Connect with us

македонија

Словаците ќе бидат меѓу најчестите туристи во Македонија

објавено

на

Потпишан меморандум за соработка меѓу НАИТМ – национална Асоцијација за дојдовен туризам на Македонија и SACKA словачката асоцијација за туризам

За многу кратко време туристи од Словачка и централна Европа ќе бидат меѓу најчестите посетители на нашата земја.

Веќе во септември 2023 година, 15 претставници од најзначајните словачки тур оператори ќе ја посетат Македонија и преку организирана едукативна тура ќе се запознаат со сите туристички можности што ги нуди нашата држава.  До крајот на годината ќе биде возвратена посетата од страна на НАИТМ на Словачка со презентација на убавините на Македонија, а истовремено и со запознавање со можностите што ги нуди Словачка како туристичка дестинација.

Со цел интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка беше потпишан меморандум за соработка помеѓу НАИТМ – Национална Асоцијација за дојдовен туризам на Македонија и SACKA најголемата словачка асоцијација за туризам која брои преку 300 членови. Меморандумот го потпишаа претседателот на НАИТМ Влатко Сулев и Роман Беркеш, претседател на SACKA и сопственик на туристичката агенција Happy. На работната средба делегацијата на НАИТМ направи и презентација на македонскиот туристички сектор, и на Македонија како туристичка дестинција.

Меморандумот по автоматизам обврзува и преземање на конкретни чекори за продлабочување на соработката помеѓу туристичите сектори од Македонија и Балканот од една страна и Словачка и централна Европа од друга страна.

Соработката е поттикната од македонската амбасада во Словачка, и амбасадорката во Словачка, Евгенија Илиева и аташето Миле Долдуров, кои дадоа и логистичка поддршка, и јасно покажаа како една амбасада може директно да помогне во промоција и развој на Македонија како туристичка дестинација.

Словачка е земја со која имаме пријателски релации. Сличен јазик, култура и многу слични карактеристики.

Голема предност за развој на меѓусебната туристичка соработка е одличната авионска поврзаност со Братислава и аеродромот во Виeна којшто е на само 50-тина км од Братислава.

Словаците се активни тип на туристи, многу од нив возат велосипеди, сакаат да пешачат во природа и според најновите статистики имаат авантуристички дух, а Македонија е дестинација што нуди автентични искуства и недопрена природа, идеална за овој тип на туристи.

„Словаците беа пријатно изненадени од капацитетот на нашиот туристички сектор и можностите што им ги презентиравме. И изјавија дека со сигурност Македонија ќе биде нивната порта кон Балканот. Но, со ова се отвара и уште една многу интересна дестинација за посета и на граѓаните од нашата земја, а воедно, преку Словачка и Братислава да се посетат и други земји од Централна Европа“, изјави претседателот на НАИТМ , Влатко Сулев

економија4 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки22 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас