економија
Словенците и Хрватите најзаинтересирани за крипто, Германците и Французите најконзервативни
Како инвестираат Европејците?

Според податоците на Евробарометар, Словенците најмногу инвестираат во криптовалути – дури 18 отсто од населението во Словенија има некаква инвестиција во крипто. Зад неа е Хрватска, со 17% инвеститори во крипто. Од друга страна, побогатите и поразвиените земји на ЕУ се повоздржани во прифаќањето на криптовалутите како можност за инвестирање. На пример, најголемите економии на ЕУ се на самото дно кога станува збор за инвестирање во криптовалути – Германија 6 отсто, Италија 6 отсто и Франција 5 отсто.
И покрај големиот раст на свеста и инвестициите во криптовалути во последните неколку години, сепак меѓу земјите од Европската унија постои значителна дискрепанција помеѓу инвестирањето во криптовалути традиционалните инвестиции како што се фондови, акции и обврзници. Ова го покажува инфографиката на Visual Capitalist , којашто покажува колкав процент од населението во земјите на ЕУ инвестира во криптовалути, а колку во традиционални средства.
Графиконите покажуваат како различни земји и региони прифаќаат криптовалути. Во рамките на ЕУ, која забележува брзо усвојување на криптовалути, ставовите на граѓаните се различни.
Според податоците на Евробарометар, врз основа на коишто во Visual Capitalist ги направиле инфографиконите, Словенците најмногу инвестираат во криптовалути, што го поткрепува фактот дека Словенија важи за една од најотворените земји во светот за криптовалути. Дури 18 отсто од населението во Словенија има некаква инвестиција во крипто.
Но, веднаш по Словенија, Хрватска е на листата со дури 16 отсто од населението што инвестирало во криптовалути. Само еден процент повеќе од хрватското население инвестира во фондови, акции и обврзници.

Бугарите колку во крипто, толку во акции
Во Бугарија, на пример, еднаков процент од населението – 13 проценти од нив – инвестира во крипто и акции, додека Кипар е единствената земја каде што процентот на населението што инвестира во крипто го надминува бројот на традиционални инвеститори. Така, во Кипар 13 отсто од населението инвестира во криптовалути, додека 10 отсто инвестираат во традиционални фондови, акции и обврзници.
Во Луксембург, кој има силна репутација како глобален финансиски центар, 14 отсто од неговите 640.000 жители поседуваат и крипто средства.
Од друга страна, побогатите и поразвиените земји на ЕУ бележат малку пониски нивоа на инвестиции во крипто. На пример, најголемите економии на ЕУ се на самото дно кога станува збор за инвестирање во криптовалути – Германија 6 отсто, Италија 6 отсто и Франција 5 отсто.
Шведска, на пример, се издвојува како земја каде што дури 60 отсто од населението инвестира во традиционални средства, а само 10 отсто од населението инвестира во криптовалути.
Од горенаведените податоци може да се заклучи дека граѓаните од посилните економии инвестираат помалку во криптовалути, со оглед на нивната економска стабилност, додека земјите со повисоки инвестиции во криптовалути се во просек помалку богати.

Посиромашните повеќе склони кон ризик
Како што напиша Милан Хорват, извршен директор на хрватската компанија FIMA plus на својот профил на LinkedIn, тоа има логика, бидејќи „во просек, граѓаните на помалку развиените земји поинтензивно бараат нови можности и се повеќе склони кон ризикот да го прифатат развојот на дигитална економија отколку граѓаните на поразвиените земји“.
„Тие се држат до своите традиционални вредности кои се покажаа како профитабилни и корисни. Иако, според оваа статистика, речиси ист број граѓани на Република Хрватска инвестираат во хартии од вредност (17 проценти) како и оние кои инвестираат во крипто (16 проценти), според моето искуство, тоа се различни возрасни групи и многу поголеми износот на капиталот се инвестира во традиционални хартии од вредност, одошто во крипто. Структурата е исто така различна затоа што помладите луѓе речиси целата своја заштеда ја инвестираат во крипто, додека постарите инвестираат само дел во крипто, на ниво од 5 до 10 проценти од нивните инвестициски заштеди“, смета Хорват.