станува збор за mRNA технологија, „гласничката  РНК“.

Иако пандемијата нè измори сите нас и се чини дека трае со децении и нема крај, сепак во научни размери гледано сè е направено исклучително брзо. Една година е најмалку три години побрзо одошто е развиено било која вакцина презентирана до сега. Најбрзо развиена  беше онаа против заушки од 60-тите години на минатиот век, за  четири години, а вообичаениот очекуван рок е до десет години. И како тој брз успех да му ги отвори сите врати на развојот на науката за вакцините. Неодамна беше објавено дека по децении разочарувања, конечно осамнаа надежите за навистина ефикасна вакцина против маларија, која убива околу 400.000 луѓе годишно ширум светот, претежно деца.

Вакцина против сите причинители?!

Вакцината за овој коронавирус, SARS-CoV-2, беше пронајдена и развиена за рекордно време. За една година не само што имавме една, туку имаме и четири вакцини регистрирани во Европа и САД, и уште неколку, во некои земји, како Индија и Куба, коишто развиваат свои вакцини. Има, сепак, и неуспеси. Француската наука, односно земјата на Луј Пастер, човекот што е практично втемелувачот на вакцинацијата, воопшто не успеа да развие вакцина против новиот коронавирус.

Една мала клиничка студија спроведена од страна на Институтот Џенер на Универзитетот во Оксфорд, истиот институт што ја разви вакцината AstraZeneca  против новиот коронавирус, покажа дека една експериментална вакцина против маларија задржува ефективност од 74 до 77 проценти кај децата во Западна Африка една година по администрацијата. И, тоа истражување беше спроведено во земја каде маларијата е ендемично заболување, Буркина Фасо.

Таму, 450 деца на возраст од пет до 17 месеци примале три дози на вакцина во интервали од четири недели и дополнителна доза по 12 месеци. За да се зајакне основата на овој оптимизам, потребна е и фаза 3 од клиничкото испитување, тогаш вакцината ќе може да се одобри според побрза постапка утврдена со новата вакцина за коронавирус.

Друг труд беше доставен за евалуација за објавување во едно од водечките научни списанија и зборува за тоа како ефективноста на вакцината може точно да се процени без спроведување на екстремно долги, тешки и скапи клинички испитувања во фаза 2 и 3. Ќе се постигне со препознавање на имунолошки одговори кои се најважни при примена на одредена вакцина.

Во лабораториски експеримент со мајмуни, се покажало дека антителата при употребата на вакцината на Moderna  играат најважна улога во сузбивањето на новиот коронавирус меѓу сите други видови на имунолошки одговори. Друга таква студија ќе спореди како имунолошкиот одговор бил активиран кај оние кои биле вакцинирани и кај оние кои се заразиле и покрај вакцинирањето. И така, ќе дојде истиот одговор, за тоа кој е најважниот имунолошки одговор.

Меѓутоа, среде  оваа пандемија заживеа идејата за универзална вакцина, онаа што би можела да нè заштити од многу коронавируси и со тоа да ја спречи следната пандемија заснована на овие вируси.

Пред четири години, три водечки ентитети  за истражување на вакцини аплицираа за финансирање за да ја исполнат таквата амбициозна цел. Во тоа време, никој немаше вакцина што може да запре дури и еден бета коронавирус –  бета значи група на вируси кои можат да бидат фатални за луѓето, предизвикувајќи сериозен акутен респираторен синдром, односно SARS, но и респираторен синдром на Блискиот исток, MERS, како  и неколку причинители на  обични настинки и вируси кои доаѓаат кај луѓето главно од лилјаци.

Јасно, и COVID-19. Изработка на вакцина против сите овие патогени микроорганизми е очигледно исклучително амбициозна работа. Но, рецензентите на овој научен проект на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, NIAID, проценија дека важноста за развој на ваква вакцина не е доволно голема, иако идејата како таква е навистина извонредна. Зборуваме за 2017 година, кога, како што се испостави подоцна , повеќето научници не сфатиле  дека постои глобална опасност од коронавирус.

Имунитет против вируси

Среде оваа пандемија заживеа идејата напуштена пред неколку години, за универзална вакцина, онаа што би можела да нè заштити од многу коронавируси и со тоа да ја спречи следната пандемија заснована на овие вируси. Во ноември минатата година, Националниот институт за алергија и заразни болести на САД – NIAID повика на итна испорака на проекти кои би добиле средства веднаш доколку се посветат на развој на „секоронавирусна“, универзална вакцина. Во напорите се приклучи и Коалицијата за приправност при епидемии, CEPI, која во март објави дека ќе потроши 200 милиони долари на нова програма за забрзување на развојот на вакцината за бета-коронавируси, која сега вклучува и SARS-CoV-2.

Со оваа пандемија, тоа се промени суштински. Во ноември минатата година, NIAID повика на итна испорака на проекти кои би добиле средства веднаш доколку се посветат на развој на „секоронавирусна“, универзална  вакцина. Во напорите се приклучи и Коалицијата за приправност при епидемии, CEPI, која во март објави дека ќе потроши 200 милиони долари на нова програма за забрзување на развојот на вакцината за бета-коронавируси, која сега вклучува и SARS-CoV-2.

Совршено е јасно дека едно од двете најважни научни списанија во светот, „Science“, посвети голем текст на оваа тема. Па, и  затоа што исполнувањето на оваа задача нема да биде така лесно. Универзалните вакцини можат да бидат генетски вакцини со аденовирусни или липосомални  носители, во кои генетскиот материјал мора да кодира заеднички дел од некој вирусен протеин кој се наоѓа во неколку различни вирусни видови или соеви.

Според истата логика, овие можат да бидат т.н. subunit вакцини, односно вакцини кои носат дел од вирусот, обично некој површински протеин, кој е присутен во иста форма на некои други вирусни соеви. Со ова  покренатата  имунолошка реакција против еден вид вирус би можела  да покрие и други видови на вируси, бидејќи идентични делови од антигенот се наоѓаат на нив.

Ваквите реакции на имунолошкиот систем се нарекуваат вкрстени реакции.

Но, тука имаме и еден проблем. Имено, имунолошката реакција вклучува производство на низа  различни антитела против еден антиген, на пример, протеин на шилецот на коронавирус, коишто на тој антиген препознаваат помали аминокиселински отсечки, т.н. антигенски епитопи. Така, против еден сложен антиген може да створите и повеќе десетици различни антитела коишто реагираат со различни антигенски епитопи.

 Затоа, на пример, вирусот SARS – CoV – 2 не успева целосно да го избегне имунитетот со мутации, бидејќи со мутацијата менува некои епитопи, но не сите, така што некои антитела сè уште можат да го препознаат, иако понекогаш 6 или 10 пати помалку.

Според тоа, ако со вакцинацијата предизвикувате имунолошки одговор само против делови од антигенот, коишто се заеднички за различни патогени, вие исто така го ограничувате бројот на епитопи против кои делуваат имунолошките  механизми, така што целокупниот имунитет против секој поединечен антиген е послаб.

Со други зборови, еднократно аплицирана универзална вакцина  ќе предизвика имунитет против низа  вируси коишто  споделуваат  антигенски епитопи, но овој имунитет против секој поединечен вирусен сој ќе биде послаб отколку што би бил ако се вакцинираме  против секој од овие патогени одделно – велат имунолозите.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка