Connect with us

економија

Снежана Поповска, аналитичар: Дали е време за долги позиции и купување акции?

објавено

на

Врз основа на фундаменталната и техничка анализа, постојат низа докази кои ја подржуваат тезата дека можеме да очекуваме нови издигнувања и ценовни врвови кај акциите до крајот на годината.

Минатата недела Волстрит го имаше најлошиот ден во последните две години, после извештајот за стапката на инфлација за месец август. Берзата достигна критична точка. Берзанскиот индекс Dow Jones падна за 1.300 поени, S&P 500 падна за 4,3%, Nasdaq падна за 5,2%, додека крипто пазарот изгуби повеќе од 10% од својата вредност. Во следните неколку денови ќе знаеме дали порастот на берзанскиот индекс на акции S&P 500, што започна на 16-ти јуни,  ќе се претвори во нов нагорен тренд или тоа беше само корекција пред продолжување на надолниот тренд во кој превладуваат “мечките”.  Тоа што сега треба да следиме се две клучни нивоа на цени на S&P500, Dow Industrials и Transportation.

Врз основа на фундаменталната и техничка анализа, постојат низа докази кои ја подржуваат тезата дека можеме да очекуваме нови издигнувања и ценовни врвови кај акциите до крајот на годината.

Најпрво, во прилог на нашата анализа е податокот дека стапките на инфлација се’ уште паѓаат. Индексот на трошоците на живот во месец јуни се зголемија за 9,1%, во јули 8,5%, додека во август тие изнесуваат 8,3%.

Сметам дека реакцијата во вторникот беше претерана. Инвеститорите беа исплашени и продаваа во паника само поради тоа што податокот за стапката на инфлацијата не се намали колку што се очекуваше. Поточно, се намали за 20 базични поени, а не за очекуваните 40 базични поени. Берзата го доживеа најлошиот ден, само поради мали отстапувања на податоците, кои може да варираат од месец во месец, а тоа што треба да се следи е трендот на инфлацијата кој се’ уште е и најверојатно ќе продолжи за да ја забавува инфлацијата.

Тоа што е интересно и заслужува внимание е дека инфлацијата беше најмногу предводена од компонентата на трошоците за наемнина, додека останатите компоненти во месец август се намалија. Процентот на компонентите на индексот кои растат за повеќе од 4% на годишно ниво се намали за 200 базични поени во август. Дезинфлација имаше насекаде, освен на едно место – кириите и цените на домовите останаа многу високи и во месец август. Бидејќи овие трошоци заземаат огромен дел од буџетот на потрошувачите, значајно ја зголемија стапката на инфлација.

Позитивна вест е што кириите и цените на домовите во Америка почнаа да паѓаат. Според CoStar Group, за прв пат во 20 месеци, во месец август цени за изнајмување во САД се намалија. Зошто е ова важно? Понудените цени се водечки показател за реалните цени за изнајмување, што значи дека ако цени паднат за прв пат во август 2022 година, реалните трошоци за изнајмување најверојатно ќе почнат да опаѓаат во септември или октомври – кога ќе се објават следните податоци за стапката на инфлација.

Графиконот на берзанскиот индекс S&P 500 технички останува во нагорен тренд. $3900 е клучно ниво на поддршка кое го проби минатата недела, но пазарот затвори повисоко на крајот од денот и формираше hammer, кој ни кажува дека иако продавачите го предводеа пазарот за тој ден и ја буткаа цената пониско, во текот на денот таа улога ја превземаа купувачите кои успееја да ја зголемат цената и да затворат на повисока цена.  Овие ценовни формации кои се формираат на дното на трендот, обично се сигнал за пресврт на пазарот.  Ако се задржи ова ценовно ниво околу $3900, од тука може да очекуваме пораст на цената и придвижување нагоре.

Авторката е технички аналитичар, CMT, CFTe

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал