Connect with us

македонија

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

објавено

на

Основниот суд ја ослободи уредничката на ИРЛ Сашка Цветковска од вина за клевета, но Апелациониот суд утврди дека „понискиот суд не ги ценел доказите совесно и грижливо, не зел предвид повеќе докази и сведочења кои биле против Цветковска и погрешно и нецелосно ја утвдил фактичката состојба.“  

Од службите за информирање на Фероинвест денеска стигна соопштение до јавноста дека Апелациониот суд Скопје ја поништил пресудата на Основниот суд и повторно го вратил на судење предметот во кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги тужи новинарката Сашка Цветковска и организацијата за истражувачко новинартво ИРЛ, што таа ја предводи.

Основниот суд ја ослободил Цветковска од вина за клевета, но Апелациониот суд утврдил дека „понискиот суд не ги ценел доказите совесно и грижливо, не зел предвид повеќе докази и сведочења кои биле против Цветковска и погрешно и нецелосно ја утвдил фактичката состојба.“  

На 23 јуни 2023 година е закажано ново судење, во кое Основниот суд Скопје ќе треба одново да цени дали Цветковска и ИРЛ изнеле невистини во нивните објавени содржини за узвозот на мазут, во кои се наведува името на Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер и сопственик на групацијата Фероинвест, а според кого од ИРЛ не му дале можност да одговори пред емисијата да биде емитувана.  

На Основниот суд му е наложено во новото судење да го земе предвид доказот дека Анѓушев имал телефонски разговор со Цветковска, но таа потоа никогаш не поставила прашања кон него. Да го земе предвид и фактот дека емисијата во која наводно се клевети поранешниот вицепремиер Анѓушев предизвикала и други навреди и клевети кон него во јавниот простор, испровоцирани токму од тврдењата на Цветковска и на нејзиниот портал и емисија, со што нивната одговорност е уште поголема, велат од Фероинвест.  

Апелациониот суд го потсетува Основниот суд дека во мај 2021г. кога ИРЛ ги изнесува спорните тврдења против Анѓушев, тој веќе една и пол година не е вицепремиер, така што според Апелација нејасно е како Основниот суд цени дека  Анѓушев морал да трпи посилен степен на сериозна критика бидејќи е носител на висока јавна функција, кога тој не е тоа во моментот кога е клеветен. 

Апелациониот суд му наложува на Основиот суд да суди одново согласно чл. 160 од Законот за парничка постапка (ЗПП), со почитување и соодветно ценење на чл. 8 и  чл. 343 од ЗПП и ценење на чл.5 и чл. 8 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.  

 Ставот на проф.д-р Кочо Анѓушев за случајот е дека Цветковска имала јасна намера да искаже лага за името на Анѓушев во јавниот простор со цел зголемување на својата гледаност и читаност, и да не му даде простор за одговор со цел да не ја демантира однапред. Со тоа ја злоупотребила својата положба на новинар, што е тешка повреда на Законот за медиуми и на основните новинарски начела, за што ЗНМ и Советот за етика треба да ги преиспитаат своите одлуки, смета Анѓушев.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас