Connect with us

свет

Следниве 12 месеци скоро сите развиени економии ќе влезат во рецесија, прогнозира јапонска инвестициска куќа

објавено

на

Освен во САД, од Nomura Holdings очекуваат рецесија и во еврозоната, В.Британија, Јапонија, Јужна Кореа, Австралија и Канада следната година.

Многу од светските водечки економии ќе паднат во рецесија следниве 12 месеци, поради тоа што централните банки агресивно ја затегаат монетарната политика заради за да ја зауздат инфлацијата, тврди главниот економист на јапонскиот финансиски холдинг Nomura.

“Во моментов голем дел од централните банки се фокусирани на една цел – како да се скроти инфлацијата. Кредибилитетот на монетарната политика е премногу скапоцен за да се загуби. И затоа тие ќе бидат многу агресивни.“, вели Роб Субараман за CNBC.

Освен во САД, од Nomura очекуваат рецесија и во еврозоната, В.Британија, Јапонија, Јужна Кореа, Австралија и Канада следната година.

“Централните банки низ светот форсираа “супер лабава монетарна политика“ премногу долго, надевајќи се дека инфлацијата ќе биде минлива, додава Субараман. “Сега владите треба да ја воспостават контролата врз наративот за инфлацијата. Уште една работа што сакам да ја истакнам е дека кога имате голем број на економии што слабеат, не може да се потпирате на извозот за да креирате раст. Тоа е уште една причина поради која веруваме дека овој ризик од рецесија е многу реален и веројатно ќе се оствари.“

Во Nomura сметаат дека доколку не се затегнат монетарните политики за да се симне инфлацијата сега, болката за економиите од влегување во инфлациски режим и заглавување таму, ќе биде далеку поголема.

Тоа ќе доведе до спирално покачување на платите и цените, што ќе биде уште помачно за економиите и за просечниот човек на долг рок, додава Субараман.

„Тешко е ова да се каже на фин начин… да се извади таа болка сега и да се симне инфлацијата е подобро за светската економија одошто да се остави инфлацијата да се оттргне од контрола, како што научивме во 1970-те.“

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје