Connect with us

македонија

Случај „Титаник“: Затворски казни за Јанкулоска и Јанакиески, условни за Протуѓер и Бришковска-Бошковски

објавено

на

Денешната пресуда е првостепена и одбраната на обвинетите има право да поднесе жалба до Апелацискиот суд за висината на казните. Кога Апелација ќе се изјасни за жалбите, кои најверојатно ќе ги поднесат барем дел од обвинетите, таа ќе стане правосилна. (Фото: МИА)

Четири условни и четири затворски казни беа изречени денеска во Основниот кривичен суд во Скопје за осум лица – поранешни функционери во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ, како и други обвинети лица кои на минатото судско рочиште решија да признаат вина во предметот „Титаник“ кој се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори 2013 година.

Казните што ги соопшти судечкиот совет на чело со судијата Осман Шабани се:

  • Гордана Јанкулоска – затворска казна од 2 години и 6 месеци
  • Мартин Протуѓер – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело
  • Миле Јанакиески – затворска казна од 4 години и 6 месеци
  • Билјана Бришковска-Бошковски – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело
  • Катерина Веловска – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело
  • Киро Тодоровски – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело
  • Мунир Пепиќ – затворска казна од 1 година
  • Коста Митровски – затворска казна од 3 години

По изрекувањето на пресудата, обвинителката Лиле Стефанова побара судот да му определи мерка куќен притвор на Јанакиески поради опасност од бегство, јави 360 степени. Како отежнители околности наведе што тој веќе со првостепена пресуда има затворска казна за настаните од 27 април 2017 година во Собранието и што се водат и други постапки против него, а како олеснителна ја посочи неговата здравствена состојба. Неговата одбрана реагираше дека нема потреба од таква мерка и посочи дека обвинителката не дала никаков доказ дека ексминистерот би можел да избега. Судијата Осман Шабани и судечкиот совет се повлекоа и рекоа дека одлуката дали ќе му одредат куќен притвор ќе ја соопштат околу 13:30 часот.

Гордана Јанкулоска, која исто така доби затворска казна, веќе се наоѓа во затворот во Идризово каде што ја издржува затворската казна за случајот „Тенк“. И Мунир Пепиќ, кој доби едногодишна затворска казна, се наоѓа во затворот во Штип каде што издржува казна за настаните од Собранието на 27 април 2017 година. За Митровски, кој е четвртиот кој денеска доби затворска казна, пак, Обвинителството не побара мерка за обезбедување.

Денешната пресуда е првостепена и одбраната на обвинетите има право да поднесе жалба до Апелацискиот суд за висината на казните. Кога Апелација ќе се изјасни за жалбите, кои најверојатно ќе ги поднесат барем дел од обвинетите, таа ќе стане правосилна.

„Титаник“ е првиот случај за кој своевремено, на почетокот на 2016 година, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори истрага. По поднесувањето на обвинението, првото рочиште беше закажано во април 2018 година, а по речиси четири години судења, на минатото рочиште на 11 февруари се случија и признанијата на вина. Во предметот вкупно се обвинети 21 лице, а признавањето вина од осумтемина следуваше откако за тоа се отвори можност со оглед дека судскиот процес започна од почеток поради промена на поротник во судечкиот совет.

Ексминистерката Јанкулоска со обвинението се гонеше за повеќе дела и презеде одговорност за: злосторничко здружување, повреда на избирачкото право и за повреда на слободата на определување на избирачите. При признавањето вина на минатото рочиште, Јанкулоска рече дека иако смета оти судската постапка не смее да се води со оглед на помилувањата од бившиот претседател Ѓорге Иванов, сепак лично смета дека треба преземе одговорност.

Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер, пак, признаа вина за повеќето дела, освен за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања – дело за кое ќе продолжи да им се суди.

Останатите дела кои му се ставаа на товар на ексминистерот за транспорт и врски, а за кои денеска доби затворска казна се: злосторничко здружување, повреда на слободата на определување на избирачите и уништување на изборен материјал.

Протуѓер, пак, призна вина и денеска доби казна за: злосторничко здружување и повреда на слободата на определување на избирачите.

Поранешната заменик-министерка за правда од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Бришковска-Бошковски, со обвинението се гонеше за фалсификување исправа и злосторничко здружување.

На тројца од останатите обвинети кои признаа вина и денеска им беа изречени казни (Катерина Веловска, Киро Тодоровски, Мунир Пепиќ), пак, им се ставаше на товар злосторничко здружување и повреда на слободата на определување на избирачите.

Меѓутоа, и за Бришковска-Бошковски и за овие тројца обвинети, делото злосторничко здружување застаре, па нивната казна се однесува само за по едно кривично дело.

Последниот обвинет, како што веќе споменавме, Коста Митровски, одговара за уништување на изборен материјал.

економија19 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор